100.000 евра или љубов?

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
со сто милиони евра има 10 свадби да направам и пари за осум куќи да ми останат хеееееххехехе од љубов куќа не се прави

Дечко, ај препрочитај ја понудената сума....

За сто милиони евра во државава ќе те утепаат најглупи крадци пред да напраеш 8 куќи и да се ожениш 10 пати...just saying...
 
коста

Истакнат Член
21 мај 2013
145
61
328
35
Дечко, ај препрочитај ја понудената сума....

За сто милиони евра во државава ќе те утепаат најглупи крадци пред да напраеш 8 куќи и да се ожениш 10 пати...just saying...
ами ќе појда странство јхеехехехе што си и ти чудна
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
ами ќе појда странство јхеехехехе што си и ти чудна

Аааа е тоа е више друг муабет, извињавам се дубоко :)
Тогаш ај со здравје троши ги, во странство нормално, ах И прво најмиси телохранители ;)
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не сте налетале вие на родители кои навистина се спремни да платат одредена сума пари за ништожникот да им се тргне од синот/ќерката оти наводно трча само по пари и не е компетентен/на за нивното синче/ќерче, инаку ги има таквите плитки персони, што е жално.

Мене сиов концепт љубов vs. пари ми е глуп. Демек перфектна замена се едно за друго, или ако имаш едно, нема да имаш друго, па тешка одлука е?
Зошто пари? Зошто да не земеме хипотетичка ситуација каде ни нудат партнер многу покомпатибилен од сегашниот на секое поле, а ние сме луди по овој со кој сме сега? Тогаш да видиме како ќе пецне и како би ни работел мозокот. Хартии од вредност ми се out of the question. (n)
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Секојдневно ни се случува да ја трампаме љубовта за пари, можеби не за таква сума оддеднаш и можеби не за тој тип на љубов, ама не би била изненадена доколку изборот на повеќето ``срекници`` кои би добиле ваква понуда би се одлучиле за парите.
Размислете колку често се лишувате од слободата поради пари. Колку од нас одбираат професија што не ја сакаат поради тие пусти пари. Колку од нас одбираат погрешен партнер поради пари. Дозволуваме да ни бидат испрани мозоците поради пари. Си ја подценуваме интелегенцијата и креативноста поради пари. Самите си се замолчуваме, трпиме, си плукаме на достоинството и гордоста поради пари. Постојано правиме нешто што не би го правеле кога не би биле парите толку битни, а тоа со трампата на партнерот ни звучи страшно пошто сме многу уфилман народ, гледаме многу турско-индијски серии и кршиме чаши на Аца Лукас.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

За 300 евра месечно имаат умирано љубови како муви, поради работа во странство љубови имаат паѓано како британски војници на Сома, дури и за фискално неодредени ентитети љубовта има страдано но тоа е разбирливо во денешниот свет, темава е за фантомска понуда само за да се раздвои некој пар, како што напишаа погоре - митот стартувал од Холивуд :)
Љубовта никогаш не била во поголема криза, се` е ставено на пазар, илузијата дека зад аголот чека подобар партнер е како дрога, капитализмот станува начин на живот.

ами ќе појда странство јхеехехехе што си и ти чудна

u trollin`? or i`m mistakin`

Не сте налетале вие на родители кои навистина се спремни да платат одредена сума пари за ништожникот да им се тргне од синот/ќерката оти наводно трча само по пари и не е компетентен/на за нивното синче/ќерче, инаку ги има таквите плитки персони, што е жално.

Мене сиов концепт љубов vs. пари ми е глуп. Демек перфектна замена се едно за друго, или ако имаш едно, нема да имаш друго, па тешка одлука е?
Зошто пари? Зошто да не земеме хипотетичка ситуација каде ни нудат партнер многу покомпатибилен од сегашниот на секое поле, а ние сме луди по овој со кој сме сега? Тогаш да видиме како ќе пецне и како би ни работел мозокот. Хартии од вредност ми се out of the question. (n)

Можно е да има ретки случаи кога родителите сакаат да раздвојат пар поради економскиот амбис кој ги дели заљубените ама некако ми се чини дека побрзо би ангажирале рекетари да го `убедат` несудениот зет или сплетки со муабети за наводно неверство...не за друго, поефтино е... тешко некој да извади кеш на маса.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Секојдневно ни се случува да ја трампаме љубовта за пари, можеби не за таква сума оддеднаш и можеби не за тој тип на љубов, ама не би била изненадена доколку изборот на повеќето ``срекници`` кои би добиле ваква понуда би се одлучиле за парите.
Размислете колку често се лишувате од слободата поради пари. Колку од нас одбираат професија што не ја сакаат поради тие пусти пари. Колку од нас одбираат погрешен партнер поради пари. Дозволуваме да ни бидат испрани мозоците поради пари. Си ја подценуваме интелегенцијата и креативноста поради пари. Самите си се замолчуваме, трпиме, си плукаме на достоинството и гордоста поради пари. Постојано правиме нешто што не би го правеле кога не би биле парите толку битни, а тоа со трампата на партнерот ни звучи страшно пошто сме многу уфилман народ, гледаме многу турско-индијски серии и кршиме чаши на Аца Лукас.
Се согласувам.
Но!?
Колку време би издржале 24 часа љубов?
Додуша и кога работиме љубиме некого,додек учиме....
Не сме лишени од љубовта ако не сме постојано до човекот кој го љубиме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence