Insanity workout

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Јас да кажам, било што пред да се почне, да се направи крвна слика и после според неа да се створи неделното мени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Тешко иде кај мене...мускулите ме болат скоро три дена,кондиција никаква,желба преголема,туширање после 22 на ефтина струја,скокање по паркет.Исхраната слабо ја терам,не дека не сакам,нити иам време да шетам по маркети,нити пари да се двојам од домашната кујна.Идеме понатака додека се има желба.
Само напред!Спортската опрема подобро ти стои од оделото и краватата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Јас луѓе мили сум препрепрезадоволна од досегашните резултати. 11 дена вежбање, стомакот намален за половина од тоа што беше, на рацете имам мали, малечки мускулчиња, а листовите на нозете ми се камен тврди. На вага ни едно кило немам минус. Или е до вагата, или сум биднала целата мускули :p.
Одам понатака, а мотивација имам до небо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler and Ghtalpo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Јас луѓе мили сум препрепрезадоволна од досегашните резултати. 11 дена вежбање, стомакот намален за половина од тоа што беше, на рацете имам мали, малечки мускулчиња, а листовите на нозете ми се камен тврди. На вага ни едно кило немам минус. Или е до вагата, или сум биднала целата мускули :p.
Одам понатака, а мотивација имам до небо.
Можно е да е и болдот.
Бељата е ако веднаш после режимов/програмов откако ќе ти истече, да се вратиш на нормалното живеење. Ќе треба лека полека да го привикнуваш телото, иначе ќе биде голем шок и брзо ќе се вратиш по старо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Farfalla

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
Абе здраво нездраво битно слабеење е. :)
Ја планирам со гладување да ја терам програмава е не е баш гладување ама изгладување (имам доста залихи) :) па ќе видам од што попрво ќе ослабам. :D

Поголема грешка од изгладнување не можиш да направиш, ако целта ти е губење на килограми. Прашај кој сакаш фитнес тренер или слично. Не е ни здраво...Убаво си напиша @Saladin прво крвна слика, па потоа рестрикција во исхраната, а гладување во никој случај. Со изгадување не се губат килограми. Со здрава исхрана и вежбање се губат.
Јас би рекла дека секоја тежина се намалува значително со исфрлање на лебот и благото и подготвување на оброците само со вода и тоа е тоа. Наместо пржено-варено. И секако без движење, вежбање и пиење многу вода, залудна е секоја диета.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis and diva orhideja

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Со вежбањето не се намалува туку повеќе се зацврснува мускулната маса (многу зависи и од вежбите а највеќе од исхраната), додека движењето повеќе би требало да се обрне внимание доколку сака човек да ослабне. Малку отидовме вон темата, но клучен фактор не е по некој основен шаблон на исхрана да се тера, бидејќи не секој човек различно ги топи, согорува маснотиите. Така и некој храната базирана на шеќери повеќе го дебелее отколку храната базирана на протеини. Зависи како неговото тело ги опонаша.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Поголема грешка од изгладнување не можиш да направиш, ако целта ти е губење на килограми. Прашај кој сакаш фитнес тренер или слично. Не е ни здраво...Убаво си напиша @Saladin прво крвна слика, па потоа рестрикција во исхраната, а гладување во никој случај. Со изгадување не се губат килограми. Со здрава исхрана и вежбање се губат.
Јас би рекла дека секоја тежина се намалува значително со исфрлање на лебот и благото и подготвување на оброците само со вода и тоа е тоа. Наместо пржено-варено. И секако без движење, вежбање и пиење многу вода, залудна е секоја диета.
Ама јас не се изгладнувам само место 5 пати во денот јадам само еднаш и пијам многу течности исто така исфрлам некои категории на храна како да ги наречам т.е се што сметам дека е нездраво го исфрлам (маснотии, шеќери, тестенини, брзи храни, леб најбитно итн). И секогаш сум во движење за кога ќе се враќаат килата да не се вратат сите а барем пола и се така додека не дојдам до килажата што ја сакам. :) После тоа ќе гледам да ја задржам некако :)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
^ Само лошо си правиШ со јадење еднаш дневно. Токму спротивното од неколку помали оброци.
Со единствениот дневен оброк што го практикуваш ти, му правиш шок на организмот, не внесуваш доволно „материјал за работа“, па организмот наместо да троши и согорува, складира во случај пак да му се случи таков вид на шок. Додека пак со неколкуте помали оброци, организмот повеќе работи, метаболизмот се забрзува и мастите почнуваат да се топат. Секако не треба тие оброци да бидат преобилни и прекалорични, тоа знаеш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: fantina and Saladin

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
За два дена треба да го праам оноа pure cardio&cardio abs треба две видеа ли да праам?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
^ Само лошо си правиШ со јадење еднаш дневно. Токму спротивното од неколку помали оброци.
Со единствениот дневен оброк што го практикуваш ти, му правиш шок на организмот, не внесуваш доволно „материјал за работа“, па организмот наместо да троши и согорува, складира во случај пак да му се случи таков вид на шок. Додека пак со неколкуте помали оброци, организмот повеќе работи, метаболизмот се забрзува и мастите почнуваат да се топат. Секако не треба тие оброци да бидат преобилни и прекалорични, тоа знаеш.
По малки поначесто консумирањето на храна е стандардниот кошер за одржување на линија, така да овде игра само улогата на силна воља колку човекот ќе „издржи“ да не си направи обилен оброк, бидејќи еднаш ако направи и тоа на почетокот на диетата (диета - начин на исхрана а не тежок режим), можно е да се створи постепен домино ефект.
Со јадење еднаш до два пати на ден, ништо не се постигнува, бидејќи го програмираш телото да внесува многу и да изнесува многу, и еднаш да се случи да прескокнеш еден оброк (а се случува, бидејќи човек не е во состојба баш во тој момент да конзумира) се случува пак домино ефект со огромни пропорции.
Малите оброци можеш да ги контролираш... големите како и да е, не.