1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Charmed

Дискусија во форумот 'Серии и емисии' започната од Luckky, 27 март 2012.

  1. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809
    [​IMG]
    Волшебнички (Charmed) е американска телевизиска серија, продуцирана од Арон Спелинг. Се работи за три сестри кои се најмоќните добри вештерки во светот, во натприродната заедница познати како „Волшебничките“ (The Charmed Ones), но за сите други познати како Халивелови. Секој сестра поседува уникатни магични моќи коишто растат и се развиваат за време на нивните животи. Волшебничките живеат заедно во куќата на своите предци и ги користат своите натприродни моќи во борба против вештери, демони и други мрачни сили што живеат во Сан Франциско, Калифорнија.

    Приказната за Волшебничките започнува кога трите сестри Халивел — Пруденс (Prudence), Пајпер (Piper) и Фиби (Phoebe) — се смируваат и повторно се соединуваат како сестри со враќањето на Фиби одЊујорк 6 месеци по смрта на нивната баба. Истата ноќ, љубопитноста ја убедува Фиби да види што се крие на таванот. Таму Фиби открива една стара дебела книга со чуден знак на дебелите правливи корици. Читајќи еден мал текст од книгата, Фиби ненајдено изрекува магија која исполнува едно пророштво и благодарение на ова пророштво всушност сестрите дознаваат дека се волшебнички. Книгата се нарекува Книга на сенките (Тhe Book of Shadows).
    Тие откриваат дека поседуваат натприродни моќи, но и дека потекнуваат од познати вештерки. Првата од ова колено на вештерки, Мелинда Ворен, поседувала три моќи: моќта да помрднува предмети со својот ум (телекинеза), да го запира времето и да гледа во иднината. Но, за жал, Мелинда подоцна била убиена, т.е. изгорена. Како и да е, пред да умре, Мелинда предвидела дека секоја идна генерација на Ворен (подоцна Халивел) ќе станува сѐ посилна и посилна, сѐ до крајот додека не дојдат трите сестри - најмоќните добри вештерки што некој некогаш ги има видено. Тие три сестри ќе го исполнат древното пророштво и ќе се создаде т.н. „Моќ на трите“, најсилната волшебна сила што некогаш се родила.


    Дали ја пратевте оваа серија?? Мене ми е една од поомилените и често знам пак да си ја гледам :)
     
    На Стоименов, Aaliyah, Blondie и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. InnaLaurie

    InnaLaurie Истакнат Член

    Зачленет на:
    12 март 2012
    Мислења:
    281
    Допаѓања:
    322
    Ја пратев кога бев помала. Омилени ми беа.
    Со уште 2 другарки си игравме волшебнички, пишавме во една тетратка (книга на сенките :D), правевме напитки и магии за наставниците што не нервираа.
    Јас бев Пајпер. Добри времиња беа тоа. :D
     
    На Taa Sum.., Luckky, cece17 и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. ShakaZulu

    ShakaZulu Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    427
    Допаѓања:
    883
    Најстарата од трите сестри се жртвува за да ги спаси другите па ја наоѓаат нивната полусестра... и пак се три т.е. Моќта на трите е пак тука...
    ах времиња... кога си бевме млади и убави а сега останавме само убави ... ех да се вратиме десетина години наназад кога немаше шпанско турски серии и кога се на тв бар вредеше да се гледа... јбг гледам и сега фокс лајф и фокс крајм ама не е тото...
     
    На Стоименов, Aaliyah, Luckky и уште 1 член му се допаѓа ова.
  4. The puss in boots

    The puss in boots Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    221
    Допаѓања:
    147
    ја гледав како помал многу јака серија ! :D
     
    На Luckky му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Еј серијавааа! Ја пратев од почеток до крај, супер беше. Се сеќавам едно време (ако не и цело време), во недела навечер ја даваа, и таман пред спиење и утредента во школо муабетење за епизодата. :rolleyes
     
    На Luckky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. foREVer

    foREVer Староседелец

    Зачленет на:
    20 март 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,505
    One of my favorites. :) Лани ја даваа на Алсат и ја глеав по вторпат. Додуша повеќе заради секси типците гледав... :p

    julian mcmahon.jpg ivan sergei.png kerr smith.jpg eric dane.jpg victor webster.png

    мх мх мх
     
  7. Avona Vi

    Avona Vi Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    493
    Допаѓања:
    630
    Ааааа серијава.. ја гледав цело време.. ногу беше интересна :)
     
    На Luckky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cece17

    cece17 Староседелец

    Зачленет на:
    21 февруари 2012
    Мислења:
    270
    Допаѓања:
    204
    мн убава серија со нетрпение ја цекав секоја нова епизода сите беа добри и убави ама пајпер е нај :biggrin
     
    На InnaLaurie и Luckky им се допаѓа ова.
  9. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809
    и мене Пајпер ми е омилена :) Исто и Пру си ја сакам :)
     
    На cece17 и InnaLaurie им се допаѓа ова.
  10. Selma

    Selma Ingenious

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    4,375
    Допаѓања:
    7,070
    Не испуштав епизода, омилен филм ми беше. Татко ми ме лажеше имало дома таква книга со магии, колку само ја барав.
    Фиби омилена ми беше, и се внесував со серијата како да сум таму со нив.
    Минатата година симнав 1вата епизода да се потсетам, но лоша снимаката и ја оставив, ако најдам време летото ќе ја гледам. :)
     
    На Luckky му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: