Lush козметички производи

Дали користите LUSH козметика?

  • Да

    Гласови: 2 28.6%
  • Не

    Гласови: 5 71.4%

  • Вкупно гласале
    7

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Во Мај 1995, Lush свежите производи беа официјално презентирани и пуштени во продажба, но историјата на компанијата започнува пред тоа, многу поодамна. Тој тим работеше заедно веќе двасет години. Доволно е да се каже дека тие започнаа да работат заедно кога беа многу млади, тие развиваа производи за нега на коса со природни состојки кои резултираа со неверојатен успех како производи направени за Body Shop, a нивната сопствена линија на производи “Cosmetics to Go“ која можеше да се добие само преку нарачка по електронска пошта и тоа исклучиво во Велика Британија повторно започна со производство.
Производите може да имаат малку поразлична форма во различни земји тоа поради рачната изработка на производот, го прават различни луѓе кој што внесуваат по нешто свое. Производите може да имаат и различна боја; портокалите достапни во Италија се различни од оние кои се користат во Јапонија; Австралија користи различно грозје од она што се употребува во Велика Британија. Сепак секогаш ќе го препознаете Lush по квалитетот на состојките по свежината и непогрешливиот мирис на стотици етерични масла.
LUSH геловите за туширање се неодоливи... ќе мирисате убаво цел ден од глава до пети. Покрај тоа што ќе влијаат на вашата кожа ќе го подобрат и вашето расположение. Само изберете како сакате да се почувствувате : смирено и опуштено или пак ви е потребна ревитализација можеби сте подготвени за прошетка низ свежо покосена трева. Геловите се прават рачно со тревки, цветови, овошја , инфузии, етерични масла...​
Едноставно го обожавам овој бренд и имам своја мини колекција од нивните производи.
Моите омилени LUSH производи:
happy-500x500.jpg

(Гел за туширање + шампон)

176-glorious_mud-500x500.jpg

(пилинг за тело)

32-02-09-2011_LUSH05_0025-500x500.jpg

(Чистач за лице - виновникот поради кој веќе немам црвенило и иритации)

67-03-08-2011_LUSH01_0070-500x500.jpg

И за крај, најомиленото и највкусното нешто - Пилинг за уста со вкус на мастика и мирис на колачиња

Често велат, дека LUSH е скап бренд за нашиот стандард. Сепак сметам дека во ред е да се плати поскапо кога се работи за надворешен здрав изглед.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Сајтот на кој работев имаше соработка со овие. Ни даваат подароци маски за коса, сапуни итн. Но никогаш не сум добила од нив нешто. Скапи се и јас сум таков тип на особа на која не сакам да користам разни препарати.
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Сајтот на кој работев имаше соработка со овие. Ни даваат подароци маски за коса, сапуни итн. Но никогаш не сум добила од нив нешто. Скапи се и јас сум таков тип на особа на која не сакам да користам разни препарати.
Исто, и јас работев на сајт кој соработуваше и уште соработува со Lush..и често се подаруваа производи од Lush.
Мене за роденден ми донесоја пилинг за лице, ама не го користев многу..квалитетни се многу, барем тоа го знам :)
403433_492746777406578_1067911081_n.jpg
283597_492446564103266_687145742_n.jpg
543243_492413634106559_1547752380_n.jpg
545485_491797090834880_841817079_n.jpg
251967_491377847543471_1984816044_n.jpg
250877_491261907555065_242444961_n.jpg
181253_491151267566129_1525383139_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: drugarki

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Може се убави и ефикасни и незнам што друго таму...но мене не ми се допаѓаат :( Заради јакиот мирис на овошје,цвеќиња итн итн...
Досега имам користено само сапун и пилинг за тело,но ги искористив само еднаш заради тоа погоре што го спомнав....