Што мислите, какво е потеклото на Македонците?

Статус
Затворена за нови мислења.

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
...како и на сите останати живи битија, потеклото е органско.
Копањето по темните понори на историјата со цел луѓето да си дадат вредност на самите себе е самоизмама. Општествено прифатена, но сепак измама.
Колку треба човек да нема индивидуален идентитет до таа мера за да се поистоветува со истории во кои ниту учестувувал ниту бил присутен? Кои немаат никакво влијание на квалитетот на неговиот живот? Да е во судир со други групи луѓе кои патат од иста самоизмама?
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

Со други зборови велиш воопшто да не се изучува историјата како предмет?

Еве хипотетичко прашање - што ако се повтори таа историја поради несакањето а подоцна и заборавањето за случките порано што се случиле? Како што вика и цитатов - “Those who don't know history are doomed to repeat it.” Edmund Burke
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Со други зборови велиш воопшто да не се изучува историјата како предмет?

Еве хипотетичко прашање - што ако се повтори таа историја поради несакањето а подоцна и заборавањето за случките порано што се случиле? Како што вика и цитатов - “Those who don't know history are doomed to repeat it.”Edmund Burke

Секако дека е корисно да се изучува, воената, технолошката, економската и социјалната историја се поучни и би можеле да се вклопат во цитатот за проклетството на повторувањето.
Проблемот е кога историјата преминува во митоманија, кога се прават паралели преку илјадници години и илјадници километри за да некоја група на луѓе која живее денес се идентификува со наводното славно минато. Тој проблем подоцна преминува во национализам. Таа митоманија обично служи за постигнување на кохезија во рамките на една држава и за остварување на интерес на економски моќната класа во една држава, не мора да се оди подалеку од Балканот и да се споменат сите држави каде главниот дел на популацијата е убедена дека живеат во минимизирана верзија на нивната `природна` држава, односно дека некој нешто им должи од соседите. Ако се земат само последните 25 години и случувањата ќе стане јасна опасноста од историската митоманија. Или последните 100 години, уште полошо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Антички македонци или словени?

Вака поставено, кофигурирано и формулирано, прашањето е смешно онолку колку што сме сите ние (Македоните) неиформирани.

Ние Македонците, сме првично потомци на Античките Македонци, потоа сме и со Словенско потекло.

Не можеш да прашаш што сме ние, затоа што кога словените пристигнале во Македонија во 6 век, тука веќе имало староседалци и постоечки народ.

Друга работа, што се однесува до словените, очигледно не знаеш дека таа теза (ТЕЗА - научно не е докажано. Како што е ТЕЗА на Дарвин дека сме постанале од Мајмуни, како што е теза дека има или нема вонземски свет) ја пуштил во промет Швабата Густав Дројсен во 18 век. Неговата теза е сама по себе контрадикторна, зашто на ова наше подрачје има „Словенски“ артефакти кои датираат од 2, 3 век.

Во Русија (и на Факултетите по историја) се учи дека Русите се дојдени од зад Карпатите, што од нивна страна гледано Балканот. Црногорски Монах во своите мемоари има напишано дека голема маса народ се преселува од југ кон север.

Дали ти мислиш дека Словените (Номадско Племе) било толку моќно да ја порази Византија и да ја насели и асимилира така лесно?

Што значи, ние сме Антички Македонци.

Учете историја браќа и сестри, заради нашата неедуцираност сме дојдени до ова дереџе.
This.
Претпоставувам и некој денешен жител на Каиро би можел да се гордее со славното минато,некој Ибрахим од некој slum=Имхотеп.
Ние,нас,нашето...
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Многу е страшно кога црвот на едно битување гриза директно во сомнежот на коренот.
Уште пострашно кога тој сомнеж ги снебитува самите дрвја, чии плодови не ја признаваат сопствената почва каде што вирее коренот.

Мачно и горко ми е на душата кога некои персони, со сместени дебели задници во фотељи плукаат во креирањето на античко патриотско чувство.
Кога држат предавања за нашите наводни вистински никулци.
Бљак!
Продадени, ситни души...

Пред вистината и Боговите молчат.
Македонски е поим кој ја опишува целокупната моја и на мојот народ суштина на живеење..од Александар до денес.
Нека пукнат душманите!

Историскиот континуитет е измислица. Тоа што е популарна по целиот свет (пример, Кралот Артур=британски јунак, Будика=британска хероина) не ја прави помала измислица.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Науките (посебно општествените) секогаш биле орудие/непресушен извор за потпалување на големи маси. Психолошки човекот кога е манипулиран емоционално (дали преку фамилија, пријател, идеологија) - во корелација на некаква припадност, спремен е да направи се`. А тоа е затоа што човекот како единка не може да опстане и да еволуира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Науките (посебно општествените) секогаш биле орудие/непресушен извор за потпалување на големи маси. Психолошки човекот кога е манипулиран емоционално (дали преку фамилија, пријател, идеологија) - во корелација на некаква припадност, спремен е да направи се`. А тоа е затоа што човекот како единка не може да опстане и да еволуира.

Не значи дека ако човекот не се доживува како дел од група со замислено историско наследство нема да еволуира или опстане. Напротив, ако земат технолошките иновации и изуми кои го придвижуваат човештвото напред ќе се види дека немаат врска со никакво чувство за замислена колективна припадност. Опстанокот од друга страна исто не зависи од таа припадност. Може да го снема колективниот мит или да снема одредена држава од историјата, но тоа е веќе друг проблем. Државите се флуктуирачки процес, се појавуваат и згаснуваат, којзнае колку илјадници држави кои некогаш постоеле - денес не постојат.
Па дури има и држави како Аргентина или Австралија кои не претендираат на историски континуитет.
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Историскиот континуитет е измислица. Тоа што е популарна по целиот свет (пример, Кралот Артур=британски јунак, Будика=британска хероина) не ја прави помала измислица.
Според твојава констатација, имам доем дека сите ние живееме во некоја бајковидна романса што ја создава еден дебел, зелен вонземјанин додека закиснува јамболии во када...
Да, ние сите, значи глобално сме само дел од фантазијата на некое вонземско битие, без историја, без корени, голи и боси, оставени на милост и немилост на способноста за творење на неговиот зелен ум.
Ок.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Според твојава констатација, имам доем дека сите ние живееме во некоја бајковидна романса што ја создава еден дебел, зелен вонземјанин додека закиснува јамболии во када...
Да, ние сите, значи глобално сме само дел од фантазијата на некое вонземско битие, без историја, без корени, голи и боси, оставени на милост и немилост на способноста за творење на неговиот зелен ум.
Ок.

Вонземјани,кади,јамболии?!
ЛСД-25?
Потребен е сериозен напор на полето на имагинацијата за било која група која денес се нарекува етникум да полага право на наследство на нешто што се случувало пред неколку илјади години. Артур (ако воопшто постоел) нема никаква врска со денешна Британија, Цезар или Октавијан имаат врска со некој денешен Џузепе колку што има некој ирачанец со Ур, што значи никаква.
Ова е тема која е подложна на емоции, секој обид за било каква објективност се доживува како напад на колективниот идентитет со кој се идентификува соговорникот.

Кога сме веќе кај корени и дрва, еве нешто во таа насока :D

Атлантида - колевка на македонската цивилизација
http://www.mn.mk/komentari/6615
 
Статус
Затворена за нови мислења.