Game of Thrones

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Па за оваа серија што немаме тема стварно срамота.

Game of Thrones серија која започна на April 17 2011 (премиерата) постанува новата хит серија која го зафати светот
- Серијата започнува во среден век каде што има научно фантастичен карактер и се збори за the Seven Kingdoms of Westeros каде што нивните владетели се борат и се обидуваат на било каков начин да бидат најмокни.

ИГРА НА ТРОНОВИ прикажува кралеви и кралици, витези и одметници, лажговци и благородници во нивната борба за власт. На почетокот на серијата, кралот Роберт Баратеон, кој е женет за Керсеи Ланистер од богатото и корумпирано семејство Ланистер, бара лордот Едард „Нед“ Старк да дојде на југ и да му помогне со водењето на кралството по сомнителната смрт на човекот кој му бил десна рака. Во меѓувреме постои закана за тронот од истокот, од страна на прогонетата принцеза Дајенерус, која е тинејџерка, како и од нејзиниот брат, Висерис, чие семејство има владеено со кралствата многу години пред нивното крваво прогонување. А постојат и гласини дека чудни нешта се случуваат на работ на кралствата, северно од Ѕидот, каде Џон Сноу, синот-копиле на Нед, заминува за да стане дел од братството на Ноќната стража, кое се заколнува дека ќе ги штити кралствата.

Некои од редовните актери во ИГРА НА ТРОНОВИ се (по алфабетски редослед): Марк Еди како кралот Роберт Баратеон, Алфи Ален како Теон Грејџој, Шон Бин како лордот Едард „Нед“ Старк, Емила Кларк како Дајенерус Таргаријен, Николај Костер-Валдау како Сер Џејми Ланистер, Питер Динклиџ како Тајрион Ланистер, Мишел Ферли како Лејди Кетлин Старк, Ајдан Гилен како Петир Баелиш („Малпрст“), Џек Глисон како принцот Џофри Баратеон, Лејн Глен како Сер Џора Мормонт, Кит Херингтон како Џон Сноу, Лена Хидли како кралицата Керси Ланистер, Исак Хемпстид Рајт како Бран Старк, Хери Лојд како Висерис Таргариен, Ричард Меден како Роб Старк, Рори Мекен како Сандор Клигејн („Песот“), Софи Тарнер како Санса Старк и Мејси Вилијамс како Арија Старк.

Во другите улоги се: Џон Бредли како Семвел Тарли, Џејмс Козмо како лордот командант Мормонт, Чарлс Денс како Лорд Тивин Ланистер, Рон Донаки како Сер Родрик Касел, Џероум Флин како Брон, Конлет Хил како Варис, Џејсон Момоа како Кал Дрого и Доналд Сумптер како Маестер Лувин.

Извршни продуценти на ИГРА НА ТРОНОВИ се Дејвид Бениоф и Д. Б. Вајс; ко-извршни продуценти, Керолин Штраус, Гајмон Касади, Винс Жерардис, Ралф Вичинанза и Џорџ Р.Р. Мартин; продуценти, Марк Хуфам и Френк Делџер, директори на фотографија, Марко Понтекорво, Алик Сахаров и Мет Јенсен; дизајнер на продукција, Џема Џексон; дизајнер на костуми, Мишел Клептон.

„HBO“ одбра две дополнителни локации за снимање на втората сезона на серијата „Игра на тронови“.
Продукцискиот тим, со седиште во Белфаст, ќе снима делови од новата сезона во Хрватска и на Исланд. Локациите во Хрватска ќе се искористат за снимање на сцени од Јужните краишта, додека неколку сцени кои се случуваат „зад ѕидот“, ќе бидат снимани на Исланд.

Вторат сезона веќе се прикажува. Според мене најдобра серија до сега....

GameOfThrones_20110412171451.png
 

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Многу добра серија иначе по грешка на полското HBO пуштена е 2рата епизода така да имате торент и од 2рата ако не ви се чека :)
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Многу добра серија иначе по грешка на полското HBO пуштена е 2рата епизода така да имате торент и од 2рата ако не ви се чека :)

Да да, јас вчера ја изгледав. Добра 2ра епизода. Најверојатно ќе гледаме малку борба во вторава. И конечно да се појават тие The White Walker или како се викаа. Ептен малку го покажаа последниот од нив. :( Најважното, не ги заборавија. :D
 

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Да да, јас вчера ја изгледав. Добра 2ра епизода. Најверојатно ќе гледаме малку борба во вторава. И конечно да се појават тие The White Walker или како се викаа. Ептен малку го покажаа последниот од нив. :( Најважното, не ги заборавија. :D
Па рекоја ке имало многу повеке митски суштества и секс у 2рава..ја се радувам и на тоа и на тоа (happy)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
добро е пак да ја прегледате цела прва сезона, многу детали ке ви се појаснат ... и ке си ја освежите меморијата :D

кога пак ја изгледав првата сезона, дознав дека овој тапанарот што ја чува Калиса, бил син на оној телетабисот што е командант на ѕидовите ... (не ми иде нешто со имињата) :rolleyes
 

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
серијава ја избришав после првите 3 епизоди... незнам зошто ,не ми е по кејф
 

zombie#

Полноправен Член
11 април 2012
72
65
18
28
Ја обожавам серијава. предобра е и редоовно ја следам на HBO :)
 

smeker

Староседелец
9 март 2012
768
979
1,103
Скопје
ја симнав 1 сезона, почнав да ја гледам и можам да кажам 5 е :)
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Може ја затупеа малку втора сезона, но на крајот беше ПРЕЈАКО......кој ќе чека сега до април 2013. :mad:
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Гледам на нет нешто сите за серијава зборуваат, може со 2реченици некој да ми објасне за што се работи? (wasntme)