Што знаете за филозофијата?

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Ме интересира, што вие знаете за Филозофијата освен дека е предмет? Што изучува, за што е заслужна? :)
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Знам многу работи, го учев во 4 година и ми беше еден од омилените предмети заедно со псигологијата и со музичка и драмска уметност.. Знам дека филозофијата е наука која се занимава со човекот и светот. Таа потекнува од phileo - љубов и од sophia - мудрост, што значи љубов кон мудроста... Питагора прв се нарекол филозоф, а пак Керод прв го употребил зборот филозофија... Правци на кои се дели филозофијата се: матреализмот, идеализмот, солипцизам, релативизам, конвенционализам, функционализам... и уште многу други работи, ова е само увод кон оваа доста интересна општествена наука... што и да ве интересира слободно прашајте, што знам ќе ви одговорам... (hug)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Преку филозофијата се трудиме да ги одговориме основните прашање за постоењето, суштината на животот и причинити за постоењето на човекот, за знаењето и мудроста, вредностите, присутна е во безброј полиња од нашиот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Minella

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Полагав во средно интерно филозофија, па запознаена сум со некои работи :) Филозофијата има повеќе дисиплини, се дели на многу правци, опфаќа многу гледишта. Дискутира за прашања поврзани со човекот, општеството, светот во кој живееме, сознанието до кое доаѓаме, постоењето...
Оваа наука се појавила паралелно со појавата на културата. Имено, во превод името би дошло како љубов кон науката. Сознанијата до кои доаѓаат оддлени филозофи имаат ако може да се каже општо значење зашто нив ги користиме сите и често има навраќање на сознанијта до кои се дошло порано, т.е. одредени ставови идеи, резултати од претходни периоди повторно и повеќекратно се актуелизираат


За филозофијата знам дека ништо не знам... :D
Ова е сократ :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Minella and UnFleur

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Филозофија е начин... Филозофија е систем.... Филозофика е пат.... Нема зборови што може да ја дообјаснат. Нема ни поистоветување со некоја наука. Бидејќи филозофијата не е наука. Но е дериват за науките.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin, Emma.T and She

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Таа е филозфирање, расправање, манијакално анализирање за оние кои вистински ја почитуваат. Заслужна за дел од менталниот склоп на дел од генерациите после Талес, Платон, Аристотел...Шопенхауер, Хегел, Кант, Мухиќ :)
Да не бил рационализмот, да не претпоставувале античките филозофи за составот на душата, на вселената, да не му дале отров на Сократ, немало ниту Адам Смит да расправа за економија ниту Јустјен Гордер да ја напише "Светот на Софија".

Според мене, филозофирањето е одмарање на душата. Секако, треба да го имаш вистинскиот човек покрај себе за тоа, не можеш на секој циник да му разврзеш анализа на светот и како тоа ти си излегол одамна од пештерата, додека тој останува во неа вечно, свртен кон ѕидот и веројатно мечтае да го види сонцето, да излезе од сенката која цврсто му ги врзала рацете и го стега секојдневно, потопувајќи го во сопствената мизерија.