Што сонувавте денес?

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Сањав некои дребулии, штрафови на декла што не отпуштаат, ауспуси, дихтуни за Шкода...
сонував и уште нешто друго напнато... и кога станав бев ко преплашен зајак...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Последно сонував една форумџика како ме удира по грб.
А чести се кошмарите од тоа да сонувам војна, најчесто авиони кои решетаат се наоколу, откако тие ќе ги снема, се појавува копнена војска која ги докрајчува другите. Јас и некои луѓе се преправае дека сме мртви во еден канал, тука правам грешка што сум со лицето во вода и ако дишам ќе се забележи. Дишам, и се креваат меурчиња и ме докрајчуваат. Потоа престанав да гледам воени филмови.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Ноќва сонував како се симнувам од планина со една многу драга личност. Јас бев среќна и насмеана зашто одамна се немаме видено. Цело време се смеев. Сонцето печеше, се чувствував слободна и дишев слободно.
Што ли значи? Се надевам на арно ќе да е.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Сонував еден лик кој некогаш ми беше близок...го сонував како сме се возеле во кола, тој сиот изнареден со злато прстени, ланци како Кнеле из Србије (што воопшто не личи на него), ме однесол до неговиот локал и во еден момент ме бакна, а јас го погледнав саатот...беше 10 до 1 после полноќ... и во истиот момент почнав како мало дете да го молам да ме однесе дома...
Што ли ќе значи?
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Пред да заспијам гледав еден филм, ликот имаше 3 мачки и едно мало маченце.
Во сонов мачките ги имав дома и овие трите го растргнаа малото маче. Крвишта насекаде, мачето едвај живо и едвај цело го држев во раце и знам многу ми беше жал, тешко, неподносливо и си реков во себе дека оваа слика ќе ме прогонува цел живот.
И кога станав и сега ми е жал за мачето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Пред да заспијам гледав еден филм, ликот имаше 3 мачки и едно мало маченце.
Во сонов мачките ги имав дома и овие трите го растргнаа малото маче. Крвишта насекаде, мачето едвај живо и едвај цело го држев во раце и знам многу ми беше жал, тешко, неподносливо и си реков во себе дека оваа слика ќе ме прогонува цел живот.
И кога станав и сега ми е жал за мачето.
Кутрото маче..:|
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Сонував свадба на едно дете од комшии 17г и во сонот дознав дека девојката е бремена а беше исто колку него,, делуваше многу реалистично:D