17 факти кои го опишуваат "Вистинскиот Македонец"

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143

Ние, Македонците, секогаш се истакнуваме како најсупериорната раса во светот, но статистиката покажува дека тоа не е баш така. Ја сакаме Македонија, и уште повеќе македонштината во нас, и така треба да биде.

Културата и јазикот на соседите не ни е интересна, но затоа знаеме многу работи за Американците, Германците или Англичаните.

Карактеристиките по кои се разликуваме, и по кои се препознаваме, се во нас. Некои ќе ви бидат смешни, некои глупави, но најголем дел од нив се вистинити.

Ова се 17 факти кои го опишуваат "Вистинскиот Македонец"

1. Се жалите цело време на животот, како нема пари, иаоко никогаш немате храброст да превземете нешто во врска со тоа.

2. Уверени сте дека Македонија е најубавата земја во светот, иако никогаш немате излезено надвор од Македонија.

3. Ги убедувате луѓето за вредноста и оригиналноста на Македонскиот јазик а при тоа користите англиски и други зборови.

4. Вашите родители се убедени во тоа дека ако не завршите факултет ќе бидете никој и ништо.

5. Никогаш не седите покрај отворен прозорец, бидејќи родителите ве имаат убедено дека ќе добиете воспаление поради "промаја". Дури и во лето.

6. Вашата 13 годишна сестра може да испие алкохол повеќе од некој странец.

7. Уште од раѓање станувате експерти во три области: Политика, медицина и фудбал.

8. Уверени сте дека проблемите на стадион и во сала секогаш ги предизвикува полицијата.

9. За време на празник има повеќе јадење на маса одколку што е потребно.

10. Барем еден член од Вашата фамилија сам си прави вино или ракија.

11. Живеете со родителите се додека не се ожените/омажите.

12. Кога и да се разболите Вашата мајка мисли дека е поради тоа што не се храните доволно.

13. Вашите баби и дедовци носат три слоја на облека независно од тоа кое годишно време е.

14. На било која македонска свадба има најмалку по 500 гости од кои половината и повеќе младоженците воопшто не ги познаваат.

15. Пред пријателите не викате никогаш "мојата сопруга" туку "онаа мојана"

16. Вашите родители не се разбират во вегетаријанство

17. Ако некогаш нешто во државата тргне на лошо, секогаш го поврзувате со Грција.


20120627-makedonec.jpg
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Премногу општо и полно со стереотипи. Но ме насмеа:)))
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
9. За време на празник има повеќе јадење на маса одколку што е потребно.

Само ова е вистина, па не мора ни да е празник. И јас го практикувам ова само затоа што моите пријатели секогаш јадат. И кога не им се јаде - јадат.

За останатите ми е задоволство да кажам дека во ниедно не се пронаоѓам себе си, но некои ме насмеаа. И ако некој кон својата сакана личност се обраќа со "oној мојон" или "онаа мојана" тоа ги прави само тешки сељаци.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars