1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Model tv - македонска телевизија за мода

Дискусија во форумот 'ТВ' започната од Marcello, 9 декември 2015.

  1. Marcello

    Marcello Староседелец

    Зачленет на:
    17 декември 2014
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    52
    [​IMG]Официјално ќе започне со работа, првата специјализирана телевизија за мода, модни трендови и модна култура – Модел ТВ.
    Tелевизијата најпрво ќе започне да емитува програма на www.model.mk и ќе функционира како интернет телевизија, за во следниот период да започне и со терестријално емитување во република Македонија. Главниот фокус на телевизијата е да ги следи и обедини модните трендови во Македонија, македонските модни креатори, стилисти и сите луѓе кои работат во модниот бизнис. Модел Тв ќе продуцира емисии во сопствена продукција,ќе изработува едиторијали и фотосесии, како и кратки модни филомови.
    [​IMG]

    Таа ќе ги промовира и прикажува нашите убави македонки и македонци, ќе ги презентира најновите креации на нашите реномирани и потенцијални модни креатори, a воедно ќе ги промовира вредните и квалитетни модни работници – Стилисти, фризери, мејк ап артисти и др. Во фокусот на Модел Тв ќе бидат и познатите музички имиња од земјава и регионот, докажаните и идни театарски и филмски ѕвезди, урбани херои и познати фаци.
    [​IMG]
    Целта е да се обедини модната сцена во Македонија и заедно да го изградиме и подигнеме нивото на модната култура кај нас.
    Тимот е составен од млади ентузијасти, познавачи на модата и модните случувања, а веќе безрезервна поддршка има и од сите познати и признати модни дејци од земјата.

    Еден прилог од телевизијата за FWSK
     
  2. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,045
    Допаѓања:
    6,654
    Е сега дури кога ќе се уфилмаат дека се модели/манекенки, тешко нас. :confused:
    Него, кај да пишам апел секој ден да потсетуваат дека болеро, посебно сатенско, е кич и треба сите да се спалат на куп?
     
    На malo и Аркантос им се допаѓа ова.
  3. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,338
    Допаѓања:
    3,836
    Мене баш ми се допаѓа болеро. Посебно кога девојка со стомак како камионџија го комбинира со ролка. Топ комбинација.
    Македонски артисти... замислете го Боки 13 кога ќе зборува за своите модни додатоци.
    Ужас.
    Уште ова ни фалеше.
     
  4. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    Е дури сега ќе се види што луѓе газат по Македонијава. Мрсули недоносени што сонуваат да бидат познати модели, а врв на кариерата им е насловна у Вест. Стилисти, фризери што мислат дека ако се геј, се добри во тоа што го работат. И кој патем од 2 фризури сметаат дека се такоџе врв. Препукавања на Црнокрак, лигауешката Цаци Пакоуска и еден куп небитни фаци. Ама нека работи телевизијава, нека се чувствуваат и они малце битни. :zelen
     
  5. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,464
    Допаѓања:
    1,181
    Нека направат Dunavka's show ако сакаат некој да ги гледа.
     
  6. malo

    malo Староседелец
    Најфотограф

    Зачленет на:
    13 септември 2012
    Мислења:
    1,280
    Допаѓања:
    2,062
    Ова ептен глупо ке биде... во Македонија нема ни ,,м'' од мода, сите што се познати фаци во таа бранша кај нас се тотални непрофесионалци кои немаат капацитет за да мрднат подалеку од државичкава, па затоа од очај отвараат ваков канал тука.
    За манекенките да не зборувам... Повекето се исфорсирани, збунети деца на амбициозни родители, а има и такви кои се до толку уфилмани што го помешале манекенството со нешто друго кое ни налик не е поврзано со мода.
    Во цела држава не верувам дека има повеќе од десетмина кои што разбираат што значи мода, што значи тренд, што значи манекен/ка, а малкуте професионалци кои што ги имаме се тотално непознати за македонската јавност бидејки не изложуваат тука.
     
  7. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    Подобро да ја прекрстат телевизијава во Шутка фешн.
     

Сподели: