1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Chromium деривати

Дискусија во форумот 'Наука и техника' започната од ilievvski, 30 мај 2016.

  1. ilievvski

    ilievvski Нов член

    Зачленет на:
    1 мај 2016
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    2
    Chromium е интернет прелистувач со отворен код од кој потекнува најкористениот прелистувач - Google Chrome.
    Јас лично не сум фан на Google Chrome, прво затоа што црпе огромни ресурси, второ затоа што ја прекина поддршката за 32-bit верзии на Linux и трето затоа што овој прелистувач е посредник преку кој Goolge црпе податоци за своите корисници.
    И да не ги земеме во предвид овие проблеми, испробувањето нови апликации, вклучително и најкористените - прелистувачи, може да биде интересно искуство. Затоа во продолжение ќе наведам неколку интересни Chromium деривати и ќе оставам да се произнесете дали користите некои од нив или знаете дополнителни.

    • Vivaldi - нов прелистувач со изглед кој потсетува на Opera. За основен пребарувач го користи DDG. Screenshot_2016-05-30_19-21-38.png
    • Opera - еден од најкористените прелистувачи за Андроид смартфони. До верзија 15 користеше свој сопствен код, по што се префрлија на Chromium. Screenshot_2016-05-30_19-26-26.png
    • Iron - Chromium верзија која има за цел да обезбеди заштита на приватноста. Нема URL тракери, нема сугестии, нема тракинг. Screenshot_2016-05-30_19-37-04.png
    • Yandex - овој прелистувач е интегриран со Yandex пребарувачот и преведувач, наменет за корисниците кои говорат руски јазик. Screenshot_2016-05-30_19-41-36.png

    Повелете со ваши искуства и предлози.
     
  2. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,098
    Baidu Spark исто така хромиум проект.

    Инаку околу хром, секој корисник има целосна контрола врз тоа што користи гугл од твоите податоци.
     
  3. Headache

    Headache Полноправен Член

    Зачленет на:
    14 јуни 2016
    Мислења:
    50
    Допаѓања:
    72
    Благодарам. Ајде да го пробаме..
    П.С Vivaldi ми се чини во ред за општа употреба.
     
    #3 Headache, 28 јуни 2016
    Последна промена: 28 јуни 2016

Сподели: