Совет за учење англиски јазик

FilipWFP

Нов член
25 февруари 2019
1
0
1
25
сакам да го научам англискиот а не учев на време а денес многу ми е потребен па решив онлајн нешто да побарам да поднаучам но никако да најдам некој добар сајт за тоа што и да побарам ми излага се на англиски а како да научам кога незнам или ако има некој сајт може да ми оставите линк со објаснување на македноски.. и дали е можно за брзо време онлајн да се научи јас знам нешто нешто знам и потсвесно кога ќе прочитам ми станува од прилика јасно или најдобро е да се запишам на некој курс
што е потобро онлајн или курс ?
 

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
Курс ти е најдобро. Ќе имаш и наставник се да ти објасни. Вака онлајн нема толку убаво да научиш, потешко е.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Што знам, англиски одлично се учи и сам. Го учам од 7-8 години така по курсеви, сум сменила и одлични и никакви професорки. Повеќе ми помогна од ТВ, нет и сопствен интерес, па можам дури слободно да кажам дека го знам на ниво на мајчин јазик. И јас сум дипломиран професор по англиски и книжевносг и одговорно тврдам дека не секој што предава по овие приватни школи (па и основни и средни училишта), заслужува да ја носи таа титула.
Има толку, ТОЛКУ неписмени, приучени луѓе, што некогаш ми иде да им викам на родителите да бегаат од тоа школо или тој професор.
Секако, интеракција со луѓе што го зборат јазикот си треба, ама треба и да се распраша човек наоколу за професорот што предава. Има луѓе што ги знам што никогаш не оделе на курс, па го владеат скоро перфектно. Многу е до кликерот и желбата.
За учење по дома би препорачала мнооогу филмови, серии и документарки со превод. Првин може да се изгледа епизодата со македонски, па со англиски субтитли и така лесно се прави конекција и компарација. Слушање песни исто - лесно е да се научи текстот на по некоја песна на англиски (и нејзиниот превод). Ми се случувало да учам и користам фрази од песни така. Си потпевнувам т.е. ја премотувам песната и ќе ми текне зборче што можам да го искористам.
Следен чекор е читање книги - најдобро на мобилен и на апликации што имаат вграден речник каде со едно тапкање на екранот се појавува дефиницијата на зборот. Англискиот е многу богат јазик и некогаш постојат повеќе зборови за еден ист поим, а сепак не може да се употреби било кој од нив во било кој контекст (ваљда го објаснив ова убаво :rofl). Не мора не знам какви книги, супер се и кратки раскази за почеток. Moon+ Reader и eBook Reader се одлични апликации за вакво читање.
Крајно, ако се почнува од нула, Дуолинго е незаменлива апликација, посебно кога не ви е за пишување есеи за награда, него за поосновна комуникација и снаоѓање.