Што кога едниот партнер работи во друг град?

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Како мине времето секој сака да изгради подобра иднина. Но што кога си во врска, а едниот партнер заминува да работи во друг град?
Јас моментално поминувам низ истава ситуација, и делува страшно: Дали врската би успеала, или дали тој успех на работно поле ќе ги зближи партнерите или ќе ги оддалечи?
Еден куп прашања поминуваат низ главата, и еден куп емоции се истураат. Дали вие сте биле во иста ситуација? Доколку сте биле како сте се соочиле со предизвикот? Или ако не сте биле како би се соочиле?
 
$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Хм, не знам дали се важи,ама јас сум на факултет во друг град. Си одам двапати месечно во мојот град. Со девојка ми сме веќе година ипол заедно, и сега за сега не ни претставува никаков проблем, едноставно се навикнавме на тоа. Не сум воопшто љубоморен и не се плашам дали е (би) заминала со друг. Едноставно верувам во неа, и таа во мене. Врската за тие година ипол си се одвива одлично, и планираме така да си продолжи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
лично искуство немам но имам видено како тоа функционира кај моја другарка
на почетокот постои она чувство на далечина но ако си верувате и се сакате и во друга држава да е пак ќе бидете заедно
на тој начин функционираат 2 години колку што се во врска и одлично им оди
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Целата ситуација е индивидуална...
Има парови кои се гледаат буквално секој ден и се цело време заедно...Нив секако потешко би им паднала целата ситуација и потешко би ја прифатиле и би се носеле со истата...Мада ако се работи за сериозна врска која планира да остане заедно и во иднина и врската да продолжи со брак, тогаш треба да се биде силен и да се прифати ситуацијата зашто нели е за доброто на двајцата (се разбира ако работното место е добро платено и ако е сигурно)..
А има и парови кои не се нон стоп заедно туку се гледале 3-4 пати неделно (некои и помалку) и тие полесно се соочуваат со ваква ситуација...
Секоја одалеченост од партнерот (без разлика дали се работи за работа или факултет) не значи крај на врската...и не треба да се појавуваат сомнежи за неверство...напротив, треба да се искористи одалеченоста максимално за дружење со другарки, пријатели, па и роднини...да се посветиш на она кое ти го правиш или работиш (на учење и сл.)...Зашто неверството може да се случи и кога партнерот е тука...
Така, поретките средби мислам дека ќе ви бидат многу попријатни, пострасни, поблиски...
Ќе имате толку многу да си кажете и да си дадете еден на друг...
Емоциите и страста кои ќе се акумулираат одредено време во моментот кога ќе се видите ќе кулминираат...а тоа е непроценливо...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi, malo and Outrider

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Па добро со тек на времето ќе се покаже дали сте еден за друг,сфати го ова како тест период кој треба да го поминете.
Доколку издржите и вашата љубов се зајакне, ќе бидете повторно еден до друг. :)
 
Licno taa

Староседелец
28 јануари 2013
59
50
1,028
Доколку сте еден за друг, и љубовта Ви е искрена, врската ќе опстои колку и да сте далеку. Ќе бидеш скептик и ќе бидеш под сомнеж подолго време, со оглед на тоа дека има неморал околу нас премногу. Но несмееш да ослонуваш на „добронамерното“ советување од другарки. Љуботва која си ја имала од љубениот треба да не се промени. Доколку почнат чести изговори од типот: извини неможев да се јавам многу имав работа, сум заспал не го слушнав телефонот, или се служи со изговори кој не биле својствени на него - Преземи мерки или откажисе од него. Неверството лесно може да се препознае, осети, но никогаш ама НИКОГАШ не смее да се прости.
 
А бе има една клише реченица...Никогаш не вели никогаш...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Licno taa

Староседелец
28 јануари 2013
59
50
1,028
А бе има една клише реченица...Никогаш не вели никогаш...

Да ама и една друга: Слушај паталецоа ке го повтори , не слушај гаталец.

Тој што еднш ќ еизневери, и побара прошка, ЗНАј дека за кратко пак ќе го направи истото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Метаморф

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Да ама и една друга: Слушај паталецоа ке го повтори , не слушај гаталец.

Тој што еднш ќ еизневери, и побара прошка, ЗНАј дека за кратко пак ќе го направи истото.
Види, во односите помеѓу двајца ништо не е и никогаш не може да биде црно и бело, зашто се инволвирани емоции...
Има еден цел низ на фактори кои влијаат на невреството....
Не го оправдивам неверството, да не бидам погрешно сфатена, ама и за неверството имаат удел двајцата партнери...
Особено кога станува збор за долгорочна сериозна врска или брак...
Јас на пример би се запрашала, што е тоа што го навело да ме изневери? Каде потфрлив?
Не секое неверство е хир, некогаш луѓето бараат нешто што им недостига од партнерот кој го сакаат...
Луѓето се менуваат, им се менуваат навиките, престануваат да се трудат околу партнерот, го земаат здраво за готово и потоа се случуваат такви испади како неверството...Иако има многу пострашни работи од неверството...
 
corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073

ги испомешавте работите,па има тема неверство,од работа во друг град...неверство
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja