1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Premier League 2017/18 (FA Cup, Carabao cup, Championship)

Дискусија во форумот 'Спорт' започната од existence, 13 септември 2017.

?

Кој ќе освои титула?

  1. Манчестер Јунајтед

    20.0%
  2. Челси

    0 глас(а)
    0.0%
  3. Ливерпул

    40.0%
  4. Манчестер Сити

    0 глас(а)
    0.0%
  5. Арсенал

    40.0%
  6. Тотенхем

    0 глас(а)
    0.0%
  7. Некој друг, ќе наведам во одговор

    0 глас(а)
    0.0%
  1. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,250
    Допаѓања:
    9,034
    И годинава да си отвориме тема и да си коментираме за англиски фудбал.
    Премиер лига 2017/18-та добро познат формат 20 клубови. Конечно Сандерленд не се во ПЛ после којзнае колку години спасување во последно коло. Хадерсфилд и Брајтон се новите тимови, Борнмут успеа да го сочува местото лани, Њукасл со Рафа се старо-нови премиерлигаши, Арсенал после 20 години не успеа да избори пласман во топ 4 и сезоната ја стартуваа со катастрофална игра и лоша атмосфера. Конте изгуби два трофеи од Венгер, и двата дуели после тешка борба победи Арсенал.
    Деновиве стигна и првото отпуштање, Франк де Бур после ужасниот старт на Кристал Палас доби отказ и оштета од 5 милиони фунти.
    Тотнам ги следи клетвата на Вембли откако се преселија таму поради реновирање на White Hart Lane и уште чекаат на првата победа „дома“.
     
    На Makedonec и Outrider им се допаѓа ова.
  2. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,608
    Допаѓања:
    5,147
    25 екипи биле на врвот на Англискиот лигашки фудбал, некои се познати, некои не особено, Челзи конечно го стигна Сандерленд и сега е во потера по Астон Вила која не само што не се врати назад туку беше meh цела сезона во Чемпионшип.
    Арсенал со 14 годишна и Ливерпул со 27 годишна пауза се екипите за кои важи она next season gonna be our season а на тој пат чекори и М.Јунајтед.

    20 - Манчестер Јунајтед
    18 - Ливерпул
    13 - Арсенал
    9 - Евертон
    7 - Астон Вила
    6 - Сандерленд, Челзи
    5 - Шефилд Венздеј (1 Alliance)
    4 - Манчестер Сити, Њукасл Јунајтед
    3 - Лидс Јунајтед, Вулверхемптон Вондерерс, Хадерсфилд Таун, Блекбурн Роверс
    2 - Престон Норт Енд, Тотенхем Хотспур, Дерби Каунти, Барнли, Портсмут, Нотингем Форест (1 Alliance)
    1 - Ипсвич Таун, , Шефилд Јунајтед, Вест Бромвич Албион, Стоук Сити (Alliance), Лестер Сити.

    Оваа сезона можеби М.Сити има најмногу шанси да биде шампион, Челзи не смее да се исклучи а ни Тотнем кој ако успее да се навикне на Вембли ќе биде во чекор. Ливерпул после сагата со педерчето Кутињо и сега со 3-4 меча пауза за Мане не ветува особено, Арсенал не знам шо се дешава, шизофрени игри една прејака па две мизерни...

    За испаѓање тука е К.Палас, Хадерсфилд, Брајтон, Свонси и евентуално некое изненадување на дното...
     
    На Makedonec и existence им се допаѓа ова.
  3. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,250
    Допаѓања:
    9,034
    Ливерпул катастрофално со Барнли, второ полувреме мртвило беа па и гол ќе примеа за малку.
    Тотнам уште немаат победено на Вембли (тоа со Дортмунд не го сметам) и сѐ уште ги следи клетвата.
    Сити покажа што значи тотален фудбал и со 6 - 0 го понижи Вотфорд иако и судијата имаше големо влијание на резултатот. Не дека Сити не доминираа ама не беше толкава разликата на терен. Кристал останаа со 0 постигнати голови и срушија стар рекорд, а на пат се да постават нов рекорд на најлош старт било кога. Арсенал со Челси 0 - 0, ферски и без некои селски финти ко што правеше Коста. Јунајтед убедлив со Евертон кои сезонава се топло-ладно.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,608
    Допаѓања:
    5,147
    Во среда Арсенал игра со Донкастер Роверс во ЛК, шанса за комбинации во составот :)
     
  5. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,250
    Допаѓања:
    9,034
    Oва коло неколку нови рекорди. Герет Бери испиша историја со 633-тиот натпревар на дуелот Арсенал - ВБА. Негова 21-ва сезона во премиер лигата.
    Манчестер Сити станаа првиот тим кој што забележал 3 последователни натпревари со 5 постигнати погодоци, Кристал палас ја продлабочија кризата и уште немаат постигнато погодок. Како стои ни Рој Хоџсон кој дојде како замена за Франк де Бур нема да ги спаси од излегување.
    Ливерпул со Лестер едвај спасија глава, Мињоле одбрани пенал и некаде видов статистика дека има најдобар процент одбранети пенали.
    Арсенал со ВБА чисто чудо што завршила 2-0, второ полувреме малку го погледав ама прво комотно можеше да биде 1-3.
    Сезонава ќе има јака битка за титула. Сити, Челзи, Јунајтед, Тотнам, Арсенал и Ливерпул како андердогс кои чекаат кикс на првите за да им се приближат. Веројатно најголем удел ќе имаат меѓусебните дуели и ќе одлучат најмногу за првите 5 места.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  6. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,250
    Допаѓања:
    9,034
    Никој не ме дружите на темата. @Altaïr @Struggler ping.
    На врвот манчестерските екипи, после нив лондонско трио Челси, Арсенал, Тотнам. Изненадувањето се Барнли кои котираат високо на 6-то место иако се можда и финансиски најслабата екипа во Премиер лига.
    Рафа Бенитез успеа да извади нерешено со Ливерпул и сега им диши во врат на екипите од врвот откако експресно се вратија од Чемпионшип.
    Кристал палас уште го чекаат првиот погодок и имаат најлош старт во историјата на премиер лигата. Руни со стариот тим од Ливерпул маки мачат да ја најдат формата и се непрепознатливи. Имаа добар старт ама потоа следеше потоп и ова коло изгубија на домашен од Барнли.
    Арсенал полека заличуваат на тим и почнаа да го враќаат својот препознатлив стил на игра. Малку среќно заврши 2 - 0, но комплетираа 4 утакмици без примен гол што дава добра најава дека не треба да се отпишуваат толку рано.
    Во Чемпионшип Астон Вила се мачат да се вратат пак во Премиер лига, Велшаните од Кардиф се моментално прво место, а Сандерленд скапуваат некаде на дното и ништо чудно да ги снајде судбината на Портсмут кои заборавивме дека постојат. Исто така Лидс јунајтед веќе неколку сезони се на чекор од враќање во Премиер, со надеж дека конечно ќе ги видиме пак. Штета што легендата Видука се врати во Австралија, ама можеби ќе го видиме во управата ако се вратат во ПЛ.
     
  7. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,608
    Допаѓања:
    5,147
    Палас има 7 оваа и последната од минатата тоа се 720 минути без гол, тешко ќе биде да се извлечат со старт 0-0-7 (0-17) плус наредно коло кај Челзи, веројатно го имаме првиот патник во Чемпионшип а немаат воопшто лош тим према имиња, Бентеке, Заха, Кабај, Хенеси, Сако...
    Ок изван зоната ќе бидат пак 6-7 бода не е недостижно ама со излапениот Хоџсон на клупа...тешко.

    Време е за Лидс оваа сезона, лани за малку не фатија плеј-оф.

    Арсенал беше добра утакмица со Бате Борисов, цело време фрчеа напади од двете страни :frantic
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,608
    Допаѓања:
    5,147
    Во тек се квалификациите за ФА Купот, најстарото континуирано фудбалско такмичење во сончевиот систем (party)
    Како мотивација и пример за да се основа овој куп послужиле двата one-off купови играни по денес веќе стандардниот нокаут систем со финале на неутрален терен, првото воопшто фудбалско такмичење од било каков вид било каде во светот, наречено Јудан Куп, према финансиерот Томи Јудан во 1867 година !!!

    Финалето било помеѓу ФК Халам, втор сеуште постоечки најстар клуб (после ФК Шефилд) и ФК Норфолк. После 90 минути било 0-0, продолженијата сеуште не биле измислени а тај брејкер бил поголемиот број удари кон голот така да Халам станале освојувачи :kafe
    3.000 гледачи на Брамал Лејн (денешниот дом на Шефилд Јунајтед) посведочиле на стартот на такмичарскиот фудбал во светот, дотогаш се играле само пријателски.

    Следната 1868 година, се одржал уште еден куп, овој пат Кромвел купот именуван по некојси Оливер Кромвел (не оној Оливер Кромвел :D ) со што фудбалот почнал да добива на континуитет. Во финалето Шефилд Венздеј кој минатава сезона пак не успеа преку плеј оф да се врати во ПЛ - го совладал ФК Герик со 1-0 иако во регуларен дел било 0-0. Тогаш за прв пат биле воведени продолженија и во нив Венздеј дале еден гол, доволен за триумф.

    За она време огромниот интерес и ширењето на фудбалот како низ урбаните раднички центри така и низ руралните средини, железницата која овозможувала брзо и масовно патување и со искуството од два нокаут купа - ФА, стара само 8 години во тој момент - во 1871 година го распишува одржувањето на секоегодишно такмичење наречено The Football Association Challenge Cup кое со пар, би рекол оправдани прекини :kafe поради прва и втора светска војна се игра до ден денес.
    Иако тие прекини ќе бидат искористени за стварањето на Лига Купот, но за тоа подоцна.

    Сега играат некакви Сандеј-лиг и слични, но за кратко време ќе почне и First round proper.
    Арсенал инаку е најтрофеен во овој куп со 13 титули, победувајќи го Челзи со 2-1 пред некој месец во финалето а Арсен Венгер со 7 титули е осамен на врвот на 146 години стариот куп, се оддели од Џорџ Ремзи од Астон Вила кој имал 6 триумфи.
    На балканот и истокот куповите не се сметаат за нешто значајно, се играат ради реда пред полупразни трибини, се потценуваат. Но тоа е последица на спортската анти-култура и немоќ да се даде до значење на самите себе. Дно.

    Осовјувачи (44 клуба) се следниве :

    13 - Арсенал
    12 - Манчестер Јунајтед
    8 - Тотнем Хотспур
    7 - Астон Вила, Ливерпул, Челзи
    6 - Блекбурн Роверс, Њукасл Јунајтед
    5 - Форест Вондерерс, Вест Бромвич Албион, Манчестер Сити, Евертон
    4 - Шефилд Венздеј (1 Cromwell), Вулверхемптон Вондерерс, Шефилд Јунајтед, Болтон Вондерерс
    3 - Вест Хем Јунајтед
    2 - Олд Итонианс, Престон Норт Енд, Нотингем Форест, Бјури, Сандерленд, Портсмут
    1 - Халам (1 Youdan), Оксфорд Јуниверсити, Ројал Енџиниерс, Клапам Роверс, Блекбурн Олимпик, Олд Картузијанс, Нотс Каунти, Братфорд Сити, Барнли, Барнсли, Хадерсфилд Таун, Кардиф Сити, Дерби Каунти, Чарлтон Атлетик, Блекпул, Лидс Јунајтед, Саутемптон, Ипсвич Таун, Ковентри Сити, Вимблдон, Виган Атлетик.

    Најголем лузер е Лестер Сити кој има 4 финалиња и 4 порази во нив.:unsure
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Outrider

    Outrider A Witty Cat Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,608
    Допаѓања:
    5,147
    На ред е Лига Купот, чедо на специфични ситуации.
    Како прво, за време на прва светска, првата воена година се одржувало редовно ПЛ како ништо да не било но со све поголемите потреби за човечко месо на западниот фронт започнале да се мобилизираат и фудбалерите. Многу од нив загинале, дел се вратиле без нозе и раце, имаше трагични причи како цела прва постава на Хартс или Хиберниан од Единбург загинале...

    Во таа ситуација, за да се одржи континуитетот на фудбалот се организирале регионални лиги каде што играле екипите од The Football League а.к.а клубовите со целосно професионална база.

    Во 1917 било одлучено да се направи куп такмичење во кое ќе учествуваат клубовите од The Football League и се одржало и првото национално военовременско такмичење кое го добило името League Championship Cup. Лидс бил подобар од Стоук во првото финале со 2-0 / 0-1 (дома-гости).
    Врз таа основа се одиграле 2 сезони, а подоцна исто било повторено и од 1939-1946 како Football League War Cup.

    Во Шкотска на пример, Лига Купот бил продолжен веднаш и после ратот но во Англија имало пауза 1946-1960.
    Во меѓувреме на сцена стапила телевизијата, ако не се лажам АРСЕНАЛ бил емитуван на првиот фудбалски ТВ пренос во историјата во 1937 :franticна ББЦ но во педесеттите телевизијата станува сеприсутна а во исто време сите стадиони добиваат и моќни рефлектори под кои можело да се игра и во вечерни термини.

    На тој начин се појавила можност за да се играат многу повеќе утакмици него дотогаш а пошто парите од влезници биле основата на профитот на клубовите за разлика од денес - што повеќе утакмици тоа повеќе пари.
    Еуро куповите било во зачеток при крај на педесеттите и сеуште не биле популарни и затоа бил вратен концептот на Лига Купот и во 1960 започнува по трет и конечен пат и трае до денес (The English Football League Cup е официјалното име а низ медиуми се нарекува според актуелниот спонзор, кој и да е во моментот)

    Последен победник беше М.Јунајтед кој во драматична утакмица на Вембли го победи Саутемптон со 3-2.
    На тој начин со 4-та титула Жозе Мурињо се изедначи на врвот по освоени ЛК со Алекс Феругосн и култниот менаџер на Нотингем Форест, двојниот освојувач на ЛШ - Брајан Клаф.

    Дакле разликата меѓу ФА и ЛК е што во ЛК учествуваат само фул професионални клубови од Фудбалската Лига (92 во моментов) а во ФА учестуваат сите клубови од прва до 10.лига, без разлика дали се професионални, полупрофесионали или тотални аматери.

    Ова се 28-те освојувачи на ЛК.

    8 - Ливерпул
    6 - Астон Вила
    5 - Нотингем Форест, Челзи, Манчестер Јунајтед
    4 - Тотнем Хотспур, Манчестер Сити
    3 - Вулверхемптон Вондерерс, Лестер Сити
    2 - Лидс Јунајтед, Норич Сити, Арсенал, Бирмингем Сити
    1 - Вест Хем Јунајтед, Престон Норт Енд, Блекпул, Чарлтон Атлетик, Болтон Вондерерс, Вест Бромвич Албион, Квинс Парк Ренџерс, Свиндон Таун, Стоук Сити, Оксфорд Јунајтед, Лутон Таун, Шефилд Венздеј, Блекбурн Роверс, Мидлсбро, Свонси Сити.

    Забележливо е остуството на Кристал Палас кој нема ништо никогаш освоено :unsure и полека станува синоним за губитништво оваа сезона надоврзувајќи се на век и пол неуспеси :D
    Евертон го нема освоено ЛК иако играл два пати во финале.

    Понатаму и за останатите купови...
     
    Последна промена: 3 октомври 2017
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  10. existence

    existence Boolean Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,250
    Допаѓања:
    9,034
    Арсенал јас уште одма ги отпишувам од лига купот, што знам не се конкуренти никогаш. Дали е финансискиот дел проблемот па играчите некако немаат доволно почит кон традицијата иако се игра за симболична сума која што просечен играч ја зема како неделна плата, дали политиките на клубот се да избегне натпревари и да го олесни распоредот, не знам.
    За тоа колку е ФА купот значаен иако е потценет и повеќето тимови од ПЛ го користат за разигрување освен кога се сретнуваат со тим од ПЛ, имаат зборувано многу легенди од поново време како Алекс Фергусон, Гари Линекер, Рајан Гигс. Венгер да не го спомнуваме, мислам дека ова натпреварување му лежи највеќе :D
    Ќе паузираме две недели од Премиер лига поради квалификации за светско.

    Имаше некои муабети за правење кралско првенство на ниво на Британија, не знам што бидна со реализацијата ама знам дека најгласни беа тимовите од ПЛ кои беа против поради густите распореди.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: