Што научивме од филмовите?

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Половина брави на светот се отвараат со помош на шнола а другата половина со кредитна.

Колите стартуваат со рандом жици од под воланот...

Германците во ратни филмови знаат да бекнат само раус и шајзе на немачки а гестаповците ги потчукнуваат цигарите, се тресат и се церекаат злобно (епилепсија ваљда)...
Ова со потчукнување цигари го има во многу филмови, обично кај негативци и приватни детективи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Altaïr

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
-Од секоја кеса за пазарување мора да ѕирка багет. Без француско лебче не поминува едно пазарување.
-Нема цајкан во амерички филм шо не јаде крофна на пауза.
-Вентилацијата е најдобро решение да се скриеш од некого, или да преминеш во друг дел од зградата без да те види некој.
-Ајфеловата кула се гледа од секој прозорец во Париз.
-За појадок секогаш се готви јајца со сланина или вафли, и секогаш децата и сопрузите каснуваат по еден залак зашто доцнат на работа/училиште.
- Главниот лик во комедија најчесто е метеоролог и известува за временската прогноза на ТВ. И нема шанси да не се заљуби во својата колешка.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ако некој американец го фатат како прави криминал во мексико одма го носат во темна соба каде што му ставаат сијалица да му свети во фацата, а испотен дебел инспектор со бркови и златен заб почнува да го тепа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Makedonec

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Киднапиран е авион. Киднаперите се секогаш прости луѓе кои само сакаат пари. На авионот секогаш има неколку војници кои баш тогаш се решиле да патуваат и види чудо, го киднапираат авионот и овие добиваат можност да станат херои. Секако тоа нема да се случи бидејќи во некоја чудна пресметка сите војници се ранети и не можат да се движат. Пилотот нормално е веќе долго време мртов, а авионот се управува самиот. И тука на сцена стапува кој друг ако не стјуардесата која е во контакт со војниците цело време ама никој од киднаперите не ја приметил, дека се глупави нели. И сега таа прво се плаши ама во разговор со војниците кои не можат да се движат ќе сфати дека таа е херојот која треба да ги спаси патниците. Ах да, патниците повеќе од 1 саат гледаат во земја, бидејќи така им е кажано. Само некој така поголем мангуп ќе станее во веце да оди ама ќе си добие бокс или нешто друго по забите, и потребата за веце магично исчезнува.
Но да се вратиме на стјуардесата. Како што кажав таа сфаќа дека е херојот, и влегува во пилотската кабина која е празна веќе долго време и баш тогаш на авионот му текнува дека нема пилот и почнува да се урива. Нормално стјуардесата нема никакво знаење од управување со авион но тоа не ја спречува да научи нели. Тука до неа секогаш е некој војник кој се довлечкал на една нога, а едната рака му крвави обилно подолго време но не е проблем, тој има бесконечно количество на крв. И сега војников ја учи стјуардесата како да управува авион, таа внимателно слуша и во рок од 5 минути таа успева да научи како се управува авион. Нормално нема никаков страв иако пред тоа се мочала од страв.
На крајот перфектно успева да го спушти авионот како искусен пилот со безброј слетувања и сите ја поздравуваат. Што се однесува на војниците, тие откако ќе излезат од авионот паѓаат во несвест поради изгубената крв.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider