Темата е дали го одобрувате или не го одобрувате кастрирањето на милениците? Историјата на кастрирањето воопшто кај животните и луѓето е стара откако животните биле доместифицирани. НЕ станува збор строго за кастрирање на мачки или кучиња,туку воопшто на сите домашни животни.
Во постаро време, коњите и воловите најчесто ги кастрирале или народски термин “скопење“ со што машкоста им се уништува,животното не добива нагони за парење и не се создаваат непријатни ситуации при работа.
Кај домашните миленици кастрирањето се врши од малку поинаков тип - спречување потомство.Во многу развиени земји каде шинтерските служби работат како што треба, може да се забележат исто така кучиња кои движат по улица но се претходно вакцинирани,имаат чип и истите се кастрирани.Со кастрирањето се спречува нагонот за парење и самото парење,со што се намалува бројот на улични кучиња - скитници поради неконтролираното парење, и ширењето зарази помеѓу нив.
Многу сопственици што чуваат куче или мачка во домашни услови имаат проблеми кога доаѓа периодот за парење.Доколку имаат каде да го носат за парење мачорот/кучето или ги чуваат во пар немаат потреба од кастрирање,но сепак се создава нов проблем а тоа е потомството,кое ќе доаѓа секоја година од 6 - па до 12 единки кои мора секоја година да најдат дом доколку нема услови каде да се чуваат животните.Многу сопственици се одлучуваат на овој чекор каде го стопираат парењето заради неможноста каде да се вдомат новите миленици или неможност да ги одгледуваат нив.
Позитивни работи при кастрирањето животни:
-Се намалуваат проблематичните периоди кои ги имаат при парење.
-Се намалуваат шансите за пренесување болести (или доаѓање дома на мачорот после една недела искасапен и полужив)
-Се намалува бројот на улични животни скитници и нивно неконтролирано парење
-Се продолжува животниот век на миленичето.
Негативни
-Освен од етички или сочуствителни причини,не би гледал друга причина за некастрирање.