Што е тоа чист воздух?

Devil`s Octave

Нов член
10 јануари 2016
5
2
3
42
Чист воздух ќе има........ако на Коцета не му текни да дувни малце од Водно навака.......можи ќе ја истера маглава ебаго
 

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Како и секогаш, можеме да се пофалиме дека во нешто сме први во светот, во тоа дека позагаден град од Скопје нема, секој што сака да добие некаква болест може слободно да дојде тука.

Нормално се ова немаше да е така доколку не беа тие скришни сечења на којзнае колку дрва до сега.
Какви се тие скришни сечења? Тие се на пример како ова http://vesti.mk/read/news/7353920/2...-nokjeska-isecheni-47-drvja-vo-parkot-na-ukim

Ноќе кога шетаат само пијаници, си доаѓаат најнормално луѓето и сечат се по ред, за да се има место.
Не е прв пат секако, безброј пати вака скришно си сечат, можеби и не користат моторни пили за да не се слуша, со секири како на цртанине.

Изговорот е ретардиран како и секогаш, стари биле дрвата. Да, цело Водно беше старо па затоа мораше да се исече, што убав пат има сега ехее. Така и овие, стари биле ќе паднеле самите.
Ова да го кажат и да го направат можат само луди луѓе. Прашањето е, дали има крај на ова лудило?

Темава нека биде општо за загадувањето. :)
Дефинитивно стоп нема туку ке се влоши технологијата се зголемува научниците се се понаучни фабрики колии тоа е прашањето е дали дрвјата ќе го издржат тоа мачење ?
 

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Какво време дојде, боже, боже, дишењето да те убива(facepalm)
Загаденоста на воздухот отиде над сите можни граници, болниците се полни, канцерот на бели дробови и на грло се искачува на врвот на ранг листата на болести.
Треба ли да се приклучиме на боци со кислород!?
Јасно е само едно, решение нема.
Јас си купив маска за заштита од зегин, незнам навистина колку вреди, но мислам дека барем малку ќе го прочисти виздухот што го дишам додека одам и се враќам на работа.
Имате ли вие вакви заштитни маски, што мислите за нив, предложите некој добар ефикасен модел, цена идр.