1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Devious Maids

Дискусија во форумот 'Серии и емисии' започната од Давор, 4 декември 2013.

  1. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    435706625_640.jpg
    Комедија,мистерија,трилер,па дури и акција.Сите љубители на наведеново можат да и дадат шанса на серијава.Ве уверувам дека нема залудно да го потрошите своето време.
    Приказната започнува со забавата во домот на Адријан и Евелин која завршува фатално за една од слугинките. Таа паѓа во базенот целата во крв,а минута подоцна од кујната излегува момче со крвав нож во раката. Како што веќе претпоставувате, момчето е обвинето за убиството.
    Марисол Дуарте е новата слугинка на семејството Стапорд.Но таа се однесува малку чудно,не кажува премногу за себе, премолчува некои деталји и е премногу мистериозна. Таа дефинитивно нешто крие. Но каква тајна би можела да крие? Која е всушност Марисол Дуарте и зошто ја напуштила својата работа за да работи во куќата на Стапорд?
    Неколку животни приказни пратиме низ серијата додека се разјаснува убиството на Флора. Секс, тајни, лаги и исчезнати пари.Кој е всушност Адријан Пауел?И зошто Марисол мисли дека тој има некаква врска со убиството на неговата слугинка?
    Едно е сигурно:Марисол нема да се смири се додека убиецот на Флора Хернандез не се најде зад решетки.
    Мислите дека премногу ви открив?Не,воопшто. Отпрвин мислев дека серијата ќе биде нешто слично на Очајни домаќинки, но откако ме убедија да изгледам една епизода станав зависник од серијата. Прекрасни девојки (морам да ги пофалам организаторите бирале манекенки а не глумици :giggle),хумор и мистерија.

    Првата сезона има тринаесет епизоди,а втората сезона ја очекуваме во Август.
    ПС Сега гледам дека наскоро ќе игра на фокслајф,па кој не сака да троши интернет,може да ја гледа таму.

    whokilledflora.png
     
  2. Tantara

    Tantara Староседелец

    Зачленет на:
    31 октомври 2013
    Мислења:
    456
    Допаѓања:
    691
    звучи интересно :)
     
    На Давор му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    Можеш да го погледнеш и трејлерот па те очекувам со коментар откако ќе почниш да ја гледаш :)
     
  4. Tantara

    Tantara Староседелец

    Зачленет на:
    31 октомври 2013
    Мислења:
    456
    Допаѓања:
    691
    мм одлично, баш ми се гледа овој тип на серија сега...ќе ја симнам !
     
    На Давор му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tantara

    Tantara Староседелец

    Зачленет на:
    31 октомври 2013
    Мислења:
    456
    Допаѓања:
    691
    Ете ме, ја симнав вчера и прва епизода ја изгледав (на последна минута од епизодата ми се исклучи лаптопот) ама интересна е, ќе гледам и втора епизода имаше неколку сцени шо онака слатко се изнасмеав :)
     
    На Давор му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    Баш ми е мило :) Изгледај ги и останатите,па ќе коментираме (happy)
    ПС Далеееку е Август :( Али додека да дојде,ќе си ги изгледам уште еднаш сите епизоди од првата сезона.
     
    На Tantara му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: