Што научивте од вашите родители?

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Од мали нозе бев тепач, мамев во сите игри, крадев играчки, криев, лажев дека сум изел јадење а завршило во шоља и слично :D
Многу голем напор внесоа моите за да ме изведат на прав пат особено кога влегував во пубертет.И благодарам што ме научија да бидам лукав, остроумен, искрен најповеќе и чесен.Да имам големо срце за оние кои што ја заслужуваат мојата љубов и внимание.Овие работи многу ми помогнаа во градење на мојата кариера која е сеуште на самиот почеток.Сега ми останува само да се надоградувам и да излезе од мене прав човек, од мајка роден.Се надевам дека никогаш нема да ги разочарам.
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
нешто научив нешто не.инаку многу сум спротивна од моите родители,ко да не сум нивна.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Научив да бидам секогаш тука за оние на кој најмногу им требам.
И да не избегам како кукавица(како што избега едниот мој близок )
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Бравос деца... Сите убави работи сте научиле... Ми се допаѓате... А лошите работи од кој ги научивте??? Јас пример сите негативности од мајка ми ги научив а сите позитивности од сестра ми и од животов. Татко како татко, глеам не сте фанови па ни ја нема да коментирам за таа страна.
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Научив да бидам доследна на самата себе си и на се што правам во животот, да стојам цврсто за секоја донесена одлука без разлика на добрите или лоши последици.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Моиве се дефиниција за јинг и јанг.
Од мајка ми научив колку една личност може да биде силна, макар и цел свет кога би и’ се спротиставил, научив да не чекам да ми се служи на сребрена чинија, туку сама да се борам за она што сакам да го имам/постигнам. Дека една жена сама може и те како од апсолутна нула, да создаде многу, дури и кога упорно и’ газат по жуљот. Да не се откажувам од човечките вредности, да ја ценам длабочината на нечија душа, а не онаа на џебот.
Татко ми пак, баш цврсто ми ја потврди вистинитоста на она дека во животот не ни се потребни оние на кои ние не сме им потребни и дека мад**ата ко физички атрибут, не го прават човека маж.
Од добрата страна пак, благодарение на неговото отсуство, научив сама да се потпирам на себе. Сите лекции кои би требало да ме подучи тој, ги учам сама. Иако во многу ситуации тоа мое неискуство имало лоши резултати, она што сум стекнала ми има непроценливо поголема вредност од “Слушај тато да ти каже...“
Научив и сама да се одбранувам, физички и вербално. На моменти знае да биде дури и многу лошо, ама не е нешто што можам во голема мера да контролирам, таква дефанзива сум створила.
Им благодарам.
Звучам ко состав за второ-одделенче. :D
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
''што си правиш за себе си правиш , што си одбираш за себе си одбираш'' и како да си имам свој живот и да си го сочувам интегритетот и сопствените проблеми да не ги изнесувам јавно и дека никоаш нема да ми се вмешаат во било какви лични размислувања и одлуки...Фала им
 

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
А ова ќе го заборавев иако еднаш ми го имаат речено ама пак...
Аааа знам дека имаше синоќа многу пиено затоа сабајлево одма раствараш шумливи таблети лимони сечиш таму еххх синоќа многу си пиел ми кажа мене Мира те видела ќерка и сте се пијанчеле пак....-_-....
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
научив да го ценам животот и пријателствата во него,да бидам искрена,да не лажам (само помалку хах),да си го заработувам лебот а не да чекам од небо да ми падне некое денарче:D