1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Game of Thrones

Дискусија во форумот 'Серии и емисии' започната од Marick14, 5 април 2012.

  1. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,749
    Допаѓања:
    2,565
    Пол:
    Машки
    1:12, иако ја има на пола секунда ама верувам едвај чекаш да ја видиш цела сцена. :zelen
     
    На Struggler му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,749
    Допаѓања:
    2,565
    Пол:
    Машки
    @Tantara ете го Тирион, се пика таму по тоа подрумите. :)
    Не умрел. :)
     
    На Tantara му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tantara

    Tantara Староседелец

    Зачленет на:
    31 октомври 2013
    Мислења:
    439
    Допаѓања:
    690
    Пол:
    Женски
    дааа го видЕв :) :igra го обожавам, тоа е то а(sun)
     
    На Altaïr му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,749
    Допаѓања:
    2,565
    Пол:
    Машки
    Ми текна нешто. Не сум го читал ова никаде, така да не е спојлер, јас гледав спојлери за сосема друга работа. :)
    Сакав да кажам за делот од трејлерот со Тормунд. Мислам дека се борат против Болтон, зошто? Пред трејлерот излегоа кратки видеа, едното беше со Таргариен, другото со High Sparrow и третото со Рамзи. Ги имам тука ставено.
    Е сега, на тоа со Таргариен имаше глас кој очигледно и зборува на Данереис, а во трејлерот видовме каде оди таа, што значи тоа е тоа.

    Другото со High Sparrow беше каде тој вика, Together we can overthrow an empire. Истото го кажува и во трејлерот.

    И третото беше каде Рамзи вика, Winterfell is mine, come and see. Тоа очигледно е дел од таканареченото Pink Letter кое не го видовме во серијата, а нема ни да го видиме. Малку го смениле ама скоро сум сигурен дека тоа е тоа. Крајот на тоа писмо е вака: "Your false king's friends are dead. Their heads upon the walls of Winterfell. Come see them."

    Според мене, Тормунд и дивјаците учествуваат во битката за Winterfell, ама не знам заедно со кого.
     
  5. Ita

    Ita Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,018
    Допаѓања:
    2,054
    Пол:
    Женски
    Мене серијава почна да ми личи на фудбалски натпревар поточно на фудбалски клуб кој цело време варира од прва во втора лига и обратно.
     
  6. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,749
    Допаѓања:
    2,565
    Пол:
    Машки
    Најдобрата епизода досега. Викаат последнава ќе била уште подобра, плус 70 минути ќе траела. :)
     
    На Struggler му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ita

    Ita Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,018
    Допаѓања:
    2,054
    Пол:
    Женски
    10 епизоди ќе има или?
     
  8. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,055
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Од кога почнаа сите да ми ја фалат серијата решив да и дадам шанса. Изгледав две сезони, вчера ја почнав третата и можам да кажам дека сум изненадена ама не до степен да се воодушевувам од што ми е убава. Серија како серија, интриги и сплетки колку сакаш. Ми се допаѓа тоа што не испаѓа како што очекуваш, нема милост и кога тогаш сите ќе умрат.
    Омилен лик за сега не можам да кажам кој ми е зошто сите матат нешто, а не сакам никој да засакам па да му летне главата на крај.
    Онај Џефри Ланистер не знам кој е, ама е најгрдото момче на планетата земја заедно со пола екипа и пола колеги негови, секоја чест на исклучоците.
    Секоја сезона била подобра од претходната, па кога ќе изгледам се ќе кажам финално мислење.
    Во глобала добра си е, ама имам уште многу за гледање.
    :zelen(star)
     
  9. Ita

    Ita Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,018
    Допаѓања:
    2,054
    Пол:
    Женски
    Е да прашам вака филмот нели по книгата(те) е правен. Имаат некоја заедничка допирна точка или благе везе нема едново со другово?
    Додека чекам цела година за 7 епизоди ќе земам книгите ќе ги прочитам.
     
  10. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,055
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Уште пет епизоди имам од седмата сезона. Можам да кажам дека секоја сезона е се поинтересна од претходната, има повеќе интриги и се случува тоа што воопшто не очекуваш.
    Мој омилен лик е Tyrion Lanister a.k.a the Imp, заради тоа што е препаметен, саркастичен, прави шеги на своја сметка, но најјак ми беше кога се одмазди на човекот кој никогаш не го прифатил како негов син. Секогаш навредуван и исмејуван заради неговата висина, не дозволува туѓите зборови и навреди да влијаат на неговата психа. Научен да ги слуша истите погрдни зборови уште од мали нозе, знае и да се шегува на сопствена сметка. Ниту еден член од фамилијата не го сака, освен брат му. Овој лик ги има моите симпатии уште од првото појавување.
    Исто така ми се допаѓа Ayra Stark. Знае ли девојката за страв ? Очигледно не. Храбра и желна за одмазда. Шестата сезона мислам дека е расплет на се она што сакаше. Многу ми беше жал кога бегаше и се криеше, се правеше дека е момче само за да не ја убијат. Итра, снаодлива, вешта со својот меч, безстрашна.
    John Snow ми е симпатија. Еден од ретките со убави црти во серијата. Слична судбина има како Тирион, но и со овој лик има премногу пресврти и неочекувани случки. Сите му викаат дека ништо не знае.
    Се заразив и јас со серијата, сега ќе чекам нова сезона како сите што се опседнати. На почеток мислев дека се предава преголемо значење и дека не е ништо посебно серијата. Луѓето ја сакаат затоа што не победува тој што е добар, туку се зависи од сплетот на околности. Нема добар лик во серијата, туку праведни, неправедни и злобни.
    И така зима доаѓало :zelen(star)
     
    На Ita му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: