Што најмногу ве нервира на социјалните мрежи?

khz777

Староседелец
20 септември 2014
105
69
1,028
30
Argentina, Buenos Aires
Зависи што и каде.
По фејсбуци и твитери нешто што не поднесувам е тоталната игнорантност и константното постирање на семиња од синап, твитерДЖиски лош хумор, особено константно постирање на икони од свет(и)ци за среќа. Фејсбукот никад не сум го сметал за религиска институција, сепак ако си верник, ќе си направиш мал чекор за тебе (а голем за човештвото, нали) и ќе си појдеш в`црква да си запалиш свеќа...
Наспроти фејсбукот (и твитер, Инстаграм, рандом индивидуален интернет простор) кај форумите нешто што ме вади од патики е глумењето лудило, а со тоа и собирање на популарност. Од една страна ги имаш форумските шутови кои во принцип се проѕирни уште по првите 10 пишани постови, траекторијата им е скромна, немаат некој капацитет ако ништо друго барем да не какаат по темите. Од другата страна ја имаш публиката која за жал се` повеќе ги прифаќа овие ликови и задоволно им ракоплеска, бидејќи самата „имет снемено“ секаков смисол за хумор и се пали на секој(а) attention whore која си го фура филмчето.
Да се разбереме, либерален сум понекогаш и премногу, и најчесто ваквиве феномени ги прескокнувам, но штом забележам на нив, личностите ја губат онаа основна вредност достојна за почит, макар колку и да бидат начитани и елоквентни во живо. Глумењето лудило со сите на интернет просторот покажува само колку скриеното его ти диригира со тебе и колку ја ставаш маската на фин и достоинствен лик во реалниот живот.
Мислам дека обратна е работата - луѓето се повоздржани во реалноста додека на интернетот, со дадената слобода тие ги покажуваат своите „скриени“ фантазии.
Се од збор до збор сликовито прикажано во не толку долг и досаден одговор .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Фалбаџиите и не само на социјалниве мрежи туку и во реалноста. А и заљубените парови ок разбирам дека си се сакаат мило ми е за нив ама мислам дека нема потреба цела почетна да ми биде со нивната љубов, не можеш ништо друго да прочиташ од нив.

Исто така партиските пиoнерчиња кога ќе почнат да проповедуваат е тогаш не знам што да правам дали да се смеам или да плачам или просто да ги избришам ама пак ми се појавуваат од некаде нема спас од нив. После ми сметаат оние топ вести кои истите ама баш истите се вртеа пред неколку години. Ги читаш и се чудиш од кај ги знаеш. :^)

И како последно за сега што ме нервира е "Svadba e golemaaaa" втф? :eek: Имав еднаш ситуација три четири поста едни по други со истиов ама баш истиов коментар. Ок разбирам таков период ама од кај го ископаа па тоа свадба е голема?

Леле и најбитното го заборавив #selfi #friends #BFF #drinking #coffe #one #sunshine #day #in #POSTA
(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: rain-bow

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Профили кои личат на споменари...
Пример, Велигден 2013, Нова година 2013, мај 2014, одмор 2014....итн итн
Па без разлика дали е докторка или адвокатка си истакнала слики од одмор по купаќи, онака спружена на плажа....а бе аман луѓе...
А лејтли најиритантни ми се новопечените мајки и татковци...
По цел ден го сликаат чедото (ок разбирам, си го сакаат пресреќни се нека си го сликаат) и сите слики ги објавуваат и тоа со коментари од типот...“утринско гушкање“ (мајкава како ровја е на сликата, со отечени очи и подочњак до образи), па после “њам, њам“ демек сега ручкаме, па после тоа спие а оваа го чкрапа и објавува со коментар “се изнаигравме и слатко си заспавме“....и така до вечер, па следниот ден пак...
Мислам аман бе луѓе...
Мене тоа ми личи на синдром, мислам клинички...
Таква потреба за докажување и покажување пред луѓе кои ти се помалку битни во животот е одраз на длабока исфрустрираност и низа комлекси...
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Моментално постирањето на новата песна од Адел. Нема смисла стварно. Сега кај и да е ќе почне и сезоната на November rain.

Инаку општо, ме нервира тоа шо сите станаа поети, писатели, комичари, колумнисти на фб. Никаква уметност во пишаното, никакви чувства, за смисла за хумор па да не зборам. Пар саркастични моменти и веќе си собрал 200+ лајка. И тоа би требало да претставува успех изгледа.
Па незнам може ја сум безврска и не се разбирам, и нели за вкусови не се дискутира ама навистина неможам да сфатам како се прифатени од масата.
 

NaKiroKuro

Нов член
3 ноември 2015
10
12
3
33
Моментално постирањето на новата песна од Адел. Нема смисла стварно. Сега кај и да е ќе почне и сезоната на November rain.

Инаку општо, ме нервира тоа шо сите станаа поети, писатели, комичари, колумнисти на фб. Никаква уметност во пишаното, никакви чувства, за смисла за хумор па да не зборам. Пар саркастични моменти и веќе си собрал 200+ лајка. И тоа би требало да претставува успех изгледа.
Па незнам може ја сум безврска и не се разбирам, и нели за вкусови не се дискутира ама навистина неможам да сфатам како се прифатени од масата.

Лошо е шо егото си го мерат со вкупните лајкој на постот :D И до кога бре со тие стапојте за слефи секаде ке се шета...бог да чува
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Aleksis

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ме нервираат луѓе што им смета нешто од другите на фб. Имаат избор да го избришат тој што ги поставува работите што толку им сметаат, да го блокираат, да сокријат новости од него, да му кажат дека им смета конкретно нешто, пример да не се сликаат веќе во вц или да го фрлат селфи стапот или бебето што го сликаат сто пати на ден :)

Се зезам секако, мене се ми смета освен објавите од фан страниците на Милан, некои две три интересни страници што ги следам и уствари за тоа и ми служи фб мене. Првенствено да манијачам кој ми се свиѓа, да си документирам што филмови гледам, да следам што се дешава со Милан и да се посмеам со некоја страна како просечен кладионичар (таму си се пронаоѓам затоа). Тие селфи слики и селфи стапови не ми сметаат толку ептен колку оние политички препукавања помеѓу млади луѓе што допирна точка немаат со политика, немаат ни ќар од тоа толку да навлагаат а пак се замараат и да можат ќе убијат некој да докажат колку се мртви сериозни во барањето оставка на премиерот.
Не сум мајка и не знам што ќе се дешава со мене и со мојот фб кога ќе станам, ама сега не дека ми смета ама досадно ми е да гледам на ден по 200 слики од зајачето на мама и тато. И тие што ја споделуваат св. Петка за среќа ми сметаат исто колку тие што споделуваат слика од болно дете за да му донираат денар. И оние кои упорно докажуваат колку болки им задал животот а одат исправено и насмеано додека во себе плачат, и оние со поканите за игри (за нив среќа најдов решение) и оние што те молат за лајк зошто им е за наградна игра, и веста што го шокира светот, и оние што ги мрзи да си отворат порнич па кликаат на секоја цицка што ќе ја видат на видео, па се до хороскоп за немажени и фарма и големиот брат. Свашта има, треба да се има трпение :zelen
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Мене ме нервира тоа што некои луѓе си прават лажни профили само за да вреѓаат и пишуваат погрдни коментари кај познати личности или да плукаат по припадници на вера различната од нивната. Многу слаби потези ако ме прашувате мене.
Исто така ме нервира тоа што луѓето сметаат дека се познати и славни ако имаат по не знам колку лајкови, а немаат ниту еден вистински пријател. Лајковите не се мерило за пријателство ниту колку некој ве сака.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Angel-Alessandra99

Solange

Член со 30 казнени поени
6 април 2016
112
132
43
Кога долгогодишни ФБ пријатели си ги бришат профилите поради своите лични политички ставови и послем тоа и двајдата кењаат за другиот со месеци.:banghead
Демек...лелееееееееее каква грешка напраив што ми беше пријател на ФБ со години.:rofl
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Кога објавуваат каде се,што прават и со кого се...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape