100.000 евра или љубов?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Можно е да има ретки случаи кога родителите сакаат да раздвојат пар поради економскиот амбис кој ги дели заљубените ама некако ми се чини дека побрзо би ангажирале рекетари да го `убедат` несудениот зет или сплетки со муабети за наводно неверство...не за друго, поефтино е... тешко некој да извади кеш на маса.

Да, сосема си во право за тоа, но зборувам за случај на познаничка кој навистина те остава со подотворена уста.
Родителите на момаков, нели, богати луѓе на кои им е под ниво да зборат дека синот имал цура што не е од нивни кругови, не везе гоблени и не го свири Шопен, и така со арно, со убаво, ја подбрале девојкава и ја прашале колку планирала да го измолзи, да ѝ даделе толку за да се тргнела.
Нормално, низок удар, но одлична стратегија, зашто секој со грам мозок и самопочит би се навредил и би бегал од такви.
И така пукнала „љубовта“, зашто мали не можел/не сакал да противречи на своите.
Триста луѓе, триста чуда. Некои едноставно не знаат за повредни вредности од хартиите кои ги имаат во џеб.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and malo

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
31
Pax Terra
Само спиритуализмот или моралното гледање може да спои луге без разлика на боја на кожа, раса, јазик. Само така секој човек би имал достоинство како индивидуа, разбирање сочуство...Секогаш целиш кон надминување на гневот со љубов, злото со добро, лагата со вистината...
Ова не го зборам од некои си религиозен аспект еве наведов и погоре морално гледање.
Додека материјализмот е како рулет имаш чуство дека секогаш можеш нешто да изгубиш, секогаш сакаш да придобиеш нешто "Ова е мое", никакво сочуство, секогаш се во твој интерес и итн.
Може забегав и од темава ама нема врска, не би ги одбрал никогаш парите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, Lena and Prashina

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Се согласувам.
Но!?
Колку време би издржале 24 часа љубов?
Додуша и кога работиме љубиме некого,додек учиме....
Не сме лишени од љубовта ако не сме постојано до човекот кој го љубиме.

24 часа љубов би издржале вечно во случај да го поминеме животот со човекот кој го сакаме затворени во една соба правејки ги работите кои нам ни одговараат и уживаме да ги правиме... или на некој пуст остров нека биде, сеедно... љубовта станува напорна и тешка кога човек ке добие можност за трмпа, секогаш е така. Човекот по природа е неблагодарно и вечно незадоволено суштество, секогаш трага по ``недостижни`` цели, се мачи цел свој живот да ги достигне, ги достигнува и оп одеднаш ке му текне дека некаде на друго место има поинтересни богатства кои ке го искушуваат до избезуменост. Е сега несакам да генерализирам, ама замислете што ке се случува во мозокот на едно просечно човече кога ке ја слушне понудата за која дискутираме? Прво ке помисли што се би направил со тие пари, ке се лигави по куката, колата, облеката што сака да ги има, по славата што може да ја добие ако тие пари ги насочи кон тоа, па и изборот за партнер ке се зголеми, ке се прошири кругот... па после ке си размислува дали е морало да прифати таква понуда, што ке кажат другите, пошто пази тоа многу битен момент во ваква ситуација, не е само што ке одбере, туку и како ке биде сето тоа прифатено... па после ке си спомнува за тоа колку го сака другото човече покрај себе...
И доолку успее да си ја смири совеста да се поткрепи со аргументи дека има причина да ги одбере парите, доколку успее да си се утеши и оправда самиот себе ке се одлучи за нив...
Од друга страна послтојат луѓе кои имаат поинакви вредности во животот и нема да бидам скромна ке си кажам дека и јас сум таква или мислам дека сум таква во краен случај сакам да бидам таква, кои ја подценуваат вредноста на парите и без да им трепне око ке одбијат и многу поголема сума и сите пари на светот да се понудени не би биле причина за да го задржат нивното внимание на оваа глупост, ама пази, не поради љубовта, не поради партнерот, не поради стравот од загуба и такви слични лигавења, па сите знаеме дека ништо не ни е ветено и сигурно... туку поради самите себе...
И да, би издржале 24 часа љубов доколку сватиме дека љубовта извира внатре во нас, дека не треба да ја бараме некаде надвор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle, melpomena and Lena

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
За 300 евра месечно имаат умирано љубови како муви, поради работа во странство љубови имаат паѓано како британски војници на Сома, дури и за фискално неодредени ентитети љубовта има страдано но тоа е разбирливо во денешниот свет, темава е за фантомска понуда само за да се раздвои некој пар, како што напишаа погоре - митот стартувал од Холивуд :)
Љубовта никогаш не била во поголема криза, се` е ставено на пазар, илузијата дека зад аголот чека подобар партнер е како дрога, капитализмот станува начин на живот.

Да де, ама исто е. Разликата е во начинот на кој ке дојдеме до парите, цената е таа, а тие што се склони кон лакомење нема никогаш да ја разберат.
 

Coci8

Староседелец
26 април 2013
106
55
1,038
42
Skopje
Би ја одбрал саканата ипак,пари се заработуваат,љубов не
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
24 часа љубов би издржале вечно во случај да го поминеме животот со човекот кој го сакаме затворени во една соба правејки ги работите кои нам ни одговараат и уживаме да ги правиме... или на некој пуст остров нека биде, сеедно... љубовта станува напорна и тешка кога човек ке добие можност за трмпа, секогаш е така. Човекот по природа е неблагодарно и вечно незадоволено суштество, секогаш трага по ``недостижни`` цели, се мачи цел свој живот да ги достигне, ги достигнува и оп одеднаш ке му текне дека некаде на друго место има поинтересни богатства кои ке го искушуваат до избезуменост. Е сега несакам да генерализирам, ама замислете што ке се случува во мозокот на едно просечно човече кога ке ја слушне понудата за која дискутираме? Прво ке помисли што се би направил со тие пари, ке се лигави по куката, колата, облеката што сака да ги има, по славата што може да ја добие ако тие пари ги насочи кон тоа, па и изборот за партнер ке се зголеми, ке се прошири кругот... па после ке си размислува дали е морало да прифати таква понуда, што ке кажат другите, пошто пази тоа многу битен момент во ваква ситуација, не е само што ке одбере, туку и како ке биде сето тоа прифатено... па после ке си спомнува за тоа колку го сака другото човече покрај себе...
И доолку успее да си ја смири совеста да се поткрепи со аргументи дека има причина да ги одбере парите, доколку успее да си се утеши и оправда самиот себе ке се одлучи за нив...
Од друга страна послтојат луѓе кои имаат поинакви вредности во животот и нема да бидам скромна ке си кажам дека и јас сум таква или мислам дека сум таква во краен случај сакам да бидам таква, кои ја подценуваат вредноста на парите и без да им трепне око ке одбијат и многу поголема сума и сите пари на светот да се понудени не би биле причина за да го задржат нивното внимание на оваа глупост, ама пази, не поради љубовта, не поради партнерот, не поради стравот од загуба и такви слични лигавења, па сите знаеме дека ништо не ни е ветено и сигурно... туку поради самите себе...
И да, би издржале 24 часа љубов доколку сватиме дека љубовта извира внатре во нас, дека не треба да ја бараме некаде надвор.

Потполно се согласувам.Но сепак околу она 24 часа заедно незнам дали би издржала.
Понекогаш и кратките ,,разделби,, ја јакнат љубовта.
Значи збориме за љубов во денешното општество,не во некое замислено кое е ,,невозможно,,.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
100.000 евра се многу малку.Купи еден двособен стан.Опреми го со мебел и бела техника.Еден килим.И толку.

Станот полн ама празен.
 

sandr@

Нов член
7 ноември 2013
1
2
3
41
Многу одамна постоел еден мал остров каде што живееле сите емоции и вредности на луѓето: радоста, тагата, знаењето, богатството, гордоста... и љубовта заедно.
Еден ден се јавила опасноста од исчезнување на островот, што ги натерало жителите да го напуштат. Така сите освен љубовта ги спремиле своите бродови за заминување од островот.
Љубовта не верувала во тоа дека островот ќе исчезне. Кога и највисоката точка на островот била прелиена со вода, љубовта решила да го напушти островот. Бидејќи не го подготвила бродот на време, побарала помош.
Богатството поминувало во близина на една луксузна јахта и љубовта му се обратила за помош. "Богатство, можеш ли да ме земеш со себе?"
А богатството одговорило: „Не можам. Има многу злато и сребро така што немам место за тебе!“
Тогаш љубовта побарала помош од гордоста што поминувала на еден прекрасен едрењак, а гордоста веднаш одговорила со: „НЕ! Тука е толку совршено што можеш да ми го расипеш комодитетот!!!“
Тогаш љубовта побарала помош од тагата, а таа и одговорила: "Толку сум тажна што сакам да бидам сама!"
И радоста поминала покрај љубовта ама била толку радосна што не ја слушнала љубовта како очајно моли за помош...
Најпосле одненадеж се јавил еден глас: “Дојди љубов, ќе те спасам од овој потоп.“
Тоа бил еден старец. Љубовта толку се усреќила што заборавила да го праша старецот за името негово. Кога веќе стигнале на копно, старецот си заминал.
Тогаш љубовта сфатила колку му била должна на својот спасител, и го прашала знаењето: „Знаење, можеш ли да ми кажеш кој беше овој човек што ме спаси од потопот?“
„Времето!“ одговори знаењето. Љубовта се прашувала зошто баш времето ја спаси. Не можејќи да ја гледа љубовта толку збунета и несигурна, знаењето одговорило: „Затоа што само времето може да разбере колку љубовта е важна во животот.“

Нешто извадено од ваш автор....мислам дека е соодветен одговор на прашањето ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_Mayor and Coci8

bibuska

Истакнат Член
10 октомври 2013
7
3
103
44
Секојдневно ни се случува да ја трампаме љубовта за пари, можеби не за таква сума оддеднаш и можеби не за тој тип на љубов, ама не би била изненадена доколку изборот на повеќето ``срекници`` кои би добиле ваква понуда би се одлучиле за парите.
Размислете колку често се лишувате од слободата поради пари. Колку од нас одбираат професија што не ја сакаат поради тие пусти пари. Колку од нас одбираат погрешен партнер поради пари. Дозволуваме да ни бидат испрани мозоците поради пари. Си ја подценуваме интелегенцијата и креативноста поради пари. Самите си се замолчуваме, трпиме, си плукаме на достоинството и гордоста поради пари. Постојано правиме нешто што не би го правеле кога не би биле парите толку битни, а тоа со трампата на партнерот ни звучи страшно пошто сме многу уфилман народ, гледаме многу турско-индијски серии и кршиме чаши на Аца Лукас.
Потполно се согласувам посебно со делот кога некои од нас одбираат погрешна професија или погрешен партнер заради париеѓутоа по неколку години и најсилната заљубеност поминува, љубовта поминува или во најмала рака се преобразува.Па човек да размисли што ќе одбере живот без љубов или живот без пари.Ах да напоменам и дека се се преболува во животов а без пари не се живее.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
ќе си ги земам парите и пак ќе продолжам да си се гледам со саканата личност дури може и да отидеме заедно некаде далеку, пари ќе имаме гајле ќе немаме :D
Тие што нудат нека нудат и повеќе ич не ми е проблем :)