K-pop

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
K-pop е музички жанр со потекло од Јужна Кореја, и покрај тоа што се состои од сите жанрови на популарна музика во Јужна Кореја, терминот се повеќе се користи во потесна смисла да се опише модерна форма на јужнокорејската поп музика и покрива повеќе стилови вклучувајќи денс-поп, поп балада, електропоп, R & B и хип-хоп музика.
Она што мене ме заинтересира и ме натера малку да се подзамислам е фактот дека во Јужна Кореја многу повеќе се употребува зборот entertainer (забавувач) отколку singer (пејач). За да станете популарен пејач на овие простори патот е доста трнлив. Воедно, децата на возраст од 17-18 години аплицираат да станат дел од музичкиот свет, е сега, ако си 'среќникот' и те изберат, одиш на пракса (играње и пеење) која трае од една до две па може и повеќе години. Најлошо е што не знаеш што те чека, ако имаш среќа ќе завршиш како самостоен пејач или во група (таму најчесто групите се огромни па имаат по дванаесет или повеќе членови) а доколку главните мислат дека не те бива, можно е да те пратат назад во родниот крај и залудно да си си го губел времето. Уште потешко е за децата од Кина кои одат на друго место, непознато за нив, не можат да се гледат со своите родители и најблиски дури и по година време (и повеќе). Од едно интервју, од член на една група дознав дека главните не им даваат да земат ни мобилен со себе за да се слушаат со саканите. Непознато место, непознат јазик, напорно вежбање а не знаеш каков е резултатот.
Друго што читав а сметам дека е доста неправедно е тоа што имаат некои услови, со договорот потпишуваат некои услови, на пример некои продукциски куќи им забрануваат на своите ѕвезди да бидат во врска затоа што сметаат дека тоа е можно да влијае на нивната популарност, а многу од нив ги 'тераат' да ја бојадисуваат косата скоро секоја втора недела (мислам како не им паѓа косата на дечкиве?! wtf?!) тоа важи дури и за момците.

Па дечки, слушате ли k-pop музика? Еве некои мои омилени песни кои не ги вадам од глава. И играњето е со стил, ме потсетува на Мајкл Џексон :)

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
42
Кога ќе ги видам вака малечки корејциве, ми се иде да ги фатам у тупаница и да ги стиснам да крцнат :D
Се шалам, девојчињава им се многу слатки :D