Linux - генерална дискусија

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Како што сите знаеме, линукс е бесплатен оперативен систем кој го користат навистина голем број на луѓе, но сепак сеуште не е ни приближно колку виндоус...што мислите вие за овој ос? Дали го користите и дали сте задоволни? Јас го имам користено и сум многу задоволна, иако фалат опции од виндоус на кои сме навикнати, па можеби и тоа е причината зошто линукс сеуште не толку користен...
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Не е користен затоа што уште како од помали сме научени на windows интерфејс и на половина им е страв да инсталираат линукс дистрибуција за да не им се избришат податоците од hdd-то, а половина откако ќе соберат храброст да го инсталираат, го бришат првата недела од користење :)

На едниот лаптоп имам Open Suse и сум презадоволен од него.Се што треба за канцелариска работа ми го нуди и не ми треба ништо повеќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maloto

Sara

Истакнат Член
13 февруари 2012
116
116
343
На компјутерите во Школо има компјутери со
Linux но сепак Windows си е Windows и не би го заменила за Linux
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kiko*

Maloto

Истакнат Член
19 февруари 2012
31
5
308
долгогодишен консуматор на Линукс, конкретно Убунту. Добро вели Шмекси, повеќето корисници од мали се научени на Windows (или јас би рекол наметнат ОС :) ). Но не можеш да донесеш заклучок дали е добар или не ако не си го користел некој подолг временски период или ако некој рекол дека не чини.

Тие што велат дека не чини баш би сакал што е тоа што не чини кај Линукс дистрибуциите, од кој аспект даваат оценки .. кориснички интерфејс, стабилност, тешкотии во користење .. ?
 
Корисничкиот интерфејс е еден од причините зошто линукс неможе да го надмине виндоус и не го користат многу луѓе. Најголемата пречка е тоа што многу програми и игри (посебно игрите) неможат да се инсталираат на линукс. Се мора да одиме преку wine.
 
Maloto

Истакнат Член
19 февруари 2012
31
5
308
За корисничкиот интерфејст потполно не се согласувам. Како и гноме така и кде се потполно customizible, така да можиш да направиш чуда и да ги прилагодиш на своите потреби.

За игри делумно ќе се согласам. Но сепак, тука зависи и за што го користите компјутерот, нели ? Се разбира дека сите "поголеми" (мислам на популарни) игри се базираат на DirectX, не дека ги нема и во OpenGL, така да од една страна и тие индиректно наметнуваат на корисниците да си "купат" лиценца за Windows.
 
За канцелариска употреба или еве на пример во училиштата линукс е супер, ама за домашна...не би рекла.
 
Maloto

Истакнат Член
19 февруари 2012
31
5
308
јас и дома и во канцеларија сум на Убунту. Како што реков зависи за која намена ти е компјутерот.

На пример, сега сум дома и пишувам на форумот , тоа може да се смета како домашна употреба и немам никаков проблем да отворам Chromium и да коментирам тука :). Ако под домашна употреба се подразбира играње на Катер, Делта Форс, во тој случај Линукс sux :cenzura
 
Maloto

Истакнат Член
19 февруари 2012
31
5
308
Небитно, да не ја насочуваме дискусијава во погрешна насока.
Тој што мисли дека Линукс е добар и заслужува да се проба, нека помогне на корисниците кои се нови и сакаат ново искуство со некоја Линукс дистрибуција ( една од најкомерцијалните е Убунту ).

Доколку некој има некаков проблем нека посочи па да се потрудиме да помогниме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: важна

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Кога Линукс ќе „крашне“ ќе правиме муабет :D
Реално гледано функционалноста на Линукс дистрибуциите е каде каде на позавидно ниво, а тоа го докажува и фактот што најстабилните хостинг сервери се на линукс, па се до огромните компании.
Иако и во поновите дистрибуции е подобрен изгледот и скоро и да се рамни со интерфејсот на 7-мица, со тоа што за по професионална работа на линукс потребно е поголемо искуство.