Friend zone

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Популарен неологизам последните години е изразот `френдзоун` на кој е тешко да му се најде сооветен превод и затоа се користи оригиналниот англиски израз кој значи пријателска зона а.к.а кога едната од двете страни во еден однос меѓу машко и женско е незаинтересирана за сексуални ствари и ситуацијата не може да забега повеќе од пријателски однос.
Почесто го користат машките иако се употребува и кај женските.
Честа фраза е дека `немало излез од френд зоната` а став дека машкото е `виновно` бидејќи се поставило на старт пријателски со женското а не на друг начин преку кој ќе дојдело до нешто повеќе...

Што мислите за феноменот на френдзонирање? Дали сте биле френдзонирани и дали сте френдзонирале?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Сум се нашол во нешто вакво со обид да се приближам како добар дечко и да се запознаам но во тоа е грешката. Убаво рекле дека припадничките на понежниот пол сакаат bad boys а не дечко кој ќе и биде и пријател.
Па ако сакаш да преминеш на нешто повеќе од пријатели оди одма на главното и биди див затоа што само така ќе ја скротиш и ќе биде твоја
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
@Outrider аман бре, не те мислев за ваков, рака на срце (shake)
Кажи и дека си член на секта и одма ќе отидиш у crash zone :zelen Ако неќе милом, силом.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
@Outrider аман бре, не те мислев за ваков, рака на срце (shake)
Кажи и дека си член на секта и одма ќе отидиш у crash zone :zelen Ако неќе милом, силом.

Немам јас такви проблеми а темава ја отворив од алтруистички побуди, ние секташите сме емотивци и сакаме да помагаме (Емо не е секта, да се разбереме :kafe)

Според мене не постои такво нешто како френд зона, мит е сето тоа... или и се допаѓаш на рандом девојка или не и се допаѓаш или физички ја привлекуваш или не... овој муабет со френд зони ми е повеќе како `кисело грозје` ситуација која се фура, не знам зошто...
Ако женското допаѓа некого тогаш знае да прејде преку многу ствари, ако не... тогаш џабе е се` .
Целата фама е ради став дека се` зависи од машкото демек ако пристапиш вака или онака тогаш ќе ја ќариш а ако не сам си крив... како сака нека пристапи машко ако не ја привлекува сексуално - не ја привлекува.

Сум се нашол во нешто вакво со обид да се приближам како добар дечко и да се запознаам но во тоа е грешката. Убаво рекле дека припадничките на понежниот пол сакаат bad boys а не дечко кој ќе и биде и пријател.
Па ако сакаш да преминеш на нешто повеќе од пријатели оди одма на главното и биди див затоа што само така ќе ја скротиш и ќе биде твоја

Не грешиш воопшто со таквиот пристап иако горе долу тинејџерките се склони кон бед бој и такви ствари ама тоа обично им поминува после... освен кај мал процент кои остануваат несозреани цел живот :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Искрено многу глупи и бесмислени ми се овие работи. Водат до степен воопшто да не може да постои другарство помеѓу машко и женско што баш е бесмислено. Ок разбирам во понатамошното дружење меѓу личности од различни полови да се појават некои симпатии од едната страна но тоа не значи дека веќе мора да се прекине дружењето или таа френд зона и да се премине на следната фаза (релејшн шип или оупен релејшн шип итн). Или па ете се дознае се, сите карти на маса и странава која нема симпатии спрема таа што има ја ограничува дека мора да се држи до френд зоната. Гупости ама во боја и тоа американска.
Според мене искрено другарството т.е таа френд зона никогаш не треба да се напушта па макар и да премине во следна фаза затоа што врски што успеваат се баш тие кои имаат дружење, разбирање, почитување, доверба и така натака.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and Outrider

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Голем дел се сложувам со мислењето на Outrider со таа разлика што терминот friendzone повеќе го сврставам као веган во праисторијата - изговор за неквалитетен „ловец“. На грото од мушките ни` се има случено да бидеме „френдзонирани“ што ради "good"looks што ради мањак на замодоверба (која пали кај цури), што ради некомпатибилност на карактери али цурата е фина па нејќе да стави крај на нештото (највеќе ради себични причини) па пробува на фин начин да ни` долови дека нема ништо да упали повеќе од „другарство“. Така да френд зоната поради овие причини е непребродлива, не затоа што другарството е појако од релација дечко -> девојка и обратно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Френдзоун или зона на самракот - супер превод си има. :D
Али е претежно измислена ствар за (само)тешење дека од почеток си утнал нешто, па као сега немаш шанса.
Илјадници врски настанале од другарства, а илјадници парови сфатиле дека функционираат подобро ко другари. Тоа па што е...reversed friend zone?
Терминов стана ко пријателства да не може да постојат, него дали само некој ти се свиѓа или не, па си го сместуваш во зона по желба и после што и да правиш, нема излегување оттаму. Нешто ко деструктивен култ.

Не знам јас. Кај нас претежно поглаварот ни доделува со кого да се размножуваме, па нема зони и избор, ама другари имам што се жалеле, па сум сфатила дека тоа е претежно затоа што еднаш направиле некој фин гест и пуштиле тивок оган, па сега чекаат женскава да изреагира, а уствари таа врска нема дека им се допаѓа. Еве и јас сум многу лоша во фаќање сигнали, и дури и ако ми каже некој од страна што приметил, сум у стил „Не бе, само ептен фино другарче е.“ И после некоја година стварно иде „Еее, јас тогаш и тогаш те свиѓав...“.....:^) Е арно...
Така да, френдзоната некогаш настанува и од несигурност кај другата страна. Малку повеќе директност нема да боли.
А некогаш и човек едноставно треба да се помири дека не е во зоната на самракот поради тоа што од старт бил другарски настроен, туку дека не е нечиј тип и никој не може да оди против себе за ти да излезеш од замислената френдзона. Толку е. (think)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Saladin

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Теоријата вика така, но ако веќе имате таква пријателка со бенефиции утре другиден од досада можи да се "пецните" и тоа да биди ваша мала тајна, а голема за околината.
 

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Тука во контекст на темава би го спомнал и феноменот БМВ и МЕРЦЕДЕС.
Да зборувам сега за лични искуства...
Не сум многу емотивен дечко ама сепак како човек нормално е да се заљубиш понекогаш.Многу добра,фина и образована цура ми се пушти у дискотека лани летото,успешно испадна се,и се сложивме да се гледаме почесто и очигледно имаше хемија.Следната средба,дојдов со такси за на кафе со неа,муабетот почна со:Дали имам кола,од каде ми е саатот,и каде работат мајка ми и татко ми.Добро,го платив кафето не е битно,и најде изговор и си замина дома.Срцињата во пораки наредните денови преминаа во класичното смајли,пополека фино станавме пријатели,и ете сеа си има дечко со ауди А6 6 години постар од неа. (happy)
Сум френдзонирал и јас,не дека не сум,ама не врз база на материјални богатства,туку врз она што ти го дал оној горе,ум,убавина и карактер.
Најдобрата другарка шо ми е сеа ми призна дека била лудо вљубена во мене кога се запознавме(може да ме купи сосе партали инаку),но едноставно се помирила со фактот дека не е мој тип и станавме најдобри пријатели.Тоа е тоа....:kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA and Давор

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Колку и а звучи измислено постои и вистина во сето тоа...
Пак јас со моите лични искуства...ама имав дечко кој навистина го доживував како другар и ништо повеќе...типот и ми беше другар, па као забележавме некоја искричка и демек ај да пробаме, ама луѓе мои кога и да ме бакнеше се чувствував како да се бакнувам со брат или братучед...бљак...а типот беше срце...ама ете немав емоции какви што требаше да имам...и раскинавме а на жалост не останавме другари...се движевме во исти кругови ама секој по својот пат и на своја страна...
Некои луѓе иако ти се привлечни, ги знаеш, ги познаваш карактерно, сепак не те привлекуваат на таков начин, сексуален...
А тоа, еј мислам дека е најдобро да бидеме другари, е само еден од многуте клише исзговори за прекин на една врска...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор