1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Што сакавте да бидете кога ќе пораснете?

Дискусија во форумот 'Општи муабети' започната од Mila Kunis, 19 февруари 2012.

  1. warr

    warr Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    187
    Допаѓања:
    215
    Имам трауми од детството на оваа тема :/

    Сега може малу да звучи иронично, трагично, па и смешно ама кога бев мал сакав да станем џубраџија :nasmevka
    Многу ми се свиѓаја со нивните зелени униформи :) го чистат џубрето, се возат со камион :D

    Сега да се навратим на траимите...
    Бев некаде 3то или 4то одд. Одам со родителите на слава, нормално собрана цела фамилија, дури и роднини од Германија беа дојдени... Се прае муабет, и одеднаш вујко ми го прашува брат ми (кој е 2 год помал) што сака да биде кога ќе порасне и тој вика пилот (дома имавме многу авиочиња), и вујко ми браво, ќе имаме пилот у фамилија. После тоа ме прашува мене и ја му викам џубраџија. И од еднаш сите ме гледаат мене, мајка ми црвена како пиперка...
    И ајде пројде, што пројде славата и одиме дома. Само што влеговме во кола и се оддалечивме од маалото кога почна мајка ми да ми вика „Денеска како си ме осрамил, како можеше џубраџија да му речеш на вујкоти, што не му рече доктор, војник или нешто друго!“
    И од тогаш мајка ми ме тера да учим... Цел клас ќе добијат 2ки, 3ки, ја сум добил 4ка, мајка ми дома ќе ме утепа:
    „Како си можел да добиш 4ка!“
    „Ама мамо сите добија 2ки...“
    „Гајле ми е за другите, гледај за тебе!“.
    Додека пак оценките на брат ми и да се виножито тој е помал, за него тоа не важи...

    Сега сум трета год средно економско, и се надевам еден ден ќе бидем успешен сметководител.
     
    На Outrider, littleblackdress, Y1K991 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. Maks

    Maks Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,363
    Допаѓања:
    1,863
    Сообраќаец... Ама одкога положив го сменив мислењето. Хахаха :rofl
     
  3. Lily

    Lily Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    142
    Допаѓања:
    123
    хахаха ме потсети на другарка ми ко мала, у сред емисија сега ја заборавив како се викаше точно некоја у стилот на ѕвон, кажа дека сака да биде чистачка кога ќе порасне:)пошо сакала да брише прашина да усисува...:)
     
    На The Tramp и warr им се допаѓа ова.
  4. Rusty

    Rusty Истакнат Член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    26
    Допаѓања:
    17
    Ја сакав гинеколог,ама за 5 месеци ке завршам Стоматологија (битно да се брка некаде де ) :rofl
     
    На Dee Dee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066
    И јас ко баткава погоре сакав да работам во комунална хигиена, ама како шофер на камионот зашто обожавав камиони.Повеќе и од коли.Потоа откако го расклопив првиот фиксен телефон сакав да бидам хаус мајстор, па еднаш дури и астронаут..но детска бујна фантазија :D
     
  6. Dea

    Dea Активен Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    156
    Допаѓања:
    196
    Сакав забарка да бидам! А и остана малку од таа желба, но не колку што сакав порано :) Сакав да сум забарка зашто толку беше добра мојата забарка со мене и воопшто со сите деца, и ме интересираше како чепка во забите ваму таму, а и сеуште ме интересира :D Кога одам на забар се' разгледувам, прашувам што е ова што е она, МНОГУ ИНТЕРЕСНО ТО БЕ! :D
     
  7. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Свашта имам сакано да бидам. Прво наставничка, па докторка, па адвокатка, па пејачка, па актерка... Бирај што ти душа сака.
    И кога ќе завршам некој сосем десетти факултет, ќе си се смеам на замислите од детството... Или, можда ќе ми текне дека не ми се остварила желбата и ќе ги ставам солзите на очи.:D
     
  8. Македонец

    Македонец Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    313
    Допаѓања:
    439
    Сакав да бидам професионален фудбалер, пораснав и уште сакам да сум.
     
  9. street_chic

    street_chic Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,433
    Допаѓања:
    3,678
    Докторка, сакав и ќе бидам за неколку години :cool:
     
    На littleblackdress и Hip.Hop_MKD им се допаѓа ова.
  10. 3pi0

    3pi0 Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    246
    Допаѓања:
    275
    Пират... но сеа за жал пораснав и мора да студирам иформатика и исто времено да работам и да бидам заглавен пред ПЦ 24h дневно....
    АРРРРРРРРРР!!!
     
    На Dea и Hip.Hop_MKD им се допаѓа ова.

Сподели: