1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Blackadder

Дискусија во форумот 'Серии и емисии' започната од Outrider, 10 јули 2013.

  1. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Ако нешто од телевизијата влијаело на креирање на моите ставови, тогаш тоа е британската ТВ серија Blackadder. Бидејќи вечерва имам напад на графоманија (шкрабализам) here it is...

    Серијата е типичен ситком но надвор од тоа - не е погодна за класификации. Снимени се 28 епизоди, 24 `редовни` во 4 сезони, пилот епизода и 3 `специјални` во период од 1983-1999.
    Жанровски се разликува од сезона до сезона.

    [​IMG]

    Првата серија се одвива во доцниот среден век, на дворот на кралот Ричард IV, каде неговиот син Едмунд е во центар на збиднувањата. Иритантна и скоро андрогена појава, Црната змија се обидува да го исполни погрешното пророштво на три гледачки и да стане крал. Сајдкикс му се лордот Перси, наивен аристократ со скромна интелигенција и Болдрик, лукав селанец и единствен потомок на несреќната средба помеѓу некаков свињар и жена со брада. Овие тројца остануваат перманентни ликови низ целиот серијал, останатите се повеќе како декор.

    [​IMG]

    Втората сезона е сместена во времето на Елизабета прва, кралицата-девица каде Едмунд и пријателите се обидуваат да опстанат и да се збогатат во кругот на тотално нервотичната кралица и нејзиниот привезок, расипаниот прв Лорд Мелчит. Тука имаме големо карактерно отстапување кај Едмунд кој веќе не е мизерна и бедна креатура со крештав глас туку man of his age, заводник, преварант и со забележлив пораст на умствените способности во споредба со неговиот предок.
    Тоа што отишло во главата на Едмунд, веројатно сценаристите го позајмиле од главата на Болдрик која станува сосема празна, нешто над минималните услови за да не биде ментално ретардиран. Но и како таков Болдрик успева да направи многу проблеми на самиот себе и на Едмунд. Перси повторно е Перси.

    [​IMG]

    Третата сезона се случува за време на Наполеонските војни, Едмунд малку физички различен од претходно но константен во своите бескрајни обиди да се обезбеди себеси со богатство. Болдрик е вљубен во една репка, а Перси прави пауза. Затоа тука е принцот од Велс, англискиот престолонаследник и син на лудиот крал Џорџ. Наследувајќи од татка си слаб ментален капацитет, принцот станува цел на едмундовите обиди да стигне до успех.

    [​IMG]

    Четвртата сезона е и најзрелата, сценаристички. Серијал со силна антивоена порака кој се случува во рововите на западниот фронт за време на првата светска војна, Blackadder е веќе помалку резигнирана фигура која својот потенцијал за цинизам и иронија го изоштрува до крајни граници. Како офицер од понизок ранг се обидува да преживее и ништо повеќе. Но и самото тоа е проклето тешко. Посебно со Болдрик како помошник. И Џорџ. Кој не е принц овојпат, само подофицер. Перси повторно го нема, иако е присутен во ликот на капетан Дарлинг, писар на генералот Мелчит, карикатурална фигура со наследен статус во општеството и воени способности на ниво на пијан орангутан. Како таков - е смртна закана за обичниот војник кој треба да умре извршувајќи некаква идиотска наредба.

    Пилот епизодата и специјалните епизоди одработуваат други теми, неповрзани со основната серија, но во истиот дух. Посебно онаа божиќната.

    Главна улога и носител на серијата е Роуан Аткинсон, легендата на светската комедија и доајен на сатирата, цинизмот, иронијата, сарказмот и метафорите со сексуални конотации. Познат на пошироката публика како Мистер Бин, улога која му донесе милиони фунти.

    Зад ликот на јадниот Болдрик се крие Тони Робинсон, неугледен актер кој стекна мал но значаен углед со глумата во Blackadder. Се сретнува и ден денес низ алеите на кабелските телевизии, поточно на Хистори каналот каде е водител на емисии за археологија и историја.

    Џорџ го глуми Хју Лори, денес голема ѕвезда благодарение на духовното чедо на Црната змија - Др.Хаус.

    Перси е Тим Мекинерни, опскурен англиски глумец, кој можеби и не се сеќава дека некогаш бил глумец.

    Позначајна улоги во серијата имаат и Стивен Фрај и Миранда Ричардсон.

    И така...шо мислите вие за серијава?
     
    На steppenwolf и parvati им се допаѓа ова.
  2. The High Commander

    The High Commander Староседелец

    Зачленет на:
    2 мај 2012
    Мислења:
    206
    Допаѓања:
    131
    Го изглеав цел серијал скоро и можам да кажам дека само втората и третата беа добри. Првата слободно може да се скокне. А четвртата... така-така.
     
  3. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    NISO BRAD JA SI REKOF KEMU JA KRSHI KICMATA U VTORA EPIZODA A VOA DOSADNO UPM NI CICKA NI KRF HEHE POZZ : D : D
     

Сподели: