„Неморални" жени

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Првиот пат кога те цитирав ја кажав својата поента,и воопшто не прашувам како замена за одговор,поставив само едно прашање кое беше иронично поставено.
А зборот став сам по себе у принцип е само гледиште и мислење,моето се разликува од твоето,ти во тема за дискусија околу неморалните жени,го тераш разговорот за мажите кои често имаат секс. Кое е твоето мислење околу неморалните жени уствари,зошто не видов ниеднаш да го искажеш?

Точно, и ставот може да биде: правилен, погрешен, шовинистички, сексистички, расистички, нацистички, итн, итн, итн.

Ти што не виде, не значи дека го нема. Ама, нападот е најдобра одбрана :*
 
Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31

Јас најучтиво те замолувам да ми посочиш каде ти го произнесе своето мислење околу неморалните жени,мора да сум го пропуштил тој дел(oва не го кажувам иронично).
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Дај бе не биди смешен.
Кој недостаток на аргумент кога таа ме прашува лично што мислам дали жените или мажите сее виновни, кога сите одговараат во 3то лице.

Да, ќе се чувствувам виновен.
Тоа веќе е шпански филм којшто се натпреваруваат којпобрзо ќе се боцне. ;)

нека не те интересираат такви прашања. :p
Со ова што се чувствуваш виновен, сега во моментов кога ти ги читам сите други мислења со TheKitten

Не ме интересираше, ама сакав да видам како размислуваш, ако ти поставев директно прашање повторно ќе се филмаше... :)

Сепак не се мажите толку слободни кога е сексот во прашање.

Толку од мене, довидување :)
 
TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Јас најучтиво те замолувам да ми посочиш каде ти го произнесе своето мислење околу неморалните жени,мора да сум го пропуштил тој дел(oва не го кажувам иронично).
Бидејќи не си успеал да заклучиш, а и не сум го разводенила мислењето, специјално за тебе - повели :)

За мене неморална жена (и маж) се луѓе кои свесно и намерно наштетуваат на околината.
Сексот никогаш не го гледам од морална гледна точка, затоа што сметам дека телото на една личност е лично нејзино и дека никој не смее да одлучува или суди за истото.

Понатаму, ако зборуваме за жените кои практикуваат секс во животот, можеме да зборуваме единствено за промискуитетни жени.

Промискуитетот не е забава, не е ништо убаво, не е ништо кое некој би го посакал.
Тоа е една исклучително тешка ситуација за личноста - не би да навлагам подлабоко што и зошто.

Реалноста е дека и мажите и жените во глобала имаат исто секс со исто различни партнери, меѓутоа, како што кажаа понапред, мажите тоа јавно го прават, од аспект дека послободно зборуваат.
Жените знаат дека ќе бидат осудувани, затоа и молчат.

По вашите дефиниции, една од 5 девојки во Скопје би требало да е к***а :)

Што се однесува на проституцијата, сметам дека е и тоа право на избор, се додека таа не работи за некој трет (макро, пример).
Во таков случај таа повеќе претставува роб, него работник.

Моралот е нешто што е индивидуално за секого, и сметам дека секој треба да се води по своите морални сфаќања, но никогаш да суди на некој друг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Нашите дефиниции? Кои се тие наши дефиниции?
Инаку,баш зошто е така како што викаш ти,моралот е истребен од сите општества.
 
TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Нашите дефиниции? Кои се тие наши дефиниции?
Инаку,баш зошто е така како што викаш ти,моралот е истребен од сите општества.

Моралот во однос на личните и интимни одлуки на една личност, е непотребен.
Посебно кога е дискриминирачки.
Мажот ниту е повеќе, ниту помалку од една жена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Redhead

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Моралот во однос на личните и интимни одлуки на една личност, е непотребен.
Посебно кога е дискриминирачки.
Мажот ниту е повеќе, ниту помалку од една жена.
Супер. Баш пошто секоја критика и негативно мислење се смета за дискриминирање на одредена личност,одреден пол,што било,замина светов по ѓаволите. Заради вакви мислења ми е страв еден ден ќерка да имам. Али ипак,не планирам да ти го менувам мислењето :)
Мојата ќерка,ако ја имам еден ден,ќе има морал во однос на секакви одлуки,заради нејзиниот и мојот образ,колку и да звучи тоа себично,не ми е гајле. А ти упорно дискусијава ја вртиш во обратна насока т.е продолжуваш да го потенцираш спротивниот пол и неговите морални способности.
Да ти разјаснам,јас сум конзервативен,според мене мажот е тој што треба да ПОБАРА(потенцирам побара,зошто ти под побара подразбираш маж што се качува на секое женско),а женското одбива или прифаќа. Е сега сме дојдени до дереџе каде што во голем процент,улогите на двата пола се менуваат. Буквално слушам за случаеви каде што машкото ја УБЕДУВА девојката дека е премногу рано за да имаат секс,а се во врска. И не ми се допаѓа тоа. Не во смисла да вреѓам,ваков пол сте,таков пол сте,вакви сте,такви сте,едноставно мојата претстава за женскиот род е многу поневина од тоа,машките отсекогаш биле пораспрдени суштества,женските биле нежни,фрагилни,кротки. Како што напредуваме,така таа претстава за половите ми се менува пред мои очи. Ако тебе ти е океј твојот пол да биде сексуално еманципиран до тој степен,мене не ми се допаѓа. И тоа нема никаква врска со никаква полова надмоќ,со шовинизам или било што,ако можеш воопшто да ме разбереш.
 
Како што на некој друг реков, секој има право на свој став, но со тоа не значи и дека ставот му е правилен.
Човекот ќе продолжи да напредува, сакал ти или не сакал, и и понатаму нема да бидеш во право, сакал или не сакал.
Жената на никаков начин не е послаба од мажот.
Докажано е дека жените се поиздржливи на болка, затоа аргументи од типот ,,зошто нема жени рудари,, не проаѓаат.

Твојот став и понатаму е сексистички и дескриминирачки, ти имај си го. Тоа не те прави ниту добар, ниту паметен.
Секој на светот има став де.
Не секој е во право.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Fallen women! Loose women :igra

Не постои универзално прифатена дефиниција за курви,пачаври или бештии. Затоа останува на индивидуалната свест (или совест) кога некој/а употребуваат таков епитет со цел да ги опишат моралните `квалитети` на некоја женска особа.

Јас би рекол дека лице кое со своето однесување го повредува партнерот/партнерката може да се квалификува за некоја од наведените титули.
Бројот на сексуални партнери не мора да значи ништо, иако може да биде показател.
Не е работата во тоа колку партнери имала особата туку во самиот чин на изневерување, предавство.
Во скоро сите случаи, во сите врски или бракови постои непишано правило (или пишано, во црковниот брак) за сексуална ексклузивност на партнерот кон партнерката и обратно.
Освен во ретки случаи каде луѓето си се договараат дека моногамијата не им одговара и си имаат секс и надвор од врската. Взаемна согласност. Тоа е искрена ситуација и тука нема простор за доделување титули. А титулата мора да се заслужи, не доаѓа сама по себе :D

Нарушувањето на правилото за сексуална ексклузивност ја повредува изневерената страна.
Ако некој/а го прави тоа свесно и со намера тогаш е пачавра.:kafe

Не треба да се мешаат некои работи. Спонзоруша е нешто сосема друго, блиско до проституција, а нимфоманка е болесна особа на која и треба сместување во соодветна институција. Иако и тие можат да повредат и заебат некого, да растурат брак или врска, да пренесат сексуално пренослива флора и фауна.

Се поставува и прашање зошто нема соодветни зборови за мажите кои изневеруваат и повредуваат жени. That`s kinda weird.

А жените во било која средина се морални онолку колку што се и мажите, да нема дилеми. Женската моралност е огледало на машката. Од едноставна причина што за да постојат жени кои изневеруваат мора да има и мажи со коишто ќе изневеруваат. Ако мажите не прифаќаат секс надвор од врска/брак нема да има ни жени кои го прават тоа.