Од 30ти август до 14ти септември 24 репрезентации ќе се борат за златниот медал. Победникот автоматски ќе се квалификува на летните олимписки игри во 2016. Ако победи Бразил (што нема шанси да се случи) тогаш втората најдобра репрезентација ќе оди директно на олимпијада, затоа што Бразил како домаќин е веќе квалификуван.
Натпреварите ќе се играат во 6 градови низ Шпанија а финалето ќе се игра во Мадрид. Во трка за домаќини на ова светско биле 9 држави од кои останале само Кина, Италија и Шпанија. Кина имала најмалку гласови а Италија за 4 гласа не успеа да ги добие правата за организација.
Фаворити за златниот медал се Американците, но не треба да се отпишуваат ни Шпанија, Франција, Литванија, исто така изненадување можат да направат, Хрватска, Аргентина, Порторико.
Шпанија е во најсилен состав, така да од нив се очекува најмногу. Америка можеби не е дојдена со дрим тим ама секогаш се фаворити број еден.
Еве ги и групите за крај.
Група А: Шпанија, Србија, Франција, Египет, Иран и Бразил
Група Б: Филипини, Сенегал, Грција, Аргентина, Хрватска и Порторико
Група Ц: Доминиканска Република, Турција, Финска, Украина, САД и Нов Зеланд
Група Д: Литванија, Јужна Кореја, Ангола, Словенија, Мексико и Австралија
Јас навивам за Шпанија, па на 14ти септември ќе видиме дали уште сум баксуз.