Што е тоа чист воздух?

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Како и секогаш, можеме да се пофалиме дека во нешто сме први во светот, во тоа дека позагаден град од Скопје нема, секој што сака да добие некаква болест може слободно да дојде тука.

Нормално се ова немаше да е така доколку не беа тие скришни сечења на којзнае колку дрва до сега.
Какви се тие скришни сечења? Тие се на пример како ова http://vesti.mk/read/news/7353920/2...-nokjeska-isecheni-47-drvja-vo-parkot-na-ukim

Ноќе кога шетаат само пијаници, си доаѓаат најнормално луѓето и сечат се по ред, за да се има место.
Не е прв пат секако, безброј пати вака скришно си сечат, можеби и не користат моторни пили за да не се слуша, со секири како на цртанине.

Изговорот е ретардиран како и секогаш, стари биле дрвата. Да, цело Водно беше старо па затоа мораше да се исече, што убав пат има сега ехее. Така и овие, стари биле ќе паднеле самите.
Ова да го кажат и да го направат можат само луди луѓе. Прашањето е, дали има крај на ова лудило?

Темава нека биде општо за загадувањето. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner, Outrider and malo

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Абе мислите си вие дека во Скопје е најзагаден воздухот. Тоа што нема по другите места кој да измери загадување и тоа што до пред 5 години никој не ни мереше загадување ви дава таква слика. Појдете по некое мало котлинско место каде што сите се греат на дрва и ќе приметите колку е чист воздухот во остатокот од Македонија. А ако мислите дека 300 дрвца по Скопјето го правеле почисто се лажете искрено. За летно време да држат сенка - да, требаат дрвца затоа што Скопје е жежок град летно време особено ради фактот што ветровите се пригушени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: red dragon and Lady*

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Абе мислите си вие дека во Скопје е најзагаден воздухот. Тоа што нема по другите места кој да измери загадување и тоа што до пред 5 години никој не ни мереше загадување ви дава таква слика. Појдете по некое мало котлинско место каде што сите се греат на дрва и ќе приметите колку е чист воздухот во остатокот од Македонија. А ако мислите дека 300 дрвца по Скопјето го правеле почисто се лажете искрено. За летно време да држат сенка - да, требаат дрвца затоа што Скопје е жежок град летно време особено ради фактот што ветровите се пригушени.
абе седи. Наброј ми кои се тие котлински мали градови со загадување од степенот на Скопје, да смрди воздухот и цело време да има смог? Ова со воздухов само од дрвата, м? Богати не сум знаел. А коливе што чадат ли чадат ништо не е. Од греењето на дрва е. И зошто нема загадување во источниот дел и југоисточниот дел каде сите се греат на дрва, а мал дел возат автомобили зашто се ти е на 20 минути максимум пеш? Од греењето на дрвја е сигурно.
Демек од вчера почнаа да чадат оџаците, до пред 5 години никој не знаеше за шпорет на дрва, па немаше смог. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Седам јас еве, не мрдам.
Велес смрди, црнила во марамче наоѓам, тиквешијата да не спомнувам, ако имаш можност помини во септември-октомври кога сите варат ракија и ајвари па ќе видиш што значи да стигниш дома за да си земиш воздух. Кавадарци е иструено од Фени ама никој не го ни спомнува. А југоисток има постојани ветрови кои што го чистат тој дел и затоа не се осеќа толку. Јас не викам дека од пред 5 години се греат сите на дрва туку никој не мерел загадување во помалите места, народот си е навикнат на таков чуреж и никој не реагира оти не ни може да се реагира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Big Berta and Lady*

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Седам јас еве, не мрдам.
Велес смрди, црнила во марамче наоѓам, тиквешијата да не спомнувам, ако имаш можност помини во септември-октомври кога сите варат ракија и ајвари па ќе видиш што значи да стигниш дома за да си земиш воздух. Кавадарци е иструено од Фени ама никој не го ни спомнува. А југоисток има постојани ветрови кои што го чистат тој дел и затоа не се осеќа толку. Јас не викам дека од пред 5 години се греат сите на дрва туку никој не мерел загадување во помалите места, народот си е навикнат на таков чуреж и никој не реагира оти не ни може да се реагира.
Велес, Кавадарци не се мали градови. :zelen
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Ние шо живејме во поголеми градови незнајме шое чист воздух :/
Битола,Тетово и Скопје.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не е проблем ако повеќето се греат на дрва, проблем е што под дрва подразбираат се и сешто. Ретко кој користи баш дрва за греење, а не земал некој искршил креветот и ете ти, некои има и гуми што горат, не се нормални.
Да иначе, не е само Скопје загаден ама не верувам дека има позагаден. Премногу згради и коли има во Скопје, затоа не верувам дека некои од другиве градови се загадени повеќе. Ете на пример може да се каже дека Тетово е тука некаде блиску со Скопје, бев минатата недела и значи буквално не се дише навечер, исто и сабајле, порано кога немаше толку згради беше подобро немаше врска што цел град се грее на дрва, ама сега е ептен забегано. Исто мислам дека е и за Скопје, на пример сега каде што живеам само куќи се и колку толку се дише подобро отколку во град.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Altaïr не сум сигурен дали постои некоја официјална статистика, ама мислам дека неофицијално Тетово е прогласен за најзагаден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Да, да Метрополи се. Едниот одвај 30, другиот 50 илјади жители.
добро бе мајка му стара зошто секогаш умуваш не ми е јасно. Или имаш комплекс на сезнајко. Не може да ги споредуваш со некој си Чикаго, Бостон, Њујорк, Сингапур и не знам ти кој град, ами е направена географска поделба во границите на МК. Во Македонија немаме метропола. Имаме мали, Средни и големи градови. Мали - до 10 или 15 илјади (Валандово, Д. Хисар, Брод, Каменица, Пехчево, Берово...), средни од 10.000 или 15 до 50.000 ( Кавадарци, Неготино, Паланка, Радовиш, Велес), големи над 50.000 (Скопје, Куманово, Тетово..) Не сум сигурен за бројкиве, though. Она со ракијата што мирисала нема врска со загадувањето. Татко ми дома еден казан пече, па во радиус од 1км смрди на комење, а не 100, 200, 1000 казани истовремено. Тогаш ќе ти смрди воздухот, ама не е тоа смог, туку смрдеа.
А струите и ветровите што ги спомна дека го чистеле југоистокот продираат и до Тиквешијата, преку Вардар. Најзначаен е Вардарецот кој дува од Повардарието, односно по долината на реката Вардар, и тоа во зимскиот период (од есен до пролет). Греењето на дрва во ова што го снаоѓа Скопје и поголемите градови е минијатурен придонесувач. Ѓубрето, отпадните води, раскантани коли, фабричките оџаци, тоа ништо не придонесува, греењето на дрва е. Во Тетово не викаш смрди од ѓубриште на секој чекор. Затоа и се поплавуваше, зашто е затрупано во ѓубре, за кое не можат да најдат решение за депонијата со години. Си пошол накај Матка? Сарај смрди од ѓубре. Па после збори било загадено поради греењето со дрвја. И баш ме занима колкав процент од Центарци се грејат на дрва, штом толку од тоа е, а Центар е една од најзагадените општини во Скопје. Сечата на дрвја немала да смени ништо? Да, на 2 дрва може, ама само околу УКИМ биле 50, во Карпош 50, на Водно 150, ваму 50, онаму 100, цела шума.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe