Facebook дискусија и помош

Snow

Староседелец
29 април 2012
677
440
1,073
Марс
Кој нема Фејсбук сега ??? :eek:
Иначе 2-3 албуми можат да ми ги видат пријателите другите ми се скриени.. :)
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Facebook започна со скенирање на разговорите кои неговите корисници ги водат на chat, со цел да предупреди на можни криминални активности, пишува Mashable.

Софтверот за скенирање, функционира така што бара зборови или фрази кои се сомнителни, како што се на пример размената на личните податоци или вулгарните разговори. Софтверот најмногу се фокусира на разговорот кој го водат корисници кои немаат воспоставено врска на социјалната мрежа, односно не се пријатели или станале пријатели од скоро, а на пример се со огромна разлика во години. На овој начин, социјалната мрежа се бори со педофилијата и секс престапниците кои често го користат Facebook за да заведат малолетни членови.

Доколку софтверот за скенирање смета дека некој разговор е сомнителен, за тоа ќе ги алармира вработените во Facebook, кои потоа ќе одлучат дали има простор да се пријави случајот во полиција.

Ова не е прв пат Facebook да се вклучи во борба против криминал, бидејќи досега на неколку пати ја снабдил полицијата со докази како што се фотографии кои помогнале во случаи поврзани со убиства.
 

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Избришав 30 мислења кои се состоеа од споделување информации кои ги кршат правилата, оф-топик, караници и делење совети како девојката која прашуваше за хакирање да се однесува со дечкото. Ало бе, ова е тема за фејсбук дискусија и помош, каде видовте да има врска со хакови и делење љубовни совети?
Продолжете со дискусија во врска со темата!
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Можеби забележавте дека во последниве неколку месеци на Facebook е тешко да пропуштите кога некој ќе сподели фотографии кои сега се поголеми. Тоа е намерен дизајн бидејќи сликите се тоа што не привлекува на друштвените мрежи и Facebook го знае тоа многу добро.
Затоа и започна да тестира нова функционалност со фид за вести на кој ќе се истакнуваат уште повеќе слики кои ќе можат да се лакнуваат, коментираат и споделуваат директно преку фидот. Овој дизајн наликува многу на Pinterest, друштвена мрежа која стана супер популарна меѓу женската публика бидејќи е креирана само за споделување на слики и видеа, и ништо повеќе.
Според InsideFacebook, oвие фотографии се приказните кои се појавуваат од Open Graph апликации. Кога корисникот ќе кликнат на фотографиите тие се префрлуваат на апликациите. Но, се уште не се знае дали овие промени ќе ги опфатат сите апликации и кога.
Screen-Shot-2012-07-18-at-11.27-11.png

Screen-Shot-2012-07-19-at-10.391.png
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Се повеќе шпекулации има за Facebook брендиран телефон. Според последните гласини Facebook ќе изработи телефон заедно со HTC, а телефонот би излегол најрано до средината на 2013 година, пишува Bloomberg.
Според непотврдените информации, телефонот бил закажан за оваа година, но заради зафатеноста на HTC со други проекти телефонот е поместен за 6 месеци. Facebook пак, работи на модифицирање на оперативен систем за телефонот. Новиот оперативен систем најверојатно ќе биде специјализирана верзија на Android.
Ова не е прв пат Facebook да соработува со производители на мобилни телефони, иако до сега соработката единствено се сведуваше на подобра интеграција на друштвената мрежа на телефоните. Како што јавува CNET, ова не е ни прва најава за Facebook телефон што ја гледаме. Шпекулациите се појавија уште од 2010 година, но по неколку неточни вести, помеѓу кои најавувањето на HTC ChaCha и Salsa кој единствено имаат Facebook копче.
Каков ќе биде успехот на евентуалниот Fаcebook телефон е сè уште непознат, иако во анкета за AllThingsD заинтересирани за Facebook телефон биле единствено 12 проценти од анкетираните. Дали вие би купиле паметен телефон поради тоа што ја има најдобрата можна Facebook интеграција?
 

alekjov1234

Староседелец
3 август 2012
138
48
1,028
Имам Facebook и стварно ми е практичен, бидејќи стално таму се договара се. Интересно е да му гледаш сеир на уфилманите тинејџерки кои прават се за да привлечат внимание, моментално овие денови го преплавија Facebook со ask.fm профили, каде одговараат на секакви глупости. Сепак мислам дека не е проблем да имаш профил ако го користиш за нешто што ти е неопходно, и си во рамките на нормалното однесување таму.
 

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
29
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
има уште што користат мсн,, одамна не сум се вклучил xD

Пред да се појави фб-от се сеќавам сите на мсн.И јас еден ен влагам на мсн и гледам никој нема ис е прашувам,ова навистина нема никого или сите ме блокирале.. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор and Snow