Што ќе ми е телевизор кога си имам facebook?

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33

Со facebook-ов ни телевизор не ми треба веќе. Сите новости се појавуваат на фб пред да се појават на телевизија
, едно не ми е јасно, како бре успеваат толку брзо да дознаат за тоа, да најдат текст со слика, па и видео за случката. Искрено, алал да им е. Факт е дека секогаш сум бил меѓу последните што дознаваат кога нешто се случува, ама до толку бре да се брзи па дури и телевизиите да ги преварат, стварно не ми е јасно. Па во денешно време со facebook сите новинари станаа, што убаво. Тоа значи дека немам потреба јас да го студирам факултетов, денес, новинар се станувало и без диплома. Убава работа.
На facebook се прераскажуваат серии. Доволен е еден статус, без разлика дали статусот се однесува на самата серија, на најновата епизода, на лик од серијата и слично, одма се отвара дискусија на статусот во која се вклучуваат сите можни детали, сите дејствија во серијата и сите реакции на ликовите. Нормално, ова се однесува претежно на женската популација, мора да се искоментира и за физичкиот изглед на главниот лик, како бил облечен, кои бои најубаво му стојат, дали му била средена косата, па се разглаба за односот помеѓу машкиот и женскиот главен лик, иако сите сме свесни дека на крај тие пак заедно ќе бидат, па се прави муабет за таа лошотијата (секогаш има некоја лошотија на која и се лепат епитетите: вештерка, змија, караконџула и слично) и нормално, неа сите ја мразат, кај ликот, па и глумицата ја мразат. Бидејки во секоја серија има некој преубав, автоматски глумецот го зазема местото за слика на профил кај 80% од гледачките на серијата. Па не дај боже да се случи некоја трагедија, на пример смрт на некој од ликовите, па тоа е хаос, жива пететика, со денови неможат да се опорават, „паѓаат“ одма статуси, плачења, слики, глупости, се потресуваат мислиш до вчера леб делеле. Така да, нема потреба од гледање на серијата, можеш комотно да си дремеш пред компјутер на facebook и цело време да си во тек.
Се ставаат извадоци, слики и цитати од сите хит филмови, како и видео извадоци од истите. Слична ситуација како кај сериите, но малце по досадна. Кај серииве барем со секоја нова епизода, делумно се менуваат нештата, кај филмовите е друго. Но позитивното кај филмовите е тоа што галамата околу филмот, временски, помалце трае. Обично актуелноста му е до еден месец, од излегувањето, дур не го изгледаат сите што едвај го чекале, некои малце покасно дознале за него, па малце каснат со статуси, слики и саундтракови, но и тие мора редот да го истераат. Обично за секој хит филм се појавува следново: слика од главниот лик на местото за слика на профилот, клип кој содржи сцени од филмот и саундракот на филмот, а во опис се става цитат кој е клучен за содржината на филмот. И сето ова вака фино спакувано се „лепи“, по неколку пати во случај некој да не видел, на вашиот ѕид


Имаш музика од секаков вид, ама буквално! Телевизиските програми како што се: MTV, VH1, K-15 music, Pink, DM Sat, Balkanika, Планетаи слично, се заменети со личности на facebook. Секој член на facebook,си е своја музичка телевизија. Сето тоа е овозможено со помош на прекрасниот ни youtube! И така секој си го знае правецот на музика кој го преферираат неговите facebook пријатели, па во секое време може да го посети нивниот профил и да си избере музичка нумера по своја желба, што претставува предност во однос на музичките телевизии кои ти налагаат која песна ќе ја слушаш.
Резултати од утакмици и дебати за истите во кои се коментира секоја можна акција и секој гол. Доволено е само да напишете на статус за која утакмица станува збор и одма се отвара дебата. Нормално, секогаш се активираат симпатизери од двата клуба и постојано се контраат, па ти можеш слободно со читање на коментарите да дознаеш, кој играч колку гола дал на овој меч па и на сите мечеви уназад во цела сезона, можеш да дознаеш кој имал две леви, а кој две десни нозе, да дознаеш кои биле дрва, а кои камења, да дознаеш лични информации за секој играч поединечно, па и за тренерот. Па луѓе мои, вакви информации ни на телевизија не се дознаваат, незнам од каде луѓево толкава информираност, али нема везе, на сите ни оди во прилог.
И што е најважно, сево ова, обавезно е проследено со видео клип, за да не дојде до забуни, не верување и слично. Епа ајде сега ве молам кажете ми, за што ми е телевизор кога си имам facebook профил?


 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
„Обично за секој хит филм се појавува следново: слика од главниот лик на местото за слика на профилот, клип кој содржи сцени од филмот и саундракот на филмот, а во опис се става цитат кој е клучен за содржината на филмот. И сето ова вака фино спакувано се „лепи“, по неколку пати во случај некој да не видел, на вашиот ѕид.“
Точно. Пример за филмо „Три метри изнад неба“ леле.. сите у несвест паднаа по главнио лик и сите ја пцуваа женската.. како нив да ги е заебала.. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kokakolicar Eden Nizaeden

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
бреј зарокуеш теме цело време : ) фејсбук те инспирира, теве, плазма фрижидер хх : )
неам фејсбук, не ми треа ни телевизор, некад! и ? : )