1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Premier League 2017/18 (FA Cup, Carabao cup, Championship)

Дискусија во форумот 'Спорт' започната од existence, 13 септември 2017.

?

Кој ќе освои титула?

  1. Манчестер Јунајтед

    12.5%
  2. Челси

    12.5%
  3. Ливерпул

    37.5%
  4. Манчестер Сити

    12.5%
  5. Арсенал

    25.0%
  6. Тотенхем

    0 глас(а)
    0.0%
  7. Некој друг, ќе наведам во одговор

    0 глас(а)
    0.0%
  1. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,669
    Допаѓања:
    5,201
    Њукасл опстанаа, брат ми е нивни навивач :pusi им требала уште една победа за теоретски да обезбедат. Според составот со кој располага Бенитез сепак заврши ок работа оваа сезона, наредната ќе мора да купуваат барем 3-4 играчи. Шелви ќе го земале на СП :unsure

    Чарли е нешто како Варди без среќа, се проби до ПЛ преку нон-лиг конференции таму диви лиги, секогаш имам респект за такви играчи, штета што го осакатија во ЛЕ кога беа Саутемптон со некакви израелци ли беа година и кусур аут, уште 2-3 повреди и отиде кариерата, сепак има добри моменти како она кога им пресуди на М.Ј. на Олд Трафорд ццц Сотон од тоа ниво и ЛЕ дојде до испаѓање, се заеба Куман што си отиде, оној џинџерот од Барнли го бараа ама не отиде, знае дека нема да е успешен како што е сега.
    Затоа е безвеза еуро купови кога се игра со некои такви екипи, играле таму во Израел или Кипар или Словачка и најсветлиот момент евер им е ако им гостува некој рандом тим од појаките лиги како Сотон и ќе остават душа на терен, летаат копачки, кршат нозе (како оној Шо кога на две места му ја скршија му висеа коските во чорапот ццц :ladno ) прв и едини пат играат пред 30К+ гледачи, после ќе си се вратат во својата лига во која во просек има по 95 гледачи со платени влезници.

    Велбек ми е безвеза што го исмеваат фановите на Арсенал на тоа Фан ТВ, ајде за тоа болест/синдром како и да е ама ако постои редослед на исмевање треба да е меѓу последните, шиптариве на пример се далеку полоши во однос цена/плата и употребливост ама тоа е...

    Не беше офсајд Сане пошто Милнер последен играше ама не беше лесно да се види тоа освен на снимка после 3-4 пати, имаше сомнителни одлуки на штета на Сити но тоа не беше решавачко, Ливерпул го доби двомечот во првите 45 минути од 180-те, останатото беше само одработување, макар да кога падна гол во втора минута од оној типот бразилецот што личи на цртаниот лик Чарли Браун од Снупи со веѓите кога прави фаци :rofl беше малку критично но после тоа едно 20 минути Сити не знаеа што да прават со топката. Ловрен кои утакмици ги изваде вс. Сити не е нормално ццц ништо не помина од негова страна :eek:

    Реал-Ливерпул би било интересно наредно коло...
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  2. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,381
    Допаѓања:
    9,077
    Арсенал - Атлетико
    Марсеј - РБ Салцбург
    На Марсеј им се падна задачата да ги елиминира овие редбуловските тимови. Инаку ако и двата тима на РБ обезбедат пласман во ЛШ (или ЛЕ) едниот од нив ќе мора да се откаже од пласманот затоа што не е дозволено тимови со исти сопственици да се натпреваруваат во исто натпреварување по групи.
    Арсенал во Русија очекувано, влегоа скроз изладени без жар да победат и таму. Примија два глупави голови после одбиени топки и на крај Елнени ги стави во сенка сите други и со две асистенции директно допринесе за намалување на притисокот од примање трет гол и после веројатно тежок бункер. Дани Велбек одличен дриблинг и дупли пас со Елнени, смирен финиш и повеќе ништо не е исто затоа што на 20 минути до крај ЦСКА треба да даде уште 2 гола за продолженија. На мечов потфрлија сите, Рамзи уште рано некаде 30-та минута при еден старт доби расекотина на ногата, прегеска видов докторите го средиле таму го шиеле го хефтале битно издржа 90 минути со расекотина на ногата. Вилшер го снема, скроз затаи, одбраната не можам веќе да ги критикувам, едно те исто излегува да зборам. Лаказет не би рекол дека потфрли со оглед на тоа што за тие 70 минути кои беше на терен имаа буквално 3 шанси кои му ги креираа. И ме нервира Венгер што не го остави човекот една утакмица да ја доигра, увек го заменува 60-70та минута.

    За тоа фан-тв јас не ги пратам толку многу, обично може да пуштам да го слушнам тој Graham кој што ептен убаво зборува наместо досадните што само кенкаат и скокаат и мењаат мислење од утакмица на утакмица. Каков синдром имал Велбек, зашто да го исмеваат? Велбек си е талентиран дечко ама му фали завршницата и не можеш да си на сигурно со него. Некогаш може да има завршница ко сношти или ко тогаш со Јунајтед кога ги елиминираше од ФА буквално пред очи кога му ја собра на деГеа, ама може да промаши и гол од 2 метри, да промаши топка, да се сплетка во нозете и сл.

    За двомечот со Атлетико поделени мислења, некои мислат дека баш во двомеч може да ги пројде Арсенал демек поправна утакмица има, други пак сметаат оти во финале е подобро оти Атлетико немаат шанса за поправен. Јас сакам само трофеј, финале или полуфинале со нив не ми е битно што е.

    Деновиве нешто кружат гласини за Фелаини да дојде во Ливерпул ко замена за Емре кој дефинитивно си оди. И Јирген Клоп е она што треба да биде Венгер. Со малку пари направи јак состав, го засили убаво и ја стабилизира одбраната со Вирџил па здравје наредна сигурно ќе атакува на титула во ПЛ.
    И кога го спомнав Ливерпул, Кутињо кој што си замина за да освојувал титули со Барса титула да не види освен оваа што и онака ќе ја освоеја и без него.
     
  3. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,381
    Допаѓања:
    9,077
    Вечерва евреите против нафташите, дерби кое може дополнително да го одложи славењето на Сити. Ќе биде интересно на крај од готово вересија да направи Пеп иако за тоа шансите се речиси непостоечки, исто како и шансите Арсенал да се врати во топ4. Уште 6 утакмици до крај за да надокнадат 13 поени и Венгер и Хозе треба да се случи чудо и да се убијат од губење Сити и Тотнам/Ливерпул. Њукасл ќе бркаат теоретско останување во ПЛ против Арсенал и типувам дека ќе заврши нешто 2-1 за Касл. Саутемптон против Челзи ќе брка опстанок, Вотфорд против Хадерсфилд за доаѓање до онаа граница од 40 поени за опстанок. Во Хадерсфилд, не сум спомнал до сега, игра синот на Пол Инс и прилично добро игра детето. Треба и него да му се укаже некоја шанса од поголемиве клубови. Го пратев кога беше во Нотингем (после Арсенал, втор омилен клуб ми се) и добро играше таму само што во тоа време го имаше Хенри Ленсбури пред него па реализацијата по неговите додавања очекувано слаба. Мое мислење е дека заслужува некоја поголема шанса од Хал, Хадерсфилд, Нотингем и сл, late bloomer што би рекле.
     
  4. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,669
    Допаѓања:
    5,201
    Osgood-Schlatter disease

    https://www.arsenal.com/news/news-archive/20150624/welbeck-early-problems-made-me-a-man

    Нешто со зглобовите и мускулатура било, hence бамби :zelen
    Најјак на фан-тв ми е оној еден низок црнец кој е манијакално-фанатичен обожавател на Венгер, кога бара оправдувања за поразите :rofl Венгер му е нешто ко Ким Ил Сунг на Севернокорејците, безгрешен :zelen

    Не верувам М.Ј. да продадат директ играч на Ливерпул, Емре Џан испадна гомце и тој симулирал нешто повреди ко Кутињо. Порано беше Пол Инс кој го спомена играше за М.Ј. и за Ливерпул ама измеѓу мислам беше во Интер или така нешто, не беше директ трансфер :zelen А во обратна насока се памети лицето Овен М. Вчера дал гол во 90.мин. син му на Инс за голем чекор кон опстанок на Хадерсфилд.

    Очекуван пораз денес и покрај ок почетокот, се гледаше дека Њукасл е помотивиран и на крај си изборија опстанок па чак може на крај да бидат околу 9.место :unsure Тој малиот Вилок многу импресиониран од настапот, утре сигурно има писмена а треба и домашно да пише вечерва :kafe

    Арсенал ова ќе му биде шесто полуфинале во ЛЕ и еквиваленти, досега играл 5 пати во 1/2ф. и сите 5 ги поминал, нема испаднато во таа фаза.
    Последен пат во 2000 тепале во 1/2ф. против Ланс од Франција 2-1/1-0 а во финале 0-0 на пенали изгубија од Галатасарај, паметам дно утакмица беше :zelen

    Пред тоа 1995 ги поминале Сампдорија во 1/2ф. со 3-2/2-3 на пенали 3-2 за да загубат во финале вс. Сарагоса 1-2.

    1994 го поминале ПСЖ 1-0/1-1 и освоиле во финале вс. Парма 1-0.

    Во 1980 вс. Јувентус пролаз 1-1/1-0 и пораз на пенали 4-5 во финале 0-0 со Валенсија.

    1970 во 1/2ф. со Ајакс 3-0/0-1 а финале тепале 3-0/1-3 со Андерлехт.

    Ќе бидат интересни утакмици и за Арсенал и за Ливерпул, се надевам на тоа супер-хипер-мега куп во август таму да играат меѓусебе, тоа би било нешто :pusi
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,669
    Допаѓања:
    5,201
    Во другите вести, Селтик го измасакрира Ренџерс со 4-0 на Хемпден Парк (inlove)

    Мурињо имбецилот после неочекуваната победа над Сити на гости и одложувањето на круната, одолеа чак цела недела и загуби ДОМА од ВБА кои се со една и пол нога во Чемпионшип со што Сити и официјално е новиот ПЛ шампион. Вчера Сити сепак со доминација на гости вс. Тотнем докажа дека не се толку паднати во форма колку што Клоп им го земаше здравјето на три наврати :D

    Шампионот официјализиран, ВБА со првата победа од Септември наваму :facepalm2:patos:zelen останува теоретски во ПЛ на 5 кола и 9 бода за спас до крајот. Е тек тоа би бил мега шок, да нанижат сеа пар победи и до даска да се издраматизира ситуацијата.
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  6. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,381
    Допаѓања:
    9,077
    Одбраната на Арсенал шта речи. Оној Монреал ич не го сакам, не знам што гледаат толку во него ко играч кога скроз погрешно се позиционира и погрешно се мести отварајќи простор. Двајцата овчари би ги донел на Шара со по едно стадо. Не е нормално таква одбрана да имаш и да си 6-то место, овие се најбедната одбрана откако јас ги гледам Арсенал. Сиган и Сквилачи се Малдини и Неста за овие сега. Оној Стив Булд јас не знам што ги тренира, на корнер не знаат да се постават, примаат голови од одбиени топки, скоро секоја нафрлена топка е 80% гол. Не ми е воопшто криво за поразот, Рафа заслужува да си остане во лигата (дури и резултат погодив :cool:) ама барем да покажеа малку желба за игра.

    Хозе е болен лик, ги тепа Сити со пресврт и губи од ВБА :facepalm2

    Инаку Сити не се воопшто паднати, тоа со Јунајтед им беше на несакајќи изгубена + судиски грешки. Секој менаџер си има слабост, ете на Пеп слабост му е кога игра против Клоп. Во бундес памтам нон-стоп го тепаше, еве и тука во Англија мислам дека само еден пораз има од Гвардиола.

    Волверхамптон се првите нови премиерлигаши, останува да видиме кој ќе излезе и кој ќе дојде. Опасна борба има за опстанок :zelen
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  7. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,381
    Допаѓања:
    9,077
    Манчестер Сити и официјално ја имаа најглупавата шампионска прослава (иако се вадат демек тоа само за реклама било). Никаков жар кај фановите, нити па нешто посебно кај играчите. И како да не ги кажеш дека се пластичен вештачки клуб?
    PFA излегоа со тимот на сезоната 17/18 кој изгледа вака:
    de Gea
    Walker---Otamendi-------Vertonghen----Alonso
    Silva----------De Bruyne---------Eriksen
    Salah------Kane------Aguero​
    Не знам само како Агуеро заслужи да биде тука. Пример можеше да биде лани или полани кога стварно растураше, годинава дури не е ни стандарден првотимец ама за да му се оддолжат изгледа за претходно. Фирмино на пример имаше многу посјајна сезона од него, Сане исто па дури и Заха мислам дека подобро се покажа сезонава.

    Инаку последнве 10тина дена Хари Кејн јаде јак сеир затоа што во обид да го стигне Салах подадоа жалба до ФА да му го препишат нему голот на Ериксен против Стоук и ФА прифатија. Се колнеше дури и во ќерка му дека ја допрел топката за да биде гол. Ептен брука е тоа за некој што сака да биде најдобар стрелец.

    Инаку во Чемпионшип само Волвс имаат сигурен пласман во Премиер. Кардиф(83), Астон Вила(82) и Фулам(79) се во борба за второто место кое води директно во Премиер. Борбата за плејоф е од 11то место па нагоре вклучувајќи ги Дерби, Шефилд Ј., Брентфорд, Бристол, Милвол, Мидлсброу. Мој тип е дека Кардиф ќе оди директно а Астон Вила преку плеј оф.
    На долниот дел Сандерленд речиси сигурен патник во Лига1, борбата е помеѓу Бартон, Барнсли, Бирмингем, Болтон, Рединг па дури и Хал не се сигурни. Нотингем Форест преживеа и оваа сезона и сега веќе имаат нов сопственик кој што изгледа решил конечно да вложи нешто и да се купи некој играч наместо вечните Лихај, Менсиен, Ашкан, Марфи и слични ликови што со години се моткаат таму и играат ко во маало со другарите да се.
    Лидс исто убаво почнаа сезонава и даваа надежи дека може ќе се вратат ама ништо и од нив.
     
  8. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,669
    Допаѓања:
    5,201
    Па и Арсенал и Ливерпул се во посед на разни милијардери само што за разлика од арапите кои го прават тоа од ќеиф овие го прават за профит :zelen

    Моментот за тајн-веар кое ситење ќе има на испаѓањето на Сандерленд ццц... како само успеаа толку да пропаднат во пар сезони тоа е чудо, ќе играат во трета лига со стадион од 50К :pusi
    Кој сака само Милвол да не се докопа до ПЛ, дно од екипа ми е со сета таа хулиганска аура, може Вила ќе се врати ако не ќе имаат гадна втора сезона во чемпионшип.

    Отаменди и Алосно како залутале не знам, Отаменди е копачиште сељачко, ако не и Ловрен да го ставеа, Робертсон е подобар од тој Алонсо :kafe

    Сиган не беше толку слаб, со таа појава на кибернетски организам влеваше страв во противниците, наследник негов беше Сендерос, исти тикви беа ццц... (party)

    Штета што М.Ј. сепак ќе биде втор после вчерашната победа а тоа ќе му купи уште некоја сезона на Мурињо во ПЛ, кој смор ќе биде ццц (puke)

    Ти текнува на голот на Лихај вс. Оспина пред некој месец :D
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  9. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,381
    Допаѓања:
    9,077
    Абе остај, Венгер ептен ги потцени тогаш. Додуша тоа на Лихај ни Чеш не верувам да го фатеше, ептен изненадно беше ама ипак не е тоа играч за да те внесе во ПЛ. Сега гледам, цела кариера има 9 голови постигнато ама овој со Оспина веројатно највреден му е.
    Арсенал го имаат Кронке ренџерот за газда и никако да го тргнат. Оној Усманов му нудеше огромни пари за да му ги купи дел од акциите за да не е главен сопственик и не прифати. Ама после сезонава изгледа дека и он ќе сфати дека ќе мора да се вложи малку ако сака профит. Ако не освојат Лига Европа и ако завршат седмо место ќе има добра загуба и ќе почне да пропаѓа клубот.

    Отаменди без Компани е ко да го гледаш Рајан Шокрос во плав дрес. Тимов што го направиле воопшто не е реален, што знам попрво би ги ставил Сон и Сане наместо Отаменди и Агуеро.

    Инаку навивачите на Њукасл негде прочитав дека им ги купувале картите на Сандерленд за да идат да ги зафркаваат на последната утакмица па од управата ги повлекле сите карти и најавиле дека на влез ќе бараат докази дека се навистина фанови на Сандерленд (нешто ко карта од претходни сезони и сл). Осеќам дека ќе јадат ремет од Њукасл и ќе им се инфилтрираат некако.
     
  10. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,381
    Допаѓања:
    9,077
    https://www.arsenal.com/news/merci-arsene

    Merci Arsène. Некако неочекувано ми дојде ова. Беше голем менаџер, голем човек, даде огромен придонес за клубот ама секоја приказна има крај (оваа малку одложен). Сите ќе ги паметиме The Invincibles, ФА куп титулите, ПЛ титулите кои ги донесе. Добро е што сам одлучил да си замине иако има уште една година од договорот, веројатно допреле сите критики и до него.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: