1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Arrow и The Flash

Дискусија во форумот 'Серии и емисии' започната од MissChievous, 4 декември 2014.

  1. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Arrow и The Flash се 2 серии кои се дел од The CW Network тв каналот. Arrow започна со емитување на својата прва сезона во септември 2012 година, додека пак The Flash започна со емитување истиот период оваа година.

    Во Arrow се работи за еден млад богаташ Оливер Квин кој ќе доживее бродолом заедно со својот татко и неговата љубовница (сестрата на неговата девојка) и поради тоа, ќе се претпоставува дека е мртов. Но, после 5 години тој се враќа назад во својот град - Starling City, но сега е променет човек кој ќе започне да ги користи своите нови вештини во борење против негативците во градот. Неговиот главен атрибут се лакот и стрелата.

    arrow season 1 poster.jpg

    Arrow ми се допаѓа поради тоа што тој е херој кој нема супер моќи, а се бори против злото во својот град. Ми се допаѓа зошто иако ги пратиме моменталните случувања со Оливер, постојано се навраќаат на одредени моменти од периодот поминат на островот (но, како што подоцна можеме да видиме, островот е само мал дел). Ми се допаѓаат и другите ликови, најмногу Фелисити - паметна, убава, слатка, духовита. Во втората сезона на Arrow, го претставија ликот Бери Ален - човекот кој ќе стане The Flash.

    Бери Ален се буди после 9 месеци поминати во кома, отткако е погоден од гром. Во тој момент, тој открива дека громот кој го погоди му дал супер моќ - екстремна брзина. Заедно со доктор Харисон, Кејтлин и Сиско, тој се бори против мета- луѓето - оние луѓе кои исто така добиле супер ноќ за време на бурата предизвикана од неправилната работа на particle accelerator-от пред 10 месеци.

    the flash poster.jpg

    The Flash ми се допаѓа зошто секоја епизода запознаваме нов мета-човек со своја посебна моќ. Исто така, серијата има и хумористични моменти. Најмногу од се ми се допаѓа тоа што повремено ги внесуваат ликовите од Arrow, а особено ми се допадна епизодата Flash vs. Arrow која беше емитувана вчера како дел од The Flash серијата.


    И двете серии се направени според стрипови.

    Дали ги пратите овие серии? Дали ви се допаѓаат?
    Што е тоа што (не) ви се допаѓа?
     
    #1 MissChievous, 4 декември 2014
    Последна промена: 4 декември 2014
    На Tantara му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Auditore

    Auditore Староседелец

    Зачленет на:
    4 мај 2012
    Мислења:
    284
    Допаѓања:
    272
    Ако си гледала Smallville овие серии се реприза. Инаку да добро е пак да се гледаат вакви серии за некој шо читал стрипови и е запознаен со ваквиот свет.
     
  3. BlackTulip

    BlackTulip Староседелец

    Зачленет на:
    15 март 2013
    Мислења:
    628
    Допаѓања:
    789
    Mи се допаѓаат особено Arrow. Прво започнав да ја гледам Smallville таму го запознаваме ликот на Супермен , потоа се појавува ликот на Стрела и заедно се испрепрлетени двата лика. Овие две серии ги немам детално гледано, но самата историја за настанување на ликот ми се допаѓа. Се надевам на повеќе слободно време за Arrow :D
     
  4. Ice_Man

    Ice_Man Староседелец

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    440
    Допаѓања:
    236
    Ароу ги гледав првите 2 сезони.. не ми е којзнае што серија ,али онака за тепање време интересна е
    е сеа ова со префрлањево во Д Флеш не ми се допага,неккао многу на фантазии ми иде ,а тоа не ми се гледа

    и како бре со тие маски што ги носат не ги препознаваат :D :D :D
     
  5. ipopovski

    ipopovski Админ
    Член на администрација

    Зачленет на:
    30 септември 2011
    Мислења:
    1,738
    Допаѓања:
    2,349
    Arrow почнав да ја гледам и доста интересна ми се виде, ама само првите неколку епизоди.
    После некако ја затупеа и забегаа и престанав да ја глеам.
     
  6. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Сеуште не знам дали некој на форумов ја прати The Flash, ама сепак јас морам да поставам неколку прашања: докторов испадна дека е жолтиот тип со кого Бери се бореше (но, што е со борбата во стапицата тогаш?) или он е другата светлина која кружела околу мајка му? Уствари, мајка му едната светлина пробувала да ја убие, а другата да ја спаси? Тоа би значело, доколку докторот е лошата светлина, постои уште една која е добра како Флеш... хмммм...
     
  7. Auditore

    Auditore Староседелец

    Зачленет на:
    4 мај 2012
    Мислења:
    284
    Допаѓања:
    272
    Eпа во стриповите пишува дека кога Бери и Тоун ќе си ги зголемат моќите и ќе можат да патуваат со брзината на светлината тогаш ќе можат и да патуваат низ времето, фактички борбата меѓу Бери и Професор Зум (жолтиот тип) е времеплов, Зум пробува да се врати во времето и да му убие се што му е мило на Бери, а Бери се враќа за да си ги спасе родителите, за Зум сево ова е една игра на мачка и глушеч.
     
  8. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Оф леле... сериозно? Интересно звучи, но ова беше ооооооооооооооогромен спојлер за мене. Не дека не си го барав... :zelen
     
  9. Auditore

    Auditore Староседелец

    Зачленет на:
    4 мај 2012
    Мислења:
    284
    Допаѓања:
    272
    Извини ама според мене не е баш спојлер, ептен брзо ќе се открие кој е Зум и дека можат да патуваат низ време наскоро.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Само што ја изгледав mid-finale епизодата на Arrow. И што сега? What can they possibly измислат за да неговата смрт не е вистинска? Го прободе на сред торзо со меч и го бутна од cliff. Не можам да замислам дека ќе биде интересно сценариото каде што Оливер ќе го преживее ова.
     

Сподели: