1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Што му недостасува на форумов?

Дискусија во форумот 'За форумот' започната од Марија, 15 август 2012.

  1. Teddy Picker

    Teddy Picker Староседелец

    Зачленет на:
    15 јуни 2012
    Мислења:
    155
    Допаѓања:
    162
    Aaa немој така па наши сме си. На сите форуми реагираат админите доколку избие кавга, некоја пцовка и понекултурен збор ама за „мрчиме“. Ајде сеа од мравка слон ќе правиме. Тој збор е навлезен веќе во секој муабет и дијалект ;) Се надевам не те навредив тебе и другите членови ама додека повеќето го сметаат овој збор здраво за готово нема потреба да мрчиме околу тоа
     
    На Bum-Bum му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bum-Bum

    Bum-Bum Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    1,125
    Допаѓања:
    1,844
    Добро извини и јас можеби малку претерав...
    Ама многу навреди има по дискусииве..
    Да му се одмили на човек да прокоментира
     
    На redhead и emzzy им се допаѓа ова.
  3. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Кога во темата Јавен форум искоментирав дека нема квалитетни членови за добри дискусии некои „се исфрустирале“ од мислењето, а очигледно не беа еден-двајца туку повеќе ако се земе предвид колку се потпишаа кликнувајќи лајк под мислењата на исфрустрираните.
    Сега, пак, овде истите тие рекоа дека на форумов му фалат сериозни членови со кои би се коментирало и на други теми, а не само на оние во кафе муабети и играчница.
    Сеедно...мислењето може и да се промени, не?;)

    Очигледно е дека форумов е од забавен карактер, но не смееме да го занемариме фактот дека при креирањето администраторите отвориле форуми и за посериозни дискусии како Философија, Психологија, Литература и книжеевност, Уметност, Религија итн.
    Лесно е таму да се отвори тема ако се има доволно познавање од областа, но со кого ќе се коментира?!
    Ретки се членовите чии интереси ги опфаќаат и сериозните теми на форумов. Ретки се тие квалитетните.
    Не е работата јас да отворам одредена тема, да искоментираат двајца-тројца и толку. А реално, овде на форумов ситуацијата е таа.
    Друга работа е тоа што во многу теми се оди претерано многу оф топик што доведува до ситуација која, одстрана гледана, делува како двајца да си прават муабет.. Модераторите и да реагираат членовите се лутат. А така, ништо не се постигнува. Тоа некој мора да го расчисти. Или ако си крив нема љутки или модераторите нека не си ја земаат при срце работава, па нека средуваат разумно.
    Едно време форумов привлече членови, да. Со тие гага книгите. А од тие членови сега ни трага ни глас. Изгледа дека треба поинаква реклама и промоција за да добиеме сериозни, квалитетни и активни членови.
    Јас сум еден од првите членови и на почетокот беше доста подобар од сега. Да продолжеше во таа насока сега немаш да има потреба да се коментира на оваа тема. Но, некако членовите се олабавија, навалија во играчница, во хумор, во кафе муабети и се друго замре. Почнаа да се копираат теми од интернет без притоа да се даде и лично мислење на авторот, почнаа да се копираат и цели колумни итн. и таму некаде опадна квалитетот,а непотребно се зголеми квантитетот.

    Има каде да се дискутира, има за што, нема со кого. Фалат квалитетни членови и тука лежи целиот проблем. Не дека нема такви, има, ама ги мрзи да го приберат мзокот од на пасење и да го активираат да размисли за некоја посериозна тема.
     
    На WomanInRed му/ѝ се допаѓа ова.
  4. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    На форумов не му фали скоро ништо.
    Си има теми такви какви што членовите си отвараат.
    Има кавги,има љубов,има играчница,кафе муабети,музика,хороскопи,вести на денот,колумни,психологија,уметност.....се си има.(за се што ке се створува желба и идеја понатаму,верувам дека и тоа ке го има)
    Да имаше потреба доволно силна за нешто друго веке ке го имаше.
    Секој има слободно да отвара теми какви што душата му има потреба.
    Не ми се допага што се спомнува квалитет и не квалитет.
    Што е тоа што се нарекува квалитет?
    Квалитетна дискусија,неквалитетна дискусија.Глупости(со извинење на израз)
    Ако се мисли на квалитетна дискусија кога некој дискутира со приложување факти тогаш во ред,ама друг квалитет или не квалитет јас не гледам.
    Не велам дека форумов е на завидно ниво,и дека се е тип топ,ама форумот го креираат членовите и модераторите.
    Двајца од оние што спомнуваат квалитет и неквалитет ако им фали квалитет,доволно е да се заангажираат и ако им е кадарен гзот,чуда ке направат.
    Единствено нешто што мене ми смета на форумов се директните навреди на членовите.Но не останувам рамнодушна кога и да ги приметам,па макар и ми се налутил тој што ги упатува врз било кого.
    Не ми се допагаше и она постојано отварање на дупли теми,и вестите на денот,секоја вест како нова тема,ама ете пополека се средува.Тоа не значи дека ке остане засекогаш средено.Пак ке има најверојатно такви периоди.Доколку им смета на членовите,ке си реагираат и пак ке се среди.
    Форумот е едно исто како реалниот живот.
    Форумот не е бајка,за да некој каже дека ако било или ако биде вака и вака ке биде идеално.
    Нема идеално и се цакум пакум средено.
    Па форумов не е лектира веке напишана и да биде постојан и континуиран.
    Секогаш ке има турбуленции и секогаш ке биде онаков каков што ние ке си го направиме,а тоа зависи од нашите моментални потреби.
    Бев најкратка што можам да бидам.:biggrin
     
    На The Tramp, slb_bobo и JaMi им се допаѓа ова.
  5. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Се вртиме во круг зо муабетиве.
    Ама еве ќе се изјаснам. Можеби порано бев малку повеќе огорчен од чамче муабетите, сеа ги пуштам да пловат. Сепак не мора да бидеме Светот на Софија во апсолутно сите теми.
    Сеа следат одговорите стриктно за прашањата:


    Дали мислите дека форумов се развива добро?
    Ептен општо прашање. За развивање, точно оди во некоја траекторија, но субјективно е како би се нарекло тоа развивање. Јас може да мрчам но со мрчењето, а понекогаш и со акција, не може многу да се смени текот на развивањето на форумот. ​
    Дали мислите дека недостасуваат теми за дискусија?
    Да. И секогаш ќе недостасуваат. Затоа ќе нема инвентивност. ​
    Теми од кои области?
    Од секакви. Но најчесто недостасува инвентивноста. Се копираат воведи, крадат туѓи мислења од соседни форуми...
    Дали членовите не се доволно сериозни?
    Не се. Но тоа е повеќе политика на форумот, не мора сериозни одговори да се поставуваат. Понекогаш и хуморот ако погодува во срж а е склопен со два збора, е на место​
    Дали освен за забава форумов го бидува за нешто друго?
    Го бидува. Ако текот на развитокот скршне настрана, може да биде и повеќестран. ​
    Дали привлекува нови членови со самото тоа што не наликува на другите форуми? Или можеби ги брка истите?
    Сметам дека во последно време привлекува итекако внимание. За жал, новозачленетите (некои) ги бркаат постарите. ​
     
    На Legioner му/ѝ се допаѓа ова.
  6. $3Я3|\||)&p&†Y

    $3Я3|\||)&p&†Y Староседелец

    Зачленет на:
    12 мај 2012
    Мислења:
    3,683
    Допаѓања:
    3,863
    Што му недостасува ?
    Ќе бидам краток и јасен, му недостасува личности кои знаат да направат 2 реда муабет, и да не се брукаат со отворени теми и мислења на кои потоа ги нема со години.
    Му требаат личности кои нема да бидат од видот на „ајде да влезам во темава и да ја упропастам со моите офтопици и шизички мислења бла бла“ :)
    Тоа е .. сега за сега.
     
    На emzzy, WomanInRed, Bum-Bum и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. Nightmare_f

    Nightmare_f Истакнат Член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    1,358
    Допаѓања:
    2,204
    му фали приватност коо прво, после треба да се има ред кој е кој , да се има некоја почит спрема нас постарите членови кои со наша помош го развивме овој форум...друго...да има убај теми ко на почетокот коа се отвори форумов...а не сеа кој шо видел на тв или чул на радио и одма ја поставил темата...да не зборам па за копирање теми од други форуми...

    п.с. parvati ти си наркоман и шо сеа, не се правдај :rofl
    да не заборај некна коа делевме иста игла? :giggle
     
    На parvati, Bum-Bum и TIGERWOMAN31SK им се допаѓа ова.
  8. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Најмерче,многу ме интересира за каква приватност станува збор? :)
    Ниедно правило на форумов,ниту една поставеност не ја открива нашата приватност.Бар јас не сум приметила.
    Е сега ако ние самите откриеме нешто на членовите а тие не ја држеле приватноста наша за тоа не ни е крив форумот. :)
    А каква почит треба посебна спрема постарите форумџии?
    Се останато ми е јасно,ова не ми е.Извини што те цитирав ама ме копка.
     
  9. Nightmare_f

    Nightmare_f Истакнат Член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    1,358
    Допаѓања:
    2,204
    сеа ми се обракаш коо модератор или коо "пријателка" (визуелна секако) ?(nod)
    па вака...не е ни битно како ми се обраќаш јас ќе си го кажам моето мислење на ваков или онаков начин...
    шо се тиче приватноста значи милион пати имам прашано и се некој ми одговара ама не ми се вклопуе некако у тоа шо сум прашала...значи коа ќе се каже приватност...се мисли на освен тоа шо никој неможе да ти го види профилот туку и коа чепкаат по теми да не се гледаат ни коментарите...значи ако е само за членови ..само членови да гледаат...а не кој стигне ..небитно дали е гостин или член...
    а нема врска дека на некого нешо сум се истрескала па некој ме оговарал...со тие шо живеам, живеам и во реалноста така да неам такви стравови...

    друго за почитта...значи ако ние постарите тука не се прашуваме за мислење или за било шо па да си одиме?
    да не сметаме на новите членови....и онака брзо се заборава кој го подигна форумот...(не зборам само за мене)
    неможе некој дошол 6 месеци после мене станал модератор и добил рог меѓу веѓите и да се прај ...да не речам шо...

    извини и јас шо те цитирав, ама ме расони пред спање ;)
     
    На redhead, 4FUN, Saladin и уште 1 член му се допаѓа ова.
  10. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    морееее,зошто ваква наапаност (worried) само не ми беше јасно и препрашав
    прашав чисто како член на форумов
    не сум ни модератор а и далеку од визуелнапријателка :)
    јес да се дружиме овде низ форумов по темите,во последно време поретко,но тоа не ни дава релација на непријателство.
    јас барем така не те доживувам
    околу приватноста на профилот мислам дека нема проблеми,јас барем немам.
    ако кај тебе има роблеми баш ми е жал.
    за она за почитта нема да коментирам заради повеке причини а искрено немам ни размислувано.засега не се чувствувам непочитувано од форумов,никој не ми забранил да си искажам мислење на соодветна тема.
    баш напротив можам да кажам дека како нова бев понедобро прифатена,но и за тоа не е виновен цел форум во глобала.
    ако не не прашуваат тоа не значи дека треба да си одиме.
    Извини што те расонив,да знаев дека ти беше надојдена дремката и дека погрешно ке ме претолкуваш,немаше да бидам радознала.
    Убаво да спиеш.
     

Сподели: