1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Што му недостасува на форумов?

Дискусија во форумот 'За форумот' започната од Марија, 15 август 2012.

  1. The Tramp

    The Tramp Филмохолик

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,367
    Допаѓања:
    4,942
    Како прво, браво за темава. Како второ, на кој му фали сериозна дискусија, сериозно нека си седне и нека си дискутира. Гледам ве има повеќе, па ќе си ги кажете своите гледишта на која и да било тема, никој не ве спречува во тоа. Трето - доколку дававме ние модераторите опомени на секој член за секој оф-топик верувале или не дали 5 члена ќе останеа на форумов. Секој ќе го сфати тоа како навреда или не знам што и форумов немаше ни да стигне до 1000 членови. Може малку членови сме активни, ама владее позитивна енергија на форумов и што е најважно се пишува нешто, не е важно на која тема и дали е тоа во играчница или психологија. Четврто - сите се дојдени овде да се релаксираат, да си дадат некое мислење и гледиште на некоја тема, да си стекнат некое ново пријателче, никој не е дојден да се замара со сериозни теми или не? Побогу погледнете ги и другите форуми па споредете. Кајгана може е попопуларен форум, ама постои може 6 години и не е забранета политика, па затоа и има толку многу членови. Сите си ја знаеме ситуацијава во Македонија, секој втор е политичар, затоа ништо чудно што има толку членови. Затоа престанете со хејтање на форумов и дајте му малку време да се развие, а ако сакате да допринесете во неговото развивање кон подобро катче за дискусија седнете и дискутирајте сериозно, а не само да се жалите како немало сериозни членови. ;)
     
    На i_wanna_fly, emzzy, 4FUN и уште 6 други им се допаѓа ова.
  2. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,458
    Допаѓања:
    14,373
    И би сакала да додадам дека најмногу што не ми се допаѓа овде се негативните и мрачните личности,секогаш лошо расположени и секогаш само нешто мрчат...:gjavol
     
    На Scars, 4FUN, parvati и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,656
    Ај ќе одговарам стриктно на прашањата оти вака многу очиња ќе се превртуваат.

    Дали мислите дека форумов се развива добро?
    За развивање се развива, ко за форум што активно пркнал пред пола година, арно е, а дали е на добро или лошо зависи од тоа кој како го сфаќа форумов.

    Дали мислите дека недостасуваат теми за дискусија?
    Не. Недостасуваат членови за дискусија. Постојат многу квалитетни теми од различни области, почнувајќи од уметност, па до психологија, социологија и мистерии, а имаат по 2-3 мислења максимум и фаќаат прашинка што поради недоволна информираност во наведената област, што од мрза да се активираат мозочните ќелии и да се пише нешто логично.

    Теми од кои области?
    За теми не знам, ама подфорумон „Наука“ со исклучок на географија, мака ми е што го гледам полупразен.

    Дали членовите не се доволно сериозни?
    Е не с(м)е богами. А не ни очекувам сериозност во кафе-муабети и играчница. Ниту пак во „теми“ копирани од Википедија или „научниците велат“ статија.

    Дали освен за забава форумов го бидува за нешто друго?
    Ко форум го бидува, туку од членовите зависи. Па сега Боже мој, ако некој не сака или не го бива да дискутира посериозно, не е ничија вина и никој не може да го натера да го прави спротивното.

    Дали привлекува нови членови со самото тоа што не наликува на другите форуми? Или можеби ги брка истите?
    Мене па и не ми е нешто поразличен. Многу членови што се по други форуми ги има и тука, размислувањата и ставовите им се тие, интересите се тие. Разликата е тоа што форумов е пресен, па нема толку простор за помасовна дискусија.
    А дали привлекува или брка исто зависи од интересите на членовите. Ако е некој дојден за дискусија, а наиде на сеирење и несериозност, ќе го снема полека. Исто важи и обратно, ако е некој за забава, а повеќето дискутираат сериозно, ќе види членов дека не му одговара и ќе си оди.

    А да, само фали поадекватна администрација. Не да се сменат членовите, туку да си ги сменат навиките.
     
    На Saladin, LadyInPink, Bum-Bum и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. Lady*

    Lady* Староседелец

    Зачленет на:
    1 април 2012
    Мислења:
    1,965
    Допаѓања:
    6,161
    Дали мислите дека форумов се развива добро?
    Времето ќе покаже..:D
    Дали мислите дека недостасуваат теми за дискусија?
    Има доволно теми за сите расположени за дискусија, доволно теми за секој да се пронајде во омилената област и да дискутира..
    Дали членовите не се доволно сериозни?
    Не сме..се се сведува на шала, во споредба со другите форуми сериозноста е нула..
    Дали освен за забава форумов го бидува за нешто друго?
    Мислам дека не ..
    Дали привлекува нови членови со самото тоа што не наликува на другите форуми? Или можеби ги брка истите?
    Можеби привлекува за ден-два, околу 40 членови активни од можни 1600..
     
    На Bum-Bum му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Coelho

    Coelho Староседелец

    Зачленет на:
    2 април 2012
    Мислења:
    286
    Допаѓања:
    493
    Дали мислите дека форумов се развива добро?

    Не сум бил доволно време присутен на форумов за да можам да споредам каков бил тогаш и каков е сега, па да коментирам дали има некој напредок или промени. Впрочем мислам дека и самиот форум е прилично млад, но, според мене, e на добар пат.

    Па дури и самите скандалчиња и драмички што се појавуваат од време на време се добри за да имаме малку возбуда на форумов.

    Дали мислите дека недостасуваат теми за дискусија?

    Не, мислам дека не недостасуваат теми. А доколку на некој му недостасува тема што него би го интересирала - многу лесно може нова да отвори. И така многу членови веќе тоа го прават.

    Дали членовите се доволно сериозни?

    За тие што сакаат да бидат сериозни има сериозни теми и дискусии, па слободно може да се вклучат. Само често во дискусиите навлегуваат само-декларирани "тролови" и мангупи, па малку ги уништуваат со цел да бидат смешни и да ќарат лајк или два.

    Дали освен за забава форумов го бидува за нешто друго?

    Го бидува и за други работи.

    Дали привлекува нови членови со самото тоа што не наликува на другите форуми? Или можеби ги брка истите?

    Можеби не е како другите форуми (иако, искрено, не посетувам други македонски форуми), но не верувам дека е до толку различен.

    Сепак, можно е да привлече или да одбие некој потенцијален член - зависи од тоа што тој потенцијален член бара и во која тема прво ќе се најде.

    Ако дојде до разните интересни теми и разговори од "Живот", "Забава", "Култура и Уметност" и слично можно е да се чувствува многу добродојдено и да се зачлени.

    Или можно е да зацапа во некоја тема со тролчиња и шегобијци и да одбере да немора секојдневно да ги чита нивните глупости.
     
    На Scars му/ѝ се допаѓа ова.
  6. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    на овј форум ако имаш луду смислу за хумор и ако не си озбиљан, готово, наркоман си и крадеш и л'жеш и буве под мишке имаш
    ако не дискутираш у озбиљно теме, готово тролаш ти по форум
    а некој е премного озбиљан и мрчи у сфаку тему и Браво ! цар си, паметан си, мноо те сакамо бејбеееее
    ништо не му фали на форум, сфе си океј, мада порано беше лаф хепинез
    ск се караф на сфи стране како пијанице по кафане
    на крај краева пукнаја ми кој што мисли за мене, лошу слику сам праија што пишују на дијалект
    епа јебига, игнорирај ме
    поздраф.....нели : ) нездраф
     
    На 990Freak, i_wanna_fly, ipopovski и уште 6 други им се допаѓа ова.
  7. cakar_ulav

    cakar_ulav Староседелец

    Зачленет на:
    20 февруари 2012
    Мислења:
    1,566
    Допаѓања:
    1,926
    ја мислам дека на форумов му треба сериозни луѓе шо би ги сватиле темите како шо треба
    и да нема дијалектичен јазик да пишеме како шо се пише
    да се разбериме сите :)
    иии да....му фали добра дискусија на добри теми
    а не бош теми шо се отвараат и имаат по 2-3 поста....и така дремат....
    и се отвараат по 10-20 теми дневно...
    такада мое мислење е да се среде форумот и да се оде по правилата најдобро ке биде :)
     
    На Nightmare_f, Coelho, WomanInRed и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. Bum-Bum

    Bum-Bum Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    1,125
    Допаѓања:
    1,844
    Епа ајде и јас да се надоврзам на сето ова... :)
    Форумов кога јас дојдов почетокот на март ми беше многу по добро место па и за забава и за озбилни теми...
    Старите членови кои јас тогаш ги среќавав мислам дека беа многу по озбилни и можеа да дискутираат на различни теми....
    Модераторите беа многу по активни ;)
    Форумот делуваше многу надежно..
    Но одеднаш се некако падна..Се растури...верувајте повеќе не ми е воопшто интересен..
    Порано едвај чекав да дојдам и да се пуштам тука...
    Сега сите теми се преполни со офф,секој ди прави што сака...кој се кара кој си збори што му душа сака.
    Има правила..мислам дека треба да се почитуваат...
    Знам дека на почетокот само парвати беше член кој зборува на дијалект...ајде него го навикнавме...неможам ни да сватам он а збори литературно но почнаа се повеќе и повеќе членови да го користат дијалектот..
    Јас знам дека дијалектот е богатството на еден народ но не му е место на форумот..Имаме стандарден литератутрен македонски јазик кој треба да го користиме во вакви места каде што има луѓе од различни краеви ;)

    Исто така многуу ми смета ставањето глупави теми...
    Бирајте што се поставува како тема...јас разбирам дека неможеме ние да измислиме нови теми меѓутоа наместо да отварасте нови теми кометирајте во веќе постоечките ;)
    И уште нешто што многу ме неривра е...
    На секоја нова тема иако јас разбирам дека е глупава немора да го има она (facepalm) и исмејување...
    Ако не ти се допаѓа заобиколија и готво..
    Нема потреба од навреди...
    Си има модератори ке си превземат мерки со оние кои поставуваат глупави теми ;)

    Значи краен заклучок е дека се потребни повеќе озбилни членови спремни за дискусија на сите теми..а не само во играчница и кафе моабети...
     
    На The_Mayor, Coelho, emzzy и уште 4 други им се допаѓа ова.
  9. Teddy Picker

    Teddy Picker Староседелец

    Зачленет на:
    15 јуни 2012
    Мислења:
    155
    Допаѓања:
    162
    Престанете да мрчите за сериозни теми и сериозни ликови. Секој форум почнува првин со забава и дружење меѓу членовите, а после полека полека се додаваат теми во сите области и ќе се изненадите од тие што највеќе ви изгледале дека се дојдени само за забава, токму тие може да ви развијат сериозна дискусија за да си го помачите умот и да барате соодветен одговор
     
    На parvati, WomanInRed и melpomena им се допаѓа ова.
  10. Bum-Bum

    Bum-Bum Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    1,125
    Допаѓања:
    1,844
    Ама проблемот е во тоа што до сега го имаше тоа а веќе го нема..
    А и воедно па не сме веќе нов форум еве јас сум од март тоа се веќе 6 месеци...
    Зарем сеуште не сме се запознале :)
    Ти си нов член меѓутоа повеќето не се :)

    И не мрчиме туку дискутираме...како да се подобри овој форум..
    Значи дискусија,она што му фали на форумот...
    А од такви како тебе кои користат термини со кои може некој многу лесно да се навреди се откажува од тоа да го пише своето мислење и да дискутира на одредена тема ;)

    Значи модераторот сега треба да испрати опомена...За нареден пат да пише дискутираме а не мрчиме...
    Одговори на темата кажи си го своето мислење но не коментирај кој што пишува
     
    На Nightmare_f и parvati им се допаѓа ова.

Сподели: