Google дава милион долари на хакерот кој ќе го сруши Chrome

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Стручните лица за интернет сигурност во последните 3 години ги фрлија во очај креаторите на прелистувачите Firefox, Internet Explorer и Safari, пронаоѓајќи им пропусти и хакирајќи ги истите.Но еден прелистувач за нив остана енигма-Google Chrome.

Поради таа причина Google понуди милион причини некој да се потруди да го хакира нивниот прелистувач.Значи Google понуди милион долари награден фонд за сите оние кои ќе успеат да го хакираат Chrome на овогодинешниот хакерски натпревар Pwn2Own, кој се одржува во склоп на информатичката конвенција CanSecWest во Канадскиот Ванкувер.

Поточно, за сите оние кои би пронашле грешки во Chrome и истите би ги искористиле за хакирање на прелистувачот, Google нуди 60 000 долари.За хакерски успеси кои вклучуваат и грешки специфични за Chrome(но не само на Chrome), Google нуди 40 000 долари.Најмалку, односно 20 000 долари Google им нуди на хакерите кои ќе пронајдат грешки во Windows, Flash или хардверските драјвери и успеат да ги хакираат.

Google на ваков потег се одлучи со цел да дознае што можат најдобрите светски хакери да му направат на нивниот прелистувач.Секако таквите сознанија допринесуваат да се подобри софтверот и да се дознае колку е ранлив на хакерси напади. Но кој се игра со огин...

Што мислите вие за ова? Ќе се најде ли некој доволно храбар за ваков потег или Хром ќе остане енигма?
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Хах секогаш мора да се најде барем еден кој ќе за**бе работа. Ќе се најде фраерче...:ninja
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Ќе се најде некоја будала тоа сигурно, какви се има низ светот, за вакви пари не е мала работа + потоа може да му понудат Гугл работа во нивната компанија.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Ќе се најде некоја будала тоа сигурно, какви се има низ светот, за вакви пари не е мала работа + потоа може да му понудат Гугл работа во нивната компанија.

За работа е сигурно дека ќе му понудат.
 

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
да бе ептен тесно поврзани .. :D

па сигорно и гугл имаат некои пропусти,али за да се обидеш треба да идеш на натпреварот во Ванкувер... ако се обидеш од дома ,те водат на сосема друго место xD