2013-та филмови (општа дискусија)

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Го имав ставено плакатот, не знам ни зошто се изгуби, а се гледаше :^) за овој филм мислев, режисерот е Lars Von Trier

2ewjzap.jpg
Најубаво е освен сликите да ставате и напишано име на филмот, зошто најчесто се бришат сликите од сајтовите, а што се тиче мене и оваа навика со сликите е сосема непотребна, ништо повеќе не кажува за филмот една слика што одзема толку многу од постот и од странава воопшто, од тоа што можеме да го кажеме ние со две три реченици....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: foREVer

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Добро џабе ли го чекав филмот?
Oldboy (2003) - 8,4
Oldboy (2013) - 4,8 ?!
Ако некој го гледал по некоја случајност, или подобро ги гледал двата нека даде една рецензија и нека им удри една споредба.

Се знае дека штом излезе феноменален филм од неамеричка продукција, Америте му прават римејк кој не е ни 3 скалила добар колку првиот. Ги немам гледано, ама оценките сами кажуваат кој би требало да го погледнеш од овие два, иако мислам имаше пишано дека го нејќеш јазикот на Корејциве.

Друго, на листава кај и да е ќе бидат додадени и The Call, The Hunger Games 2, Drinking Buddies, Prisoners, We're the Millers и Assassin's Run, како ќе бидат гледани по ред.

ЕДИТ на листата:
Despicable me 2 - ми беше тешко разочарување, што заради очекувањата од првиот дел, што заради овациите од така наречените хипстери, кои не погледнале постар филм од 2006-та, со зборови како најјак е филмоот и ми ги набилдаа очекувања дека е на ниво на кецот, ама не беше. А арно мама ми вика: Не слушај ги другите. :place Сите го збореа, така што нема потреба од некои објаснувања за содржина. Ако првиот дел ми беше чиста 10ка, вториов ми е 7-ца.

The Lone Ranger - за филмот немав некои очекувања, дури ми беа и под нивото заради тоа што сите велеа како лош бил, ама мене ми беше интересно да го гледам Џони од пират како се трансформира во индијанец, клише филм, клише сцени и по неколку хумористични моменти со Џони Деп. Може малку смараше нарацијата на стариот Џони додека му раскажува на детето, ама како филм за релаксација и без очекување е таман. Џони е индијанецот Тонто и сега веќе остарен раскажува за своите авантури со еден шериф. Оцена 6-ца.

The East
За филмов исто така имав доста позитивни критики слушнато, па го изгледав. Добар беше, ама ништо посебно. Полицајка ја праќаат на мисија да спречи анархистичка група која планира напади врз општеството, ама не испаѓа се по планот. Интересно филмче за тоа како медиумите и политичарите ни прават коктели како светот е розов и се е во хармонија, а ние нема потреба да се секираме за ништо. Оцена 7.5. Препорачувам.

Тhe Counselor
Доказ дека плејада добри филмски ѕвезди (Мајкл Фасбандер, Бред Пит, Хавиер Бардем, Пенелопе Круз и Камерон Дијаз) и добар режисер (Ридли Скот), не се дефиниција за добар филм. Потребно е и добро разработено сценарио, а и добра глума од наведениве и многу други фактори кои сега може не ни изгледаат важни. Првата сцена ми беше сосема непотребна.
Фасбандер т.е. д Каунселор и ја лиже немиената на Круз (facepalm) Кои смешки паднаа на сценава.
Фасбендер ми беше добар, добри емоции прикажа при крајот, Бред Пит - тежок просек, Хавиер Бардем со косицата никаква ми идеше да го пукам со калашњиков, Круз слаба иако имаше мала минутажа, Камерон Дијаз беше фина како негативец, ама танцот на колата, беше фуј (знаат оние што го гледале филмов). Лошо разработено сценарио, не завршен филм според мене, никаква порака, не препорачувам да се гледа. Оцена 5.2


Предлог темава да биде отворена до оскарите, а потоа да се затвори и да се изберат најгледаните филмови од 2013 според темава, најлошо оценети, најдобри..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Непосредно пред оскарите, да си направиме и ние една церемонија на наш начин.

Номинирајте по три ваши кандидати во соодветна категорија и изберете го вашиот фаворит за секоја категорија од филмовите од оваа година.

Пример: Категорија: Најдобар филм
Ги номинирам: The great Gatsby, Gravity и The wolf of Wall Street.
Победник во оваа категорија: The great Gatsby.

Категориите ги избрав да бидат достапни и за оние кои помалце се разбираат во филмскиот свет. Т.е не толку страсни филмомани. Може и да си ја надополните одлуката со по некој збор два, но не е морално.

Категории:
- Најдобар филм
- Најдобра машка главна улога
- Најдобра женска главна улога
- Најдобра машка споредна улога
- Најдобра женска споредна улога
- Најдобар анимиран филм

И, една категорија во која ќе си номинирате по Вас три најлоши филмови од 2013 та и ќе го изберете и среќниот победник :)
- Најлош филм

Темата ќе си остане отворена за и понатаму со секој нов гледан филм од 2013 та, да можете да си ги менувате и споредувате номинациите.
А и за оние нови кои подоцна ќе ни се придружат, да имаат шанса да споделат мислења.

Будно пратете ги престојните филмови, да бидете во тек со следните форумски оскари 2015. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen and Змејче