Што е тоа чист воздух?

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
@Altaïr не сум сигурен дали постои некоја официјална статистика, ама мислам дека неофицијално Тетово е прогласен за најзагаден.
Штo знaм, јaс преднoст му дaвaм нa Скoпје зaрaди тoa штo кaжaв, згрaди и сличнo. Имaм живеенo и вo Тетoвo и вo центaр нa Скoпје и секoгaш сум oсеќaл декa е пoзaгaденo вo Скoпје. Мoжнo е и дa грешaм aмa сепaк и двaтa грaдa се зa никaде, нaјпрвo зaрaди сечењетo нa дрвaтa пa се пoнaтaму.
 
Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Вчера одев на Наковална( тоа е инаку карпа на Маркови Кули која оддалеку личи на наковална). Некаде кај економскиот факултет околу 11:30 наутро се враќав, таква смрдеа никогаш не сум почувствувал. Магла немаше многу, ама чадот од куќите каде што се греат на дрва...
Добро е што Прилеп не е толку загаден како Тетово или Битола. Намерно не го споменувам Скопје, бидејќи е каде- каде поголем од Прилеп.
Р. Ѕ. Овде можете да ја видите моменталната состојба(всушност на неколку часа се ажурираат податоците) на загадувањето на воздухот. Каде што има мерни станици.
 
Не горат дрва штом смрди. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Скопје од мајка е згрешено, како плод со аномалија, имаше една легенда за Лима во Перу мислам дека индиосите се чуделе на паметот нездрав на шпанскиве колонисти кога почнале да градат град таму и само ги тапшале по рамо демек ептен `јако` местенце сте избрале за градење...
Не само шо е згрешено а генерал Пиколомини имал најдобри намери :kafe него и во комунизмот се исрале со форсирањето на архитектура и планови на јапански архитекти за футуристички центар накалемен на касаба, заедно со преселбите село-град и чукање индустрија во градот, за да последна мува на говното биде транзицијата и на крај пастиризмот со масакрирањето на градот.
Секој град си има специфики према местоположба, околен рељеф и клима, некаде греење со дрва не би било толку проблем, некаде колите не би биле толку проблем со оглед на број на жители арно ама во скопје секој подолг прдеж од 0,6 секунди се задржува, нема проветрување, фејл локација е, тоа е... и така ќе си станува загаден колку и кинески компани-таун ужаси со 10 милиони раја и тешки индустрии...
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy

Не е баш фејл локација ако гледаме неговото историско настанување наназад.
Турците биле со тро акал повеќе што не пробувале да го населуваат делот накај лисиче и аеродром, бидејќи тој дел е најлош за живеење ради циркулација на воздух. Затоа биле мудри па го терале накај Сарај и Чаир. Денешното централно градско подрачје до 19ти век голем дел потпаѓало во ниви, освен делот кај плоштадот и евентуално стара железничка станица за накај Водњанска. Во 20тиот век тро повеќе се проширил а особено пред земојтресот во 50тите каде се кренати оние згради од 2-3 спрата и „егејкине“ кај Железничка населба и дебар маало. Истото важи и за зградите кај 50та дивизија и оние врз кои денес почива ГТЦ, како и оние „жолти згради кај зеленото пазарче итн. Поземојтресно Скопје имаше добар концепт кој се` разбира од скромен менталитет на пастири поставени во локална власт го доведе до крајна кулминација на посткомунистички профитери кои си располагаа со земјиштето како сакаат и умеат. Се згусна градот ненормално, во 70тите е изграден Аеродром и модернизирани се одредени вонградски населби кои подоцна се припоени кон главниот град. Прашање беше на ден кога некој ќе ја зграбеше диригентската палка и ќе почнеше да го урива и она малку традиција во овој град. Скроз одлетав од темата, но неписливо е колку повеќе штета му се има направено на Скопје во овие последни 10 години. Зеленилото е десеткратно намалено (цели зелени површини се претворени во неколкукатни зданија“, паркот е прашање на ден кога ќе претрпи урбанизација (со реконструкција и проширување на луна паркот), да не спомнувам за Водно...
@existence е во право кога станува збор за одредени градови кои трпат огромно загадување, но мислам кај нив има многу полесно решение кое за жал локалната власт го прогледува низ прсти поради лапање на мито на одредени бизнис корпорации кои не сакаат да дадат денар за прочистителни станици, филтри итн.
Што се тиче пак за Скопската ситуација, најголем проблем после ускратување на зелениот простор е зголемениот сообраќај, за тек на крај дојдат индустриските капацитети. Во глобала и нема некоја промена во овие 30 години за растеж на индустријата), освен можеби потребата да се воведат станици за прочистување. „Но за тоа е потребно многу истражувања и капитал, а сепак нели е полесно да се потплати само локалната власт да замижи пред основните потреби на секој човек кој живее во овој урбан простор“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and The Tramp

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ау сабајлево беше гасна комора. Се осеќав како да сум во логор и ми пуштиле гас. Мрдната работа.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Колку и дали воопшто че помогне протестот во Тетово?
Па ете го затворија Југохром на некое време, ќе видиме што ќе биде со воздухот.
Џабе е и протест, многу им е гајле ако протестира некој.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Да,ако нив не им е гајле,ако некој со алергија на пример во таков град..решение за тие луѓе какво?