Facebook хакиран?

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Само денес ќе немаме фб или... досадно е без него... :)
Не еве го се врати..

x.gif

x.gif

Facebook денес не работи среда, 07 март 2012

x.gif

Утрово се случува нешто чудно и ретко - Facebook не е достапен за корисниците повеќе од половина час


facebook-down-500.jpg


Најголемата друштвена мрежа Facebook не работи повеќе од половина час. Ова е невообичаено за најпосетуваната интернет адреса на планетава, посебно што нема никакво известување, туку едноставно не се отвора никаква содржина, како страницата да не постои.

Ниту претходно имаше било каква најава дека би имало прекин заради техничка интервенција или одржување, ниту се објавува било каква информација на алтернативните друштвени мрежи, како на пример Твитер, каде што Facebook има своја корисничка сметка.

Хакерската група Анонимус веќе подолго време се заканува дека ќе изврши фатален напад врз најпопуларната друштвена мрежа Facebook, но дали се работи за такво нешто ќе дознаеме од првите информации што ќе бидат достапни околу овој проблем.
ИЗВОР: http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=68452
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Какво хакирање, имаат некакви проблеми.
Дека онаа групана рекоа нешто демек во Март ќе го "исклучеле", па затоа прво помислив на тоа...
Само нека кажат да си симнам податоците па после нека фураат! :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Дека онаа групана рекоа нешто демек во Март ќе го "исклучеле", па затоа прво помислив на тоа...
Само нека кажат да си симнам податоците па после нека фураат! :D
Која група? Анонимус?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
:rofl
Фејсбук не работeше 90 минути, милиони луѓе почнаа да паничат
Најпопуларната социјална мрежа во светот Фејсбук утринава 90-тина минути беше надвор од употреба, доволно за да се создаде паника кај стотиците милиони зависници, кои имаа многу прашања, а немаа никакви одговори. Тоа се случи во периодот помеѓу 7.30 и 9 часот по македонско време, кога никој во светот немаше никаков контакт со мрежата во која огромен број луѓе живеат свој виртуален живот.
facebook_logo.png

Зошто не можеше да се пристапи на Фејсбук во моментов никој не знае. Единствено е јасно дека интернетот беше, но и е уште е преполн со прашања во врска со овој колапс.
Официјален одговор од сопственокот на Фејсбук, Марк Зукерберг, засега нема. Нема ниту информација зошто социјалната мрежа која е дел од секојдневието на милијарда луѓе во светот не можеше да биде пристапена утринава.
Една од теориите што може да се прочита на интернет е дека Фејсбук станал жртва на најголемата светска хакерска група „Анонимус“. Други, пак, велат дека ова беше само привремен застој поради одржување на огромната хардверска и софтверска машинерија, која стои зад социјалната мрежа.
Но, најавите беа дека прекинот поради одржување на системот ќе се случи на 15 март, а не денеска.
Во моментов само едно е јасно. Светот беше во паника, Фејсуб го немаше само 90 минути и тоа во раните утрински часови, барем за тие што живеат во Европа. Милиони луѓе се најдоа во куса дилема, дали да го чекаат на враќањето на Фејсбук или, пак, да излезат надвор и да го почувствуваат реалниот свет.
Нивната дилема брзо беше решена со враќањето на социјалната мрежа. Но, останува прашањето. Зарем светот толку е зависен од еден виртуелен свет, кој некој може во дел од секундата да го прекине, да направи истиот да исчезне.
http://www.time.mk/read/2c26eb2660/7ed06fb986/index.html
 

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Анонимус не би требало да го хакираат фејсбук бидејќи нели се борат за слобода на интернетот. :D
Опасни се дечките бе, како викаат: "ние сме анонимус, ние не простуваме, очекувајте не!" :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Анонимус не би требало да го хакираат фејсбук бидејќи нели се борат за слобода на интернетот. :D
Опасни се дечките бе, како викаат: "ние сме анонимус, ние не простуваме, очекувајте не!" :D
Врска немаат.. :D