1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

1 телевизија (1tv.mk)

Дискусија во форумот 'ТВ' започната од Marcello, 22 март 2018.

  1. Marcello

    Marcello Староседелец

    Зачленет на:
    17 декември 2014
    Мислења:
    103
    Допаѓања:
    50
    На Шутел и Едо сигурно има подобри водители од овие на 1 тв поготово тој што им е во Студио 1 целиот е збунет, со чудни движења, тикови..

    Единствено сега ми се допаѓа што има филмови и се посветува и дава почит кон македонската музика.

    Баш ме интересира како ќе биде емисијата на Тијана, Вечер со Тијана.
     
    На Makedonec и pozdrav eden topol им се допаѓа ова.
  2. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,461
    Допаѓања:
    1,179
    Треба да направат интересни емисии, како што беа оние на Боки 13 на поранешната А1. Има да им рипне гледаноста одма.
     
  3. Marcello

    Marcello Староседелец

    Зачленет на:
    17 декември 2014
    Мислења:
    103
    Допаѓања:
    50
    На Боки веќе не му е тој филмот он се повлече од медиумите и шоу бизнисот, сега е бизнисмен во сенка и ретко се појавува во медиуми.

    Ќе има емисија со Тијана некоја вечерна со разговори и музика каде ќе вика гости од Екс ју државиве и од Македонија. Нешто како што имаа Сител со Жаре Бербер.

    Нас сепак ни требаат повеќе македонска продукција серии, лиценцирани квизови и лиценцирани талент музички шоуа. Македонија има таленти за глума и пеење и тоа треба да се искористи.
     
    На Makedonec му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,461
    Допаѓања:
    1,179
    Кога би го земале Македонски идол на нивна телевизија топ работа би завршиле.
     
  5. Marcello

    Marcello Староседелец

    Зачленет на:
    17 декември 2014
    Мислења:
    103
    Допаѓања:
    50
    Само да има кој да се грижи после за тие што ќе влезат во завршна фаза.

    Првиот победник Кико од Идол кој го организираше А1 заврши како газда на кафана и свирки има чат пат а се проба и во Србија на Икс Фактор. Сега веќе и го снема од медиумите.

    Другите исто гураа додека имаше кој да им дава "подршка" и потоа ги снема од медиумите па и од музиката.

    Повеќето пак крајниот спас во талентот со пеењето го гледаат во Ѕвезде Гранд бидејќи знаат таму ако влезат во финале ќе имаат поголема подршка од продукцијата а ќе бидат и барани по свирки, концерти, свадби, крштевки и поголема е шансата за повеќе да им се дигне цената од настапи.
     
    На Makedonec му/ѝ се допаѓа ова.
  6. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,098
    Јас колку што знам телевизијава не е планирана отпрвин ни да биде по оператори туку договорите се склучени после пуштањето и кога согледаа дека имаат голема гледаност. Нормално, почеток е и немаат исполнета програма и треба да им се даде малку време да си направат добра екипа и програма. Кабранов е добар уредник, долго време е во тие води и сигурно има доволно тежина за да ги направи првите чекори на нова телевизија. Со тек на време ќе се исфилтрира квалитетот и телевизијата ќе си биде тоа што сите очекуваме. Ќе откупат некоја лиценца за спортски натпревари, малку музика, некое филмче, вести, дебатни емисии и доволно е за да се потполни неделна програма.
     
  7. Marcello

    Marcello Староседелец

    Зачленет на:
    17 декември 2014
    Мислења:
    103
    Допаѓања:
    50
    Кабранов како новинар е безвезе.

    Туку телевизијава се отвори баш период кога многу новинари и водители со искуство веќе си имаат работа по други телевизии но сепак доаѓа и лето па тогаш повеќето од тие новинари и водители одат на одмори нивни проекти се на пауза и тогаш можно е д се направат трансфери за во есен да улета некој во 1тв.

    Јас го очекувам ова.
     
    #17 Marcello, 14 април 2018
    Последна промена: 14 април 2018
  8. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,461
    Допаѓања:
    1,179
    To be real, после А1 се е телевизија во покушај :D
     
  9. Marcello

    Marcello Староседелец

    Зачленет на:
    17 декември 2014
    Мислења:
    103
    Допаѓања:
    50
    Кога се појави А1 и постоеше тогаш немаше толку развиен интернет, не знаевме за торенти, за некого единствен начин за гледање филм беше телевизијата и неколкуте тогашни канали, бидејќи не беше толку развиен интернетот голема забава ни беше седење пред телевизорот. Тоа што ќе ни сервираа телевизиите (во случајов А1) се гледаше и затоа тоа време А1 беше гледана а тука би ја ставил и МРТ.

    Денес со еден до два клика си до достапност на милион тв канали ,милион филмови, серии и емисии од светот, информации добиваме на ден по 20тина и повеќе дури во час и минута. Можеби ова се причините денес да нема кај нас толку јака програмски македонска телевизија.
     
  10. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,461
    Допаѓања:
    1,179
    Тргни го гледањето на филмовите и сериите, зошто такви филмови о онака сега на тв нема :D На а1 гледавме филмови и серии и тоа квалитет, дрцата цртани филмови со македонски превод што е многу битно, а не ко денес турски серии каде се некој се убива или умира и без цензура наменето за сите гледачи. На а1 имаше емисии од забавен карактер, нешто што нема на другите телевизии. Ова пинкови ѕвездици, грандовци, карасевда, само вистина, се тешко смече.
     

Сподели: