1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Што открива за вас датата на раѓање?

Дискусија во форумот 'Астрологија' започната од Badgirl, 28 јуни 2013.

  1. Badgirl

    Badgirl Староседелец

    Зачленет на:
    4 јануари 2013
    Мислења:
    1,477
    Допаѓања:
    3,258
    1. Во ваша природа е да сте лидер и се одликувате со голема храброст. Имате способност да ги организирате и најсложените настани. Не сакате да бидете во подредена позиција, па затоа најдобро за вас е да отворите сопствен бизнис. Зрачите со голема самодоверба и спремни сте да се соочувате со големи животни искушенија.

    2. Вие сте идеален соработник кој им помага на другите за да ги остварат своите идеи. Нежни сте и никогаш не размислувате дали треба ги покажете своите емоции. Поседувате големо разбирање за луѓето. Внимавате на секој збор и најчесто го избирате вистинскиот пат.

    3. Популарни и комуникативни. Духовитоста и шармот ви помагаат во склопувањето на пријателства. Во социјалните активности вие сте центар на вниманието. Креативни сте и поседувате повеќе таленти кои спонтано ги покажувате.

    4. Луѓето ве доживуваат како доверлива и сериозна личност. Во кризни ситуации вие сте тие кои ја задржуваат присебноста и им помагаат на другите. Водите активен живот и секогаш сте преокупирани со некоја работа. Практични и рационални во своите постапки.

    5. По природа сте со немирен дух и сакате промени и разновидност. Сè што правите се одликува со брзина, ефикасност и јаснотија. Поседувате изразена креативност и способност за уметничко изразување. Ве интересира сè што е необично и ексцентрично.

    6. Напредувате постепено во животот и не ги повторувате истите грешки. Верни сте на семејството и пријателите и едно од најголемите задоволства ви е да ги развеселувате оние кои ги сакате. Вие сте одговорни и никогаш не ги заборавате своите обврски.

    7. Мирна и ненаметлива личност. Ве интересира значењето на животот за кое другите не се грижат толку многу. Сакате да контактирате исклучиво со сериозни и одговорни луѓе. Малку луѓе ве познаваат бидејќи не ги покажувате своите чувства. Духовни сте и не се врзувате со материјалниот свет.

    8. Вие сте личност која успешно ги остварува своите планови. Имате способност за организирање на забави и при тоа знаете да ги искористите потенцијалите на другите. Ги разбирате проблемите на блиските и секогаш сакате да помогнете.

    9. Вас ве одликува чувствителност, великодушност, топлина и толеранција. Имате богато животно искуство и широк видик. Наклонети сте кон сè што е мистично. Во текот на животот често патувате и престојувате во странски земји.

    10. Вие сте личност која лесно ги надминува животните проблеми. Ретко кој е така способен да ја насочи таа негативна енергија во позитивна. Останатите луѓе ви се восхитуваат, па дури малку и ви завидуваат. Способни сте да водите други во вистинската насока.

    11. Имате голема магнетска привлечност. Ве карактеризира непогрешлива интуиција и се стремите кон возвишени идеали. Лесно можете да се извлечете од животните проблеми и наоѓате решенија од повеќе перспективи. Можете да имате проблеми во наоѓањето на соодветен партнер.

    12. Привлечни сте на физичко и на духовно ниво. Ја сакате правдата и сте умерени во однесувањето, а вашите акции се мотивирани од морални принципи. За вас друштвениот живот е многу важен. Понекогаш можете да бидете жртва на туѓи интриги.

    13. Поседувате неограничена работна способност, иако во детството не сте изгледале заинтересирано. Со истрајност и труд можете да станете лидер, или некој вид на пример за другите. Внимавајте при изборот на работа.

    14. Цените искреност и мразите било каква манипулација. Имате голема потреба да го искажете своето мислење и тврдења. Имате сопствен стил и изразено чуство за естетика. Патувањата и големите промени можат негативно да ви влијаат.

    15. Можете да бидете ограничени поради влијанието од семејството и пријателите. Имате развиена способност за комуникација. Многу сте одговорни, поради што некогаш се случува да зборавите на себе.
    16. Духовити, способни и интелектуално ориентирани. Поседувате голема сила со чија помош способни сте да направите чуда. Во моментите на слабост губите контрола и може да станете само деструктивни. Потребно е да усовршите некоја тактика за релаксирање.
    17. Се одликувате со амбициозност храброст и виталност. Со целосен ангажман можете да ги завршите и најголемите проекти. Имате потреба да бидете сами и поради тоа често ве перцепираат како чудни. Не зависите од другите и сакате сами да си ги извршуваат работите.
    18. Вие сте фер и искрена личност. Не сакате да се истакнувате во друштвото, тивки сте и осамени. Обожавате да сте сами во природа и ја користите секоја прилика да го напуштите градот. Водете нормален живот и уживате во едноставните работи.
    19. Се одликувате со трпение и упорност. Пред да донесете одлука, вие долго размислувате за неа. Но, кога ќе се одлучите, без застанувања се борите до крај. Толерантни сте и ги извлекувате само најдобрите особини од луѓето.
    20. Вие сте личност која е добро прифатена од средината во која живее. Ведра и духовита и во секоја прилика зрачите со топлина и љубов. Се радувате на животот и настојувате да уживате во него што повеќе. Понекогаш потклекнувате на животни искушенија и можете да ја изгубите својата цел.
    21. Многу ве интригира тоа што е непознато. Сакате да дознавате туѓи тајни и забранети работи. Во животот постојано ќе учите нешто и ќе ја барате вистината. Важно е да изградите самодоверба и да почнете креативно да се изразувате.
    22. Изразено сте неодлучни и се плашите од промени. Насочени сте кон материјалниот свет, што ве блокира во интелектуалниот развој. Доколку се решите од овој проблем ќе станете способни за големи подвизи.
    23. Од раѓање вие сте предодредени за големи работи. Но, за да го постигнете ова треба прво да работите на себе. Со решавањето на финансиските проблеми вие духовно растете и на крајот може да станете пример за сите.
    24. Имате потенцијал за успех во работи врзани со забава. Сакате лесен и удобен живот, но финансиските околности не ви дозволуваат да се препуштите на хедонизмот. Треба да научите да се справувате со потиснатиот бес. Обрнувајте внимание на малите работи и секојдневниот живот.
    25. Вашиот живот може да се опише како постојана потрага за вистината. Чувствителни и склони кон духовното, во себе градите свој внатрешен храм кој е поинаков од надворешниот свет. Вашата фантазија најдобро се изразува преку креативноста.
    26. Енергична и витална личност. Сакате да соработувате на проекти и при тоа се покажувате како добар организатор. Големо внимание посветувате на своето семејство кое ви преставува голема поддршка. Сакате да помагате на другите.
    27. Сакате да се забавувате во друштво и сте симпатични на околината. Поседувате моќ на голема имагинација затоа е препорачливо да се занимавате со уметност. Многу сте емотивни и знаете да реагирате бурно во некои ситуации. Не се изолирајте од другите.
    28. Енергични, сакате сами да донесувате одлуки во својот живот. Сакате да ги споите духовното и материјалното, затоа сте добри во организирање на хуманитарни активности. Својата креативност најдобро ја покажувате во тимска соработка.
    29. Поседувате голема внатрешна сила која ги привлекува сите кои ве познаваат. Спонтано ја добивате улогата на пример во семејството и друштвото, што ја користите за добивање на моќ. Сакате да соработувате, но тоа ви доаѓа не од глава туку од срце.
    30. Во природата ви е да бидете нежни и љубезни перма блиските. Привлечни сте и опкружени со голема толпа пријатели. Сакате да се движите, но потребно ви е стабилно место на кое цело време ќе се враќате. Не ги слушајте другите критики затоа што тие често се погрешни.
    31. Имате добри идеи, но за да ги остварите треба да контактирате луѓе кои би ви помогнале со нивните совети. Знаете добро да процените важни од неважни информации. Мислете малку повеќе на себе и не ги занемарувајте своите потреби....
    Родена сум на 15..ама о од одговорност не е присутно кај мене...(wasntme)
    Преземено од crnobelo.com
     
    На NoGood, kizzo, Mameha и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. Сара.13

    Сара.13 Староседелец

    Зачленет на:
    13 ноември 2012
    Мислења:
    1,260
    Допаѓања:
    3,101
    31. Имате добри идеи, но за да ги остварите треба да контактирате луѓе кои би ви помогнале со нивните совети. Знаете добро да процените важни од неважни информации. Мислете малку повеќе на себе и не ги занемарувајте своите потреби....

    Првово ми е малку збунувачки, зошто обично сум и сакам да сум независна.проценувањето не секогаш ми оди од рака, затоа и многу пати сум се изгорела.
    А последното, почнувам да го практикувам веќе подолго време. :)
     
    На Mameha, Ночной охотник, Arkantos и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,338
    Допаѓања:
    3,837
    27. Сакате да се забавувате во друштво и сте симпатични на околината. Поседувате моќ на голема имагинација затоа е препорачливо да се занимавате со уметност. Многу сте емотивни и знаете да реагирате бурно во некои ситуации. Не се изолирајте од другите.
    :eek:
     
    На Badgirl и Сара.13 им се допаѓа ова.
  4. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,442
    Допаѓања:
    3,792
    31. Имате добри идеи, но за да ги остварите треба да контактирате луѓе кои би ви помогнале со нивните совети. Знаете добро да процените важни од неважни информации. Мислете малку повеќе на себе и не ги занемарувајте своите потреби....
    Па има точно во ова ;)
     
    На Mameha и Badgirl им се допаѓа ова.
  5. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,104
    8. Вие сте личност која успешно ги остварува своите планови. Имате способност за организирање на забави и при тоа знаете да ги искористите потенцијалите на другите. Ги разбирате проблемите на блиските и секогаш сакате да помогнете.
    Неам некои планови :) Организирање? јас сум хаос сам по себе. третото има логика. :)
     
    На Сара.13, Mameha и Badgirl им се допаѓа ова.
  6. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,874
    Дис : )
    Духовити, способни и интелектуално ориентирани. Поседувате голема сила со чија помош способни сте да направите чуда. Во моментите на слабост губите контрола и може да станете само деструктивни. Потребно е да усовршите некоја тактика за релаксирање.
    Ако е тачно мислу, ако не е здравје
     
    На Сара.13 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Strumfeta

    Strumfeta Полноправен Член

    Зачленет на:
    20 јуни 2013
    Мислења:
    57
    Допаѓања:
    91
    30. Во природата ви е да бидете нежни и љубезни перма блиските. Привлечни сте и опкружени со голема толпа пријатели. Сакате да се движите, но потребно ви е стабилно место на кое цело време ќе се враќате. Не ги слушајте другите критики затоа што тие често се погрешни.
    Има вистина, не викам не (happy)
     
  8. Smiley_1996

    Smiley_1996 Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    344
    Допаѓања:
    800
    12. Привлечни сте на физичко и на духовно ниво. Ја сакате правдата и сте умерени во однесувањето, а вашите акции се мотивирани од морални принципи. За вас друштвениот живот е многу важен. Понекогаш можете да бидете жртва на туѓи интриги. :)
     
  9. Primrose

    Primrose Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    680
    Допаѓања:
    1,288
    А?!?! :svirka
     
    На The Tramp му/ѝ се допаѓа ова.
  10. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    Врска си немат ова. ;)
     
    На Lady* му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: