1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Premier League 2017/18 (FA Cup, Carabao cup, Championship)

Дискусија во форумот 'Спорт' започната од existence, 13 септември 2017.

?

Кој ќе освои титула?

  1. Манчестер Јунајтед

    0 глас(а)
    0.0%
  2. Челси

    0 глас(а)
    0.0%
  3. Ливерпул

    33.3%
  4. Манчестер Сити

    0 глас(а)
    0.0%
  5. Арсенал

    66.7%
  6. Тотенхем

    0 глас(а)
    0.0%
  7. Некој друг, ќе наведам во одговор

    0 глас(а)
    0.0%
  1. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,583
    Допаѓања:
    5,130
    Арсенал последниве години во 2011 играше финале со Бирмингем Сити, водеше во втора минута и дозволи пресврт со комично-бизарна грешка на Шчесни и Кошелни во инџури тајм, еден лик од Б.Сити им ја украде топката и си даде гол :rofl бруки беа тоа...
    И секако, 2013 кога испаднаа на пенали во 1/4 ф. од тогаш четвртолигашот Братфорд Сити :rofl после 1-1 во продолженија. Братфорд Сити стигна и до финале, патем елиминирајќи 4 ПЛ екипи каде што беше смачкан од Свонси Сити со 5-0 со Мичу и Бони (кој пак се вратил како попче во Свонси гледам)
    Пред таа со Братфорд ја одиграа и најефикасната утакмица евер :pusi во ЛК кога во 1/8ф. губеа 4-0 од Рединг за да во последни секунди Волкот изедначи на 4-4 (Жиру, Аршавин, Шамак, Волкот навална линија:sreken, Кокелан и Мартинез голманот исто ги паметам) и во продолженијата стигнаа до 5-7 победа, нестварни 12 гола и нестварен пресврт.
    Друго на Енфилд коа го тепаа Ливерпул 3-6 со Бенитез, кое утакмичиште беше тоа :unsure
    Во основа и не е важно кое такмичење е, важен е јакиот фудбал по кој беше познат Арсенал до пред пар сезони, секако дека е подобро драмиште како тоа со Рединг отколку некоја meh утакмица во ПЛ како со Брајтон последнава...

    Порано имало Бритиш куп во кој играле ПЛ шампиони и ФА куп победници на Англија и Шкотска, одржан е 20-тина пати во разни формати, во 19.век бил наречен Светски Куп уште пред да има лиги, победниците на ФА од двете земји играле за најјак тим на светот :svirka (што и било реалност пошто надвор од островот фудбалот бил во повој)
    Велс и С.Ирска како земји со тотално аматерски лиги не се прикладни за таков куп пошто ќе губат со двоцифрени, Шкотска лига е ужас иако е профи а не пак овие со рекреативци (да не го заречам Селтик кој го избриша подот со Андерлехт во Брисел (inlove))
    Тука беа и обидите Селтик и Ренџерс да се префрлат во Англиска ПЛ, Тони Блер нешто фураше дури таа идеја, ама ништо од тоа :(

    На ред се опскурните англиски купови.
    Во Англија, 1-4 лига се комплетно професионални клубови со сите стандарди кои треба да ги исполнат за тоа, играчите живеат само од фудбал.
    5-8 лига (Конференција и надолу) се полупрофесионални по дифолт (иако имало и де-факто профи во Конференција) и имаат свој пандан на професионалниот Лига Куп а тоа е ФА Трофејот во кој играат 276 семи-про клубови каде што играчите обично имаат и додатна парт-тајм работа.
    Во 1969 ФА ги признала семи-про играчите како посебна категорија различна од профи и аматер поделбата која важела дотогаш.
    1969/70 финалето на стариот Вембли го добиле Меклсфилд Таун (кои пред 15-тина години играа со Манчестер Сити во трета лига:rofl) со победа над Телфорд Јунајтед со 2-0.
    Актуелен победник се Јорк Сити, екс-лигаши кои го тепале истиот Меклсфилд (кој падна на ниски гранки) со 3-2.

    9-16+ лига се тоталните аматери каде што не земаат пари за игра него то је из чисте љубави и рекреације :D
    И тие си имаат свој пандан, ФА Вејс каде што играат сите тие диволигаши, финалината и на овие купови се на Вембли.
    Така што бизарно, може 10-то лигаши да играат пред 20К гледачи, ситуација незамислива било каде освен на островот. Се игра од 19.век.

    Победници на ФА Трофејот се следните :

    3 - Скарборо, Вокинг, Телфорд Јунајтед
    2 - Стивениџ Бороу, Меклсфилд Таун, Јорк Сити, Алтринхем, Стафорд Ренџерс, Бароу, Грејс Атлетик, Кингстониан, Викомб Вондерерс, Енфилд Таун
    1 - Кидерминстер Хариерс, Нортвич Викторија, Рексам, Кенви Ајленд, Дагенам енд Редбриџ, Халифакс Таун, Норт Фериби Јунајтед, Кембриџ Јунајтед, Дарлингтон, Ебсфлит Јунајтед, Хенсфорд Таун, Барскоу, Јовил Таун, Челтенам Таун, Колчестер Јунајтед, Велдстон, Бишопс Сторфорд, Метлок Таун, Морикемб.
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,583
    Допаѓања:
    5,130
    На последното финале на аматерскиот Куп на Вембли имало 38.224 раја со платени влезници :frantic во пресметката помеѓу деветолигашите Саут Шилдс и Клиторпс Таун :D

    Да се соборат сите продадени влезници во цела сезона во сите лиги во Хунзистан не верувам дека ќе има над 38.224 :pusi
    Но тоа е сепак само бледа сенка на рекордот од 110.000 на стариот Вембли кога играле некакви аматери во финале.

    Во 1896 започнал да се игра скроз аматерскиот национален куп на Англија.
    Богатите размазени играчи од приватните факсови кои им било "испод чест" да играат за пари се здружиле со рекреативците од сите нивоа и светот дошол овој куп. Во почетокот епипи како Олд Картузијанс или Коринтианс (према кои е именуван и еден славен бразилски клуб) знаеле да ги искинат профи екипите од ПЛ на разни турнири :D
    Џилберт Смит било името на првиот фудбалски суперстар во светот, играч кој останал аматер и покрај понудите од пола ПЛ за во тоа време рекорден износ...но типот немал потреба од пари и не се замарал.
    Капитен на Англија и на Коринтианс, познат е и по демолирањето на Германија со 12-0 :svirkaкако и на најбрзиот хет-трик во репрезентативен фудбал кога на Ирска им дал 3 гола за пет минути.

    Победници (69) на овој 121-годишен куп се следните тимови :

    10 - Бишоп Окленд
    5 - Клептон, Крук Таун
    4 - Далвич Хамлет, Витли Беј
    3 - Бромли, Хендон, Лејтонстон, Билирики Таун
    2 - Енфилд Таун, Илфорд, Лејтон Пенант, Мидлзбро :frantic, Олд Картузијанс, Пегазус, Волтамстоу Авенју, Тивертон Таун, Халисовин Таун, Бриг Таун, Норт Шилдс
    1 - Коринтианс, Барнет, Бишопс Сторфорд, Ројал Енџиниерс, Кингстониан, Лондон Каледонианс, Нордерн Номадс, Олд Малвернијанс, Оксфорд Сити, Госпорт, ФК Шефилд (cake) , Скелмерсдејл Јунајтед, Саут Бенк, Волтон енд Хершам, Велдстон, Вест Хартлипул Атлетик, Вилингтон, Вимблдон :kafe, Вокинг, Викомб Вондерерс, Стемфорд, Тонтон Таун, Бридлингтон Таун, Гисли, Саут Шилдс, Морпет Таун, Шолинг, Спенимур Таун, Данстон, Киркам енд Вешам, Труро Сити, Нантвич Таун, Дидкот Таун, Винчестер Сити, Дил Таун, Витби Таун, Ерсли Таун, Дис Таун, Вимборн Таун, Јидинг Јунајтед, Тамворт, Колн Дајнамос, Сент Хеленс Таун, Станстед, Рагби Таун, Форест Грин Роверс, Викам, Њукасл Блу Стар, Ходесдон Таун.

    Мидлзбро ги минал сите три фази, бил и аматерски и семи-про а сега е фул професионален тим.
    ФК Шефилд, најстариот постоечки клуб на светот го освоил единствениот трофеј во своите 160 години токму преку овој куп, со тоа оставајќи го Кристал Палас како најстар клуб кој нема освоено ништо, а после поразот пред две сезони во финалето од ФА од М.Ј. иако водеа, изгледа ќе мине уште пола век додека да освојат нешто.

    Наредни се ЕФЛ трофејот како најмалку битен куп и британските купови.

    П.С. Англија тукушто се пласира на СП после неуверлива игра и победа во 90+ вс. Словенија а Шкотска може да се добере до бараж пошто од 4-то скокна на второ со победа над Словачка. Мистеријата на пронаоѓање дно од менаџери продолжува.
    С.Ирска е веќе во бараж, Велс и Р.Ирска имаат шанси сеуште.
     
    Последна промена: 6 октомври 2017
  3. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,234
    Допаѓања:
    9,014
    Мене изненадувачки ми е колку Алиоски го прифатија во Лидс Јунајтед, па имаше дури и илјадници фанови кои што ги гледаат репрезентативните утакмици и се молеа да не им се повреди.
    Нешто се шушка дека Лаказет го наговарал Гризман кој што му е најдобар пријател да му се придружи во Арсенал иако искрено ми е незамисливо. Би сакал да се изгради повторно француско јадро во тимот затоа што некако Венгер најдобри резултати покажува кога има вечина французи во тимот. Англиското јадро со Гибс, Волкот, Велбек, Вилшер, Џенкинсон, Чембрлејн не даде никакви резултати и го уништи стилот по кој Арсенал беше препознатлив. На сето додај ја и пасивноста на Озил, „спринтот“ и дриблингот на Жиру и ете ти тим кој едвај опстанува во топ5.
     
  4. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,583
    Допаѓања:
    5,130
    Измеѓу нив беше генерацијата на Аршавин, Шамак, Алмуниа, Сонг, Денилсон, Бентнер, Диаби, Џуру, Скилачи и другите, падот почна со намаленото трошење после стадионот и со губењето на осетот на Венгер за млади таленти па така мислеше дека и од Саного ќе бидне нешто :cool:
    Додуша кој би знаел, Аршавин од почеток делуваше како светски играч после се изгуби, исто и Бентнер кој и покрај тоа што денес се смета за шега беше неспорен талент, Сонг повредите, Диаби повредите...
    Инаку Жиру 100 гола за Арсенал.

    Не е до јачината на составот во Арсенал, нешто е друго во прашање што никој не го знае надвор од соблекувална, џабе се шпекулира по медиуми, не може една утакмица да играат феноменално а наредна како монголоиди кои штотуку отвориле канистер со солзавец...нешто не е во ред.

    П.С. Исланд отиде на светско :frantic
    Иако не сум фан на нивниот стил на игра и ме иритира, сепак мора да се оддаде признание на постигнатото, ЕП 1/4ф. и сега во следен циклус директ СП како први во група :unsure
    пред некое време ја тепаа Кина во пријателска 0-2, Исланд 335.000 жители, Кина 1.365.000.000, 4074 : 1 како почетна база за играчи:pusi настрана што фрлаат милијарди долари во фудбал последниве години, какви ретарди ццц

    Италија и Аргентина да не се пласираат би било комично :gladen
     
  5. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,583
    Допаѓања:
    5,130
    Има клубови кои скоро никогаш не играат во Европа, ретко кога ќе догураат до крајните фази на ФА или Лига купот и затоа играле многу помалку мечеви него ПЛ тимовите. А бидејќи таквите екипи земаат симболични суми од ТВ права и остваруваат најмногу пари од продадени влезници и играчи, следел сојуз на 3 и 4.лигашите и оформување на свој куп, за да играат повеќе мечеви и да соберат некоја пара повеќе.
    Нив подоцна им се приклучиле и некои од У-23 тимовите од ПЛ и Чемпионшип за собирање искуство, некој еквивалент во другите лиги е тоа што има Б-тимови, како во Шпанија или Немачка кои играат во втора лига и не смеат да се промовираат во прва.

    Инглиш Футбол Лиг Трофи е основан во 1983 и денес играат 64 клуба поделени во 16 групи. Првите две од секоја група одат во следна фаза и оттаму по нокаут систем се до финале. Првото се играло помеѓу Борнмут и Хал Сити (2-1) пред само 7.000 гледачи, за да оваа година во финалето на Вембли, Ковентри Сити го совладал Оксфорд Јунајтед со 2-1 пред 75.000 раја :franticМоментот кога два четвртолигаши играат пред 75К публика е можен само на островот и никаде на друго место.
    Од друга страна ова такмичење овозможува надеж за трофеј на екипи кои не можат да сонуваат за ПЛ, ФА, ЛК или скраја да е, еуро-трофеи.

    Овој вид куп е наследник на сличен кој бил основан пред ратот со иста цел, но не ја преживеал војната 1939-45.

    Победници (35) на овој скромен куп се следниве :

    3 - Бристол Сити
    2 - Честер Сити, Ротерам Јунајтед, Ковентри Сити, Борнмут, Карлајл Јунајтед, Бирмингем Сити, Блекпул, Порт Вејл, Стоук Сити:showoff, Свонси Сити:unsure, Виган Атлетик
    1 - Саутпорт, Брадфорд Сити, Ексетер Сити, Бристол Роверс, Вотфорд, Милвол, Рединг, Болтон Вондерерс, Честерфилд, Гримзби Таун, Транмер Роверс, Барнсли, Кру Александра, Донкастер Роверс, Лутон Таун, Менсфилд Таун, Милтон Кејнс Донс, Питербро Јунајтед, Саутемптон :kafe, Вулверхемптон Вондерерс, Рексам, Дарлингтон, Стокпорт Каунти.

    Најголеми баксузи со по три изгубени финалиња и нула трофеи се Брентфорд и Саутенд Јунајтед.
     
    Последна промена: 15 октомври 2017 во 22:55
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  6. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,234
    Допаѓања:
    9,014
    Boooooring boring Man United. Кое досадно дерби со Ливерпул тоа чудо некое.
    Кристал палас кој кам бек, го тепаа шампионот 2-1 (добро Азпиликуета автогол ама ипак победа си е победа) и со тоа Челси полека губи чекор со Сити.
    Од друга страна Сити 7-2 со Стоук, тим кој што важи за ултра-дефанзивен и полн со копачи ко Шокрос. Лестер се извлече со ВБА откако примија стварно добар гол од слободен удар. Арсенал тамам ќе ги пофалиш и стариот ќе направи глупост, пресврт на Вотфорд поради глупавите измени на Венгер и делумно поради тоа што судијата досуди непостоечки пенал кој што против Чех значи сигурен гол.
    Спарси конечно ја разбија клетвата на Вембли минимално 1-0 против Борнмут.

    Во Чемпионшип Астон Вила заостанува еден бод зад Лидс кои се на шесто место, Сандерленд се пред распад и имаат една победа во 12 утакмици. Вулвс и Кардиф избија на врвот после поразот на Шефилд Јунајтед. Би сакал да има уште еден Велшки тим покрај Свонси и легендите од Лидс повторно да заиграат во Премиер.
     

Сподели: