1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Premier League 2017/18 (FA Cup, Carabao cup, Championship)

Дискусија во форумот 'Спорт' започната од existence, 13 септември 2017.

?

Кој ќе освои титула?

  1. Манчестер Јунајтед

    20.0%
  2. Челси

    0 глас(а)
    0.0%
  3. Ливерпул

    40.0%
  4. Манчестер Сити

    0 глас(а)
    0.0%
  5. Арсенал

    40.0%
  6. Тотенхем

    0 глас(а)
    0.0%
  7. Некој друг, ќе наведам во одговор

    0 глас(а)
    0.0%
  1. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,250
    Допаѓања:
    9,034
    Не е толку Мојс крив за поразот колку што во тимот има дрва ко Керол што буквално голот не можат да го погодат.
    Арсенал со Тотнам беше утакмичиште. Тоа е тоа дерби што мора да се добие па ако треба и да се отпадне од лига :D Трчаа ко волови, ко да нема утре играа и ги издоминираа скроз. И нема што Почетино да се лути кога му викаат дека се Хари Кејн тим. Кошчелни скроз ко покри Кејн и во цела утакмица едвај три пати доби топка. Имаше една добра реакција и од Чех, а и чудо беше што Дин (кој е познат по тоа дека се радува на голови на Тотнам) додели поклон фаул од кој падна гол. И без тоа се осеќаше дека виси голот покрај толкав притисок.

    Инаку интересна статистика е дека Питер Крауч има повеќе асистенции во ПЛ севкупно отколку Пол Сколс. :frantic
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,608
    Допаѓања:
    5,147
    Керол немаше шанса, Арнаутовиќ промаши 3-4 150% шанси, макар да и комичниот Гомеш имаше нестварни одбрани. Имаат и многу повреди, може не беше и до Билиќ толку а сега Мојс ако постојано пола тим е надвор од игра.
    Нешто имаше пред некој ден за Казорла, наводно имало муабети за ампутација на стапалото, гангрени и сепси :ladno:ladno:ladno

    Крауч е потценет играч, жирафата е солиден џокер :pusi
    Ливерпул воделе 0-3 и на крај 3-3 со некои циганерии во ЛШ, they will never learn :unsure
     
    На Makedonec и existence им се допаѓа ова.
  3. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,608
    Допаѓања:
    5,147
    Арсенал гостува на некаков си немачки тим со име Келн во ЛЕ, се очекуваат во составот доенчиња а на клупа фетуси и ембриони.
    Нешто се дигна галама демек тие од Келн навијачите биле ултраси, хаце ова она, значи во немачка тек сега ги живеат финтите кои во Англија биле актуелни пред 40 години, правеле зулуми низ Лондон и The Grove...раја не сфаќа дека времето на лудаци, џанаци, ситни кримоси, вечни адолесценти и слична патологија позната како хулигани е минато, дека денес стадионите се место на кое се оди со фамилија, со деца. (иако претеруваат во Англија со сигурноста, ипак не е театар тоа)
    19.00 со пренос низ алеите на стрим пиратеријата :kafe
     
  4. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,250
    Допаѓања:
    9,034
    Венгер исто ко порано успева да им ги спаси кариерите на другите менаџери. Келн во Бундеслига имаат скор од 0-2-10 и гол разлика 4:23, Венгер успеа да ги одржи во борба за плеј-оф. Не дека сакав да гледам првотимци да играат против ваков тим и да се повреди некој ама па можеше да направи некоја понавремена измена и подобра тактика.
    Инаку од минатото коло Ниасе од Евертон е казнет два меча поради дајв со кој доби пенал и израмни против Палас за 2-2 во последна минута од прво полувреме. Од сево ова Палас добија морална утеха.
    Вчера The Chosen One дојде до првиот бод со Вест Хем и се израдува ко лига да освои :D
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Struggler

    Struggler Староседелец

    Зачленет на:
    19 јануари 2013
    Мислења:
    1,727
    Допаѓања:
    983
    Manchester United igra rakovidna igra i groto navivacite na Junajted se obolni i vo napredna faza od nekoj X rak, shto se prenesuva preku TV ili gledanje na stadion.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,608
    Допаѓања:
    5,147
    Нажалост, радоста за идиотскиот немачкиот тим ја донесе измислен пенал, од оние кои не ги свират ниту во мечеви како Напредок Кичево-Вулкан Косел.
    Мојс очигледно е пак out of his depth, Алардајс и Шекспир донесени да го спасуваат Евертон, Пардју во ВБА :kafe а оној французинот во Лестер изгледа им е одлична одлука, повторно делуваат опасно, какви голчиња вс. Тотнем :unsure

    Денес е моментот, пред 2 години некаде во ист период (не знам зошто ми делува дека било како пред 9 години(:|) ја гледавме заедно јас, егзистенс и алтаир утакмицата на Д Гроув помеѓу Арсенал и М.Ј. и само што седнавме, Санчез со пета им даде гол, после следеше потоп и масакр на М.Ј. која игра беше тогаш од Арсенал, ги убија, ги тероризираа :frantic
    Се надевам на нешто слично и денес. :sreken

    Последнава не беше лоша со Вотфорд, имаше добри ствари :pusi
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  7. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,250
    Допаѓања:
    9,034
    Утакмицава беше ролеркоустер. Дефинитивно најдобрата утакмица сезонава. Иако изгубија Арсенал, ваков притисок не сум ги видел да направат. ДеГеа чуда правеше и само поради него тепаа Јунајтед, комотно можеше 10-3 да заврши, 33 шутнати за 90 мин. отприлика просек на секои 3 минути шут. Едино против Сандерленд имаа појака статистика од 36 шутнати. Погба за малку не му ја заврши кариерата на Белерин, за момент ме потсети на моментот кога Едуардо за малку не остана без нога пред 10-тина години.

    @Outrider тоа е тоа, повампирени се против Арсенал.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Struggler

    Struggler Староседелец

    Зачленет на:
    19 јануари 2013
    Мислења:
    1,727
    Допаѓања:
    983
    Spartancite na Mojes ne mozea da izdrzat, i na kraj izdisaa. Glava gore momci, Junajted ce ve osveti!

    Odime jako naredna nedela protiv Sity!!111
     
  9. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,608
    Допаѓања:
    5,147
    Соборил Де Геа некаков рекорд по број на одбрани синс 1888 во една утакмица :ladno
    Комплетно надиграни беа М.Ј. само што дебиластите потези на Кошелни и Мустафи во првите 10 минути беа кобни. Таман си реков Лукаку ќе врати услуга со волеј авто гол :zelen ама и тоа го извади Де Геа некако ццц....па и оној Јанг се разиграл на старост, слободниот од Озил беше, Де Геа укопан во место, овој со глава од гол линија ја спаси, трчаше од жив ѕид назад на линија изгледа осети дека паѓа гол на таа страна :unsure
    Сепак, зависи све од перцепција, затоа си го сакам Арсенал, затоа го поштовам Ливерпул, затоа ми е при срце Селтик, никогаш и со никој не се бранат, нема плачипичкарски срања, нема влечење во 20.минута, тие се такви тимови. Селтик нападна против ПСЖ :D и прва минута гол дадоа па имаа уште 5-6 јаки шанси ама триото Дембеле-Синклер-Форест заедно вреди ваљда 0,3% од она Нејмар-Кавани-Мбапе. И затоа резулатот 7-1 на крај. Да бункерашеа со формација 10-0-0 можеби ќе беше 2-0 или 3-0 само ама никогаш не го прават тоа.
    Додуша и М.Сити се такви само што тоа е резултат на хирови на шеици и трае 10-тина сезони само. Борнмут е на тој пат, свака част на тој младиот менаџер.

    М.Ј. со Мурињо ги врати во ПЛ одамна заборавените цигански финти, бункери и вребањето на грешка како основа на начинот на игра, и тоа со сметка од пола милијарда фунти. За несреќа циганот гаден има ненормална среќа (party)
    Па оној Конте од Челзи иако е талијан форсира неспоредливо подобар фудбал за гледање од циганот...

    Сити нешто паѓа во форма, сепак очекувам во градското дерби да ја решат сезоната.
    Мурињо повторно ќе вреба некоја грешка, нешто бункер 80 минути...како и обично.
    Сумирана пост-Фергусон ерата на М.Ј. = Трошење на трансфери како да нема утре, Де Геа на гол и више срече него памети :kafe
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  10. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,250
    Допаѓања:
    9,034
    Вчера имаше ждрепка за трета рунда ФА Куп.
    https://en.wikipedia.org/wiki/2017–18_FA_Cup#Third_Round_Proper
    Од позначајните:
    Ливерпул - Евертон
    Нотингем - Арсенал
    Јунајтед - Дерби
    Тотнам - Вимблдон
    Сити - Барнли

    Нотингем Форест го нема веќе лордот, го нема ни Хенри Ленсбури како бивши топџии. Таму е останат Траоре кој играше на Емирати пред 10 години, дете на Арсенал што го сфаќаше многу лично ривалството со Тотнам па еднаш заврши зад решетки оти го фатија со боксирач на White Hart Lane. Штета што не доби некоја голема шанса во Арсенал. Беше дел и од срамниот пораз од Јунајтед 8-2 и од тогаш не го видовме на Емирати.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: