Facebook хакиран?

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Што се случи со Facebook!?




facebook-closed.jpg

Најголемата социјална мрежа Facebook не работеше скоро три часа. Проблемите почнале во 6 часот наутро. За голем дел од Европа и Африка овој сервис беше неактивен. Ова е невообичаено за најпосетуваната интернет адреса на планетава, посебно што нема никакво известување, туку едноставно не се отвора никаква содржина, како страницата да не постои.
"Денес имавме технички проблеми поради кои Facebook беше недостапен на бројни корисници. Проблемот е решен. Се извинуваме." Вака гласи краткото соопштение од најголемата социјална мрежа.

извор: www.fakulteti.mk
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
:rofl
Фејсбук не работeше 90 минути, милиони луѓе почнаа да паничат
Најпопуларната социјална мрежа во светот Фејсбук утринава 90-тина минути беше надвор од употреба, доволно за да се создаде паника кај стотиците милиони зависници, кои имаа многу прашања, а немаа никакви одговори. Тоа се случи во периодот помеѓу 7.30 и 9 часот по македонско време, кога никој во светот немаше никаков контакт со мрежата во која огромен број луѓе живеат свој виртуален живот.
facebook_logo.png

Зошто не можеше да се пристапи на Фејсбук во моментов никој не знае. Единствено е јасно дека интернетот беше, но и е уште е преполн со прашања во врска со овој колапс.
Официјален одговор од сопственокот на Фејсбук, Марк Зукерберг, засега нема. Нема ниту информација зошто социјалната мрежа која е дел од секојдневието на милијарда луѓе во светот не можеше да биде пристапена утринава.
Една од теориите што може да се прочита на интернет е дека Фејсбук станал жртва на најголемата светска хакерска група „Анонимус“. Други, пак, велат дека ова беше само привремен застој поради одржување на огромната хардверска и софтверска машинерија, која стои зад социјалната мрежа.
Но, најавите беа дека прекинот поради одржување на системот ќе се случи на 15 март, а не денеска.
Во моментов само едно е јасно. Светот беше во паника, Фејсуб го немаше само 90 минути и тоа во раните утрински часови, барем за тие што живеат во Европа. Милиони луѓе се најдоа во куса дилема, дали да го чекаат на враќањето на Фејсбук или, пак, да излезат надвор и да го почувствуваат реалниот свет.
Нивната дилема брзо беше решена со враќањето на социјалната мрежа. Но, останува прашањето. Зарем светот толку е зависен од еден виртуелен свет, кој некој може во дел од секундата да го прекине, да направи истиот да исчезне.
http://www.time.mk/read/2c26eb2660/7ed06fb986/index.html
Боже, ја се чудев синоќа чатот ми збесна зашто само кај мене оно го снемало, добро е што размислувам за деактивирање. Ама 90 милиони луѓе ваууу болест.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Среќа за некои што траело само 90 минути прекинот. Ќе имаше доста срцеви удари денес насекаде низ светот.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Колку е животот поубав кога не се нервираш за банални работи како што е 90 минутна пауза од факбук. Ова ми е само причина плус зошто не би сакал никогаш да направам профил таму. Се обложувам дека после тоа фрчеа статуси и линкови поврзани со прекинот и како тоа сите почнале да се депримираат и помислиле дека е готово со нивниот божествен сајт на кој со години ја градеа својата репутација на манијаци и attention whores. (да не го заборавам долгогодишното градење на раноградинарски фарми и сл.)