1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Што највеќе ви пречи низ кафичите низ Скопје?

Дискусија во форумот 'Излегување и ноќен живот' започната од Marick14, 12 мај 2012.

  1. supersonik

    supersonik Истакнат Член

    Зачленет на:
    27 август 2016
    Мислења:
    11
    Допаѓања:
    9
    neprofesionalnost, needucirani, i nezadovolni kelneri,....slaba higiena...soljite za kafe samo plaknati so ladna voda..posto gazdata zabranil so topla....a najmnogu...sto kafulinjata se pretvorija za mesta za surfanje na internet na mobilen..licat na internet kafinja
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Давор

    Давор Староседелец

    Зачленет на:
    10 ноември 2012
    Мислења:
    1,300
    Допаѓања:
    2,081
    Пред некоја ден бевме во Бистро Лондон ама пошто се споени или не се споени или поима неам со Тренд, не знам дали седевме таму или во Тренд (за оние кои не знаат тоа се наоѓа во центар во Скопје веднаш тука спроти хотел Пелистер и Боката мислам се викаше кафичот). Небитно, иде една пола избричана пола долга коса фатена во пунџа, намрштена мислиш ја натерале да копа на лозјето. И така, иде да платиме со другаров и оваа ни вика сто и шеесет. Јас ја прашувам моето колку е а таа ми одговара сто. Другарот во исто време ја прашува а моето? И оваа верувале или не, му се развика низ цел кафич: Ако целото е сто и шеесет, а неговото е сто твоето колку е?!
    Тој ден положив и бев малку кул, ама сега кога ќе се сетам требаше да експлодирам како што знам некогаш :zelen
    Толку ми се згади, што повеќе ни во Бистро Лондон ни во Тренд нема да стапнам. Услугата им е никаква. Претходно еднаш еден не скорна зошто сме седеле на клупата а не на обична маса кога не сме јаделе. Келнерите катастрофа. Погадни, понељубезни и понамрштени келнери не сум видел никаде.
     
    На Ѕид на плачот, Mnogo Bitno и Prashina им се допаѓа ова.
  3. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Староседелец

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,721
    Допаѓања:
    752
    Во целава ситуација мислам дека не е крива келнерката тс пола пола бричената (wave) , си требал да реагираш малце во нејзин стил па да има ситуација ,а што се однесува до скоривањето тоа па незнам како си ќутиш и си станал како греотиче ??
    Па ќе и седнам кај сакам ,ако сакам на шанк и ќе ќути и ќе пуши , а како второ ти ниту си ја навредил ниту закачал , па во таква ситуација вината е кај тебе другар :^)
     
    На Ѕид на плачот и Давор им се допаѓа ова.
  4. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Па ќе ти се згади кога ќутиш. :)
    Имам неколку пати одено таму, нешто слично ми се има случено, се развикуваше таа. Смирено и кажав каде и е местото додека е на работа, после тоа дури и повели ми кажа. :)
     
    На Ѕид на плачот, Mnogo Bitno, Давор и уште 1 член му се допаѓа ова.
  5. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Тренд е исто што и ЈБТ во последниве 10 години. Шлепа шема на стара слава.

    Бев пред 3 години, демек да видам што шема место е, ништо специјално, напумпани цени, едино „јака“ местоположба држи. Сеа има толку попријатни кафулиња низ градов, штета што овие имаат уште некакво реноме.
    7г еспресо бев некни, има кафиња умот да ти штукне. Местоположбата е малце аскетска, но препорачувам.
     
    На Ѕид на плачот и Prashina им се допаѓа ова.
  6. supersonik

    supersonik Истакнат Член

    Зачленет на:
    27 август 2016
    Мислења:
    11
    Допаѓања:
    9
    trend e simbol na losa usluga i personal za celo skopje....sum gi posetil site mesta kade so ima lokali trend...edinstveno sto go krasi se top lokaciite..tamu kade se dvizat najmnogu luge od vnatresnosta i "stranci"
     
    На Saladin му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Староседелец

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,721
    Допаѓања:
    752
    @mark22 Trend е институција и нема симболи кај него , може за кој сакаш да кажеш само не за Trend ...
    Не постои име на кафич во Скопје и пошироко што е по актуелен по функционален и што располага со толкав процент на посетеност уназад 15 г ,а да не го рачунаме новиот во Аеродром , па како се правеше луѓево мислеа дека Алкалоид гради објект или Систина како да ти објаснам ... :cool::kafe
     
  8. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Абе види, имаш кафулиња кои постојано работат на себе за да привлечат што повеќе клиентела, а имаш и такви кои некогаш го достигнале својот максимум и веќе 5 години се шлепаат на стара слава. Еден таков сличен пример ти е и со 7ца сендвичарите. Штета што кај нас стекнатото реноме од пред 5-10 години тешко се урива, (ова мислам дека е повеќе до тукашниов менталитет), па затоа имаш места кои не нудат богзнае што и се потпираат на својата зона на комфор (буквално вложуваат онолку колку што вложиле во последните 5 години), додека други црнчат и прават егзибиции само за да го погодат вкусот на потрошувачите, па на крај за година две пропаѓаат.
     
    На Mnogo Bitno му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Староседелец

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,721
    Допаѓања:
    752
    Целиот систем во државата така функционира , па таа е реалноста да не навлагаме , те разбирам многу добро ..
    Јас 80% излегов од тукашниов менталитет и да ти кажам повеќе работи ми сметаат и им ги кажувам на луѓево ( во очи и тоа, како што сакам )
    За тоа дека прават огромни напори и доста вложен труд и финансии за да стекнат муштерии па повеќе пати без успех , што е за греота ..
    Викаат ете такво време дојде и сакале нејќеле мораме да се носиме и го прифатиме , јас не морам ,а ќе го прифатам ,за другите незнам ..
     
  10. Ѕид на плачот

    Ѕид на плачот Истакнат Член

    Зачленет на:
    20 септември 2016
    Мислења:
    222
    Допаѓања:
    112
    Луѓето, многу гужва, тоа ми пречи највише. Особено ми пречи, ако масите, столиците се еден позади друг,доближени, мразам кога некој седи позади мене. Ама тоа е друга прича. Си патам од гужви. Друго ништо, не ми се десило до сега некој/а келнер/ка да биде со мене арогантен/на, прилично се љубезни и повише од шо треба, баш се прашував едно време, како можат со осмех на лица да седат док се на раб. :)

    А, секако има некои дечки издигнати скроз, ко една моја братучетка дошла од германија, сме отишле во Чаршија, седнавме во еден кафич, така, имаше жива музика, нарачавме за пиење, плус си нарача палачинка со бисквит и банана внатре. Три пати им го вратила бидејќи не и беше погодено :rolleyes:
    И на крај пак сакаше да им ја врати палачинката пошо и стаиле прелив, а она неќела со прелив, е тогаш станав и`и реков,да не се занесува, бидејќи ќе станам од маса и ќе си одам, ме срами. Ако и се јаде, да јаде, ако не... Немора. Пошо она и кај мене престојуваше, со неа сум имала најразлични слични ситуации, непријатни со келнерите, а додека сама со друго друштво, не.
     

Сподели: