1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Premier League 2017/18 (FA Cup, Carabao cup, Championship)

Дискусија во форумот 'Спорт' започната од existence, 13 септември 2017.

?

Кој ќе освои титула?

  1. Манчестер Јунајтед

    16.7%
  2. Челси

    0 глас(а)
    0.0%
  3. Ливерпул

    33.3%
  4. Манчестер Сити

    16.7%
  5. Арсенал

    33.3%
  6. Тотенхем

    0 глас(а)
    0.0%
  7. Некој друг, ќе наведам во одговор

    0 глас(а)
    0.0%
  1. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,612
    Допаѓања:
    5,152
    Бентнер тукушто дал гол вс. Вардар (Мирафци) во Скопје за некаков скандинавски клуб :D каква чест имала тревата на градски да ја гази екс играч на Арсенал. Од друга страна пак, во ЛЕ навистина имаше монголоидни тимови како Вардар кои залутале таму и спротивно на очекувањата, со херојски напори и по цена на голема саможртва успеале да се надминат себеси и да освојат еден цел БОД :frantic
    Со тоа им одговорија на сите оние циници кои предвидуваа нула бодови и симнување на Динамо Загреб како најлош тим во групна фаза на еурокупови евер.
    Што знам, подобро да си обезбедеа место во историјата наместо вака нивниот настап никој нема да го памети, интересно но за Вардар-Мирафци ќе беше подобро да имаа нула него еден и да останеа запишани засекогаш :rofl
    Ееееее бод !

    Вилшер-Бате Борисов 6-0 инаку, а можеше да биде и двоцифрено :pusi за еден гол не успеаа да го стигнат Ливерпул против екс-совјет противници :p
    Ин совјет раша д гол скорс ју :zelen (автоголот од Бате за 4-0)

    Со Нотингем лани играа таму во ЛК беше 1-4 или така нешто, знам Џака даде некој гол од 30м.
    Недела со Саутемптон, незгоден домаќин за Арсенал ама и онака не се тоа што беа.
    Ливерпул-Евертон се очекува Алардајс/Шекспир да направат зулум на Енфилд, испадна дека Куман навистина бил причината за мизеријата на Евертон :unsure
     
  2. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,252
    Допаѓања:
    9,035
    Кристал палас прават чуда и помило е да зборам за нив и за Саутемптон отколку за пластичниот вештачки фудбал на Пеп.
    Арсенал после неколкуте киксови се вратија со победа и се надевам со Вест Хем ќе тепаат и ќе влезат во следна рунда во Лига купот.
    Ливерпул имаат страшен напад кој продолжува да прави чуда. Салах, Фирмино, Кутињо, Мане страшни играчишта. Штета што Клоп некако не може да го најде идеалниот тим и да излезе со цврста одбрана и средина како што прави во нападот.
    Арсенал имам многу да им замерувам, нападот демек ќе се подобреше ако го сменат Жиру ама уште тешко иде. Одбраната и средината се катастрофа. Од утакмицата со Тотнам па навака Озил изгледа ко нов играч.
     
  3. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,612
    Допаѓања:
    5,152
    Затоа сега Санчез почна да се влече, не му се играло повеќе за Арсенал, тоа е таа латино циганерија, слично и Кутињо правеше и сега нешто праи фаци кога ќе даде гол, канибалот кога сакаше да дојде во Арсенал ти текнува :zelen па Нејмар...зема 230К неделно или колку и да беа и пак не му се играло, абе тоа треба со шипка нозе да се кршат ццц...

    Вилшер покажува како се игра за клуб, нема загубена топка.
    Џака треба да го продадат што поскоро, не бидува играч од него, или да го позајмат во Сандерленд, може ќе им се најде за опстанок таму со Ли Катермол и слични по квалитет ликови :kafe

    Ливерпул останува голман-штопери кошмарот кој не успеа да го разреши Клоп, досега Салах изненадување на сезоната, растура.
    Палас и немаат толку лоша екипа колку што тој Де Бур изгледа беше out of his depth...
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  4. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,252
    Допаѓања:
    9,035
    Сандерленд кога ги спомна веќе живнаа малку во Чемпионшип, сврзаа некоја победа и сега се 21-то место и надвор од зоната за излегување.
    Од друга страна Руни се прероди со враќањето во Евертон. Десет голчиња на полусезона, гол на месецот доби за лобот на Харт од пола терен.

    Салах партал прави сезонава, одамна немало ваков играч во лигата што така со леснотија се протнувал низ одбраните. Штета стварно што Клоп уште не најде солидни играчи за да постави стабилна одбрана.

    Санчез не ми се збори. Уште од лани се влечкаше по терен па даде еднаш изјава демек ќе останел ако освоеле титула што никад не ни било прашање дали ќе се случи, на утакмицата со Ливерпул кога ги скршија 4-0 Санчез се смешкаше, рекордер во изгубени топки е моментално. Нека го продаде Венгер ако треба и за два пара шорцеви, подобро да немаш играч што ти ја расипува атмосферата во клубот отколку да го држиш и да му даваш минутажа со цел да го убедиш да остане.
    Вилшер откако се врати од Борнмут игра ко прероден, штета е што ептен е склон на повреди и уште не може да се опушти и при секој старт ко да му се враќаат трауми ама оправдано е тоа. Волкот пример кога се врати после две години бегаше од топка и инстантно се ослободуваше кога му додаваа. Нешто се збори дека Артета е назначен да го замени стариот. Ако ништо друго барем ги познава добро играчите и им беше капитен на пола од нив.

    Палас се подобрија ама не верувам дека е поради Франк де Бур неуспехот нити па дека успехот е поради Хоџсон. Имаа многу добар тим ама многу малку време да се прилагодат едни на други, плус психолошкиот притисок кој се створи со неколкуте утакмици без даден гол (на крај дури 8 утакмици по ред не дадоа гол) и доволно е за јак неуспех.

    Meanwhile The Chosen One чуда прави со Вест Хем. Малку фалеше и Сити да кикснат против Мојс. Една лоша вест за нив е дека најверојатно Ланзини ќе паузира два меча поради ретроспективна казна од панелот за дајвот против Стоук.

    Деновиве се игра Карабао куп, Арсенал игра против Вест Хем вечерва.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,612
    Допаѓања:
    5,152
    Релативно лесно до 1/2 ф. во ЛК, сега три пати со Челзи за месец дена, тоа ќе биде интересно, а утре нормално е најголемото дерби во ПЛ, неприкосновеното Арсенал-Ливерпул. :kafe
    Се очекуваат голови, пресврти, драми, добро би било Џака и Санчез да седнат на клупа а и да се обиде со Дебиши наместо Бељерин нема да биде трагедија.
    Салах и донекаде Мане нема да можат да ги сопрат, не знам на кој начин ќе игра Венгер, подобро нека е ултра-офанзива пошто одбраната на Арсенал тешко со нападот на Ливерпул а од друга страна пак тројката Ловрен-Мињоле-Клаван :wavespin е плодно тло за голови само што Санчез е дно и нема да притисне, Озил може да стане дух нагло, Жиру се повреди, останува Лаказет само и до него треба да доаѓаат повеќе топки и да биде поконцентриран.

    Мурињо се обрука со Бристол Сити, тазе членот на Чемпионшип :zelen го примиле одзади во 93 минута :rofl
    Почнува празничното лудило во Англија, ПЛ, ФА после нова година веднаш и ЛК, ќе има добар фудбал :pusi

    Во другите вести, Селтик после 56 меча непоразени во ПЛ паднаа со стил, ништо не прават половично :cool: и беа изгазени 4-0 вс. Хартс, сомелени, убиени во поим.
    Не успеаа да го достигнат рекордот од 62 меча без пораз од времето на прва светска во лигата (:|
    Очигледно на Роџерс ова му е само како скала за да се качи пак во англиската ПЛ, нема да ме изненади сега да го земат Свонси Сити пошто таму се мотал неколку години.
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,612
    Допаѓања:
    5,152
    ...and they delivered again! :)
    Утакмичиште. Пресврт за 5 минути од 0-2 за 3-2 сеуште немав видено до сега :eek:
    Штета што Арсенал ги преспа првите 52 минути и среќа што Салах немаше ден.(party)
    Секоја споредба меѓу оваа драма и мртвилото Реал-Барселона е на штета на вториот меч и слични несреќи...

    Мурињо повторно го прима во последна секунда, Сити освои, никој не испуштил 13 бода до сега, Њукасл бил рекордер со +12 загубиле титула со Киген или Далглиш порано :unsure
     
    На Makedonec и existence им се допаѓа ова.
  7. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,612
    Допаѓања:
    5,152
    Арсенал се посрамоти со Нотингем Форест, макар да имаше сомнителни пенали, сепак Венгер премногу ги потцени и испадна. Толку беше од одбраната на трофејот. Во среда можност за поправна вс. Челзи, прв пат ќе имало ТВ судија на тој меч (конечно).
    Од другите вести, Ливерпул ја "ошурил" Барселона за 160 милиони евра за Кутињо!?
    84 милиони пак платиле за да го донесат Ван Дајк, селтиково дете :kafe
     

Сподели: