1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Premier League 2017/18 (FA Cup, Carabao cup, Championship)

Дискусија во форумот 'Спорт' започната од existence, 13 септември 2017.

?

Кој ќе освои титула?

  1. Манчестер Јунајтед

    11.1%
  2. Челси

    11.1%
  3. Ливерпул

    33.3%
  4. Манчестер Сити

    11.1%
  5. Арсенал

    33.3%
  6. Тотенхем

    0 глас(а)
    0.0%
  7. Некој друг, ќе наведам во одговор

    0 глас(а)
    0.0%
  1. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Ќе отворам деновиве, да ги објават составите сите екипи :kafe

    Секако дека е достигнување тоа од Салах но не треба медиуми да се расфрлаат со поими како "рекорди" за бројки кои што тоа не се, ако во минатото одбраните биле пресирови со копачи и касапи тогаш достигнувањата на некогашниоте стрелци се уште позначајни :)
    Денес може да падне гол и од минимален контакт, дајв, топките се далеку полесни за контрола (пластифицирани да не примаат вода и влага) но разликата е што од 1996 бројот на ПЛ екипи се намалил од 22 на 20 т.е. од 42 на 38 кола што значи 32 гола на Салах треба да се помножат со фактор 1,1 за да се добие еквивалент на цифра од пред тоа, 32=35 ама и тоа е далеку од некогашните игри и ефикасности. Не знам кога беше нешто случајно слушнав дали Игуаин или кој беше, соборил рекорд во Сериа А ама таму го сметале како што треба значи од пред 50-60 години е сега разликата е што во Англија има двојна статистика, еднаш на утакмица кажуваат колку пати имале меѓу себе играно во "ерата на ПЛ" (since 1992) противниците и по пет минути коментаторот продолжува и така драги гледачи екипа Икс нема победа над Ипсилон на овој терен од 1973 :facepalm2:patos а сето тоа ради доближување до ТВ гледачите. Ок си е тоа, само треба да се знае што е што, или Ливерпул има 0 или 18 титули, или е Ширер најдобар евер со 34 или е Дикси Дин со 60, вака е шредингерова мачка :kafe

    Не знам од кај се избаци овој Емери:eek, тотално ми е непознат, немаше никакви шпекулации за него и нагло го објавија сега :unsure
    Сега што читам површно наводно форсирал напаѓачка игра и имал освојувано нешто ЛЕ и со ПСЖ низ Франција, дали Артета го сметаа за преголем ризик или што беше којзнае...
    Не знам дали да сум за или против ликот пошто ми е скроз непознат :unsure
    Важно да има јаки утакмици и да му удри клоца во газ на Озил и остали црева да почнат да трчаат конечно, ќе видиме, во секој случај чудна и неочекувана одлука на Арсенал. И важно не е тој жабарот од Лимонтус или наказата Симеоне, тоа ќе беше крај...
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Помина уште една фарса, т.е. финале на ЛШ каде што повторно дојде до израз разликата во перцепција северно и јужно од Ла Манш.
    Јужно, поточно некаде по ибериските села и ливади сеуште цивилизациските дострели се сведени на оние кои се типични и за рандом хунза, качак, четник, балија, селџук а тоа се превара, дајверство, читерство, корупција, насилство и слични методи. Можеби е тоа одраз и на општествата на спортски терен, кој би знаел?

    Како што пишуваше дека во финалето на ЛЕ, наказите и циганите намерно го повредиле Паје како најдобар играч на противникот при што исходот бил решен, така и вчера во ЛШ намерно и цинично беше повреден најдобриот играч на Ливерпул со цел да биде отстранет од терен. Тоа надополнето со провокации, влечење и задржување време е само израз на разликите.
    Паје и Салах ќе ги нема на СП поради циганските насилства, но тоа е само последица на толерирањето на такви срања а тоа произлегува веројатно од корупција. Некаков четнички морон судеше финале. Ок...
    Немаше ниту картон и ниту фаул (?!) при дешавката со Рамос и Салах.

    Кога човек ќе помисли дека возрасни мажи се фаќаат за фаца пуштаат крици и се прпелкаат по трева со цел да направат нешто на терен, го фаќа туѓ срам (ситуација Мане и Рамос), а лактот во глава кој го прими Кариус пред да го направи ултра киксот е реалност, кој можеби може а можеби и не може да ги оправда аматерските реакции при два од трите гола на циганеријата.
    Тоа што таквите потези се толерираат и охрабруваат доволно кажува. Наместо црвен=титула.

    Старото клише дека парите нема да направат принц од сељак повторно се повторуваат.
    Реал и слични канализации, колку и да имаат пари, секогаш ќе останат шибицари, пацерај, циганерија.

    Како што реков, решение, иако утопистичко, е одделување од еуро-куповите и наголемување на ПЛ на 24 екипи со евентуално додавање на глазговкото дуо при што би се добила и тоа каква инфузија од интерес и зголемени цени на тв-права. Макс. 7 играчи од нон-бритиш потекло во комплетен состав (7 од 30+ регистрирани) и тоа е тоа.
    Воведување на ТВ технологија и евентуална еволутивна промена на некои правила (50цм+ за ширина и 20цм+ за висина на гол поради драматичната разлика помеѓу висината и физикусот на голман од 1848 кога овие димензии биле пишувани), агресивен маркетинг на стварање имиџ на The Premiership (1st tier) што веќе и постои одамна, но и на The Championship (2nd tier), The Association (3rd), The Alliance (4th), The Conference (5th), заедно со ФА и Лига куповите и враќање на Британскиот куп каде што би играле победниците на островските лиги и купови за Грен Слем титула. И повеќе од доволно за да се елиминира влијанието на еуро-куповите.
    Во еуро-купови нека праќаат У-23 состави и готова ствар.
    Разликите во перцепции се преголеми.

    Но, наместо тоа ќе гледаме возрасни мажи како прават фаци како мајка им да и пикнале кашикара во уста при пола метар растојание со противникот...
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  3. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Шта речи за финалето. Рамос е еден од оние играчи за кои викаш „Да бев на терен ќе му ги скршам двете нозе па ако треба и затвор ќе лежам“. Таква гнаса од играч тешко да има. Дури и Диего Коста не е ко Рамос. Му удри лактица на Кариус, Салах со боречки зафат го тресна од земја (искрено се чудев како не му е скршена раката на Салах) и ни картон не доби. И да било само оваа утакмица такво нешто ај да опростиш ама вакви играчи ти ја убиваат желбата да гледаш фудбал. Т.е. не само играчите туку и судиите кои немаат критериум туку пристрасност. И сега некој ќе каже дека си пластичен фан што пишува по социјални мрежи Пеналдо, Уефалона и слични досетки ама суштината е дека во ЛШ не се игра фер фудбал и си има фаворити за кои важат други правила. Ете најсвежо ланското финале црвениот на Квадрадо (добиен поради Рамос :)) додека касапи кои нога може да ти скршат ни фаул не им судат. Општо шпанските тимови воопшто не ги сакам само поради тоа што премногу глумат и понекогаш помислуваш дека целата игра им се базира на изнудување фаул. Арсенал - Атлетико од сезонава едно време арсеналовци застанаа во место затоа што овие сењоритките почнаа да паѓаат ко покосени без допир. Реал - Баерн исти случај, почнаа да шпанците да се валкаат по терен ко снајперисти да ги гаѓаа. Не знам како некој може да прати лига полна со такви ликови во која се негува дајверство и се смета за врвна особина.

    Сезонава трансфер периодот во Англија започнува порано, веќе е започнат и ќе заврши порано некаде средина на август. Исто така меѓу новитетите е најавено 2020-та да има зимска пауза што ќе го убие задоволството да се гледа фудбал цел ден. Демек играчите се жалеле напорно било, разгалени примадони со 100К+ фунти неделна плата.

    Не е лошо такво нешто, кога веќе е споено со Велс зошто да не и Шкотска па и С. Ирска и реп. Ирска (мада овие вторите поради гордост не верувам да прифатат такво нешто и ќе се пењават како кралицата им го заробила и фудбалот). Нешто ко турнир 32 тимови може да организираат дури ако не проширување на 24 тима.

    Нешто се шпекулира дека Абрамович изгубил виза и ќе ги повлече сите инвестиции од Челси, стадионот е веќе стопиран и ќе видиме како ќе се заврши. Претпоставувам Челси ќе ги дочека пак времињата на Раниери и Виали. Фали уште Хазелбенк да го стават за тренер и Ѕола директор :D
    Арсенал со Мислинтат пола Б.Дортмунд ќе ја донесат на Емирати. Лихштајнер и Сократис се новите шпекулации, некое 17 годишно дете од ПСЖ што Емери го тренирал и чат пат уште по некое заборавено име ќе прелета. И пак се сведува дека не беше проблемот само Венгер туку поголем проблем беше Кронке кој што клубот го гледа како ранч за жнеење пари.

    Истиот ден кога се играше финалето ЛШ, се одигра и 200 милионскиот меч кој го донесе третиот тим во ПЛ. Астон вила - Фулам, две полувремиња и шизофренични тимови. Прво полувреме Фулам целосно доминираше, постигнаа гол поради една глупава грешка на одбраната на Вила и буквално не ги пуштија од центар да поминат. Второ полувреме обратна ситуација, Фулам топка не допреа и Вила напаѓаа цело време но без резултат. Фулам е новиот премиерлигаш и си добива 200 милиони, а исто така ако веднаш излезе од ПЛ наредни 4 сезони ќе добива исто толкава сума од ФА.
    Вила после поразот буквално се распадна. Тери најави дека си оди, Снодграс такоѓе, Грилиш веројатно ќе премине во ПЛ и не гледам со кој кадар планираат да се вратат Вила во ПЛ.

    Да помине свецко па нова сезона и се надевам ќе ни се придружи уште по некој островјанин :)
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: