Што е она што е бесплатно?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Богами не е баш така
здравје беспари?
А со пари?
За жал познавам,(уште неможам да напишам само познавав)личност која доста млада а не успеа да си го купи здравјето со пари.
Знам дека си буквалиста,ама по се изгледа јас сум поголем.:unsure
Бесплатен е неговиот поглед,но за мене доволно далеку за да можам да уживам во него.
 

mspasenoski

Староседелец
19 февруари 2013
442
701
1,103
36
Карпош - Влае
Здравјето, љубовта и среќата . Овие три се како свеќи . Ако се изгасне едно од овие тогаш надежта е тука (како четврта свеќа), бидејќи само таа ти останува за да го совладаш проблемот каков и да е . Викаат ако го изгубиш здравјето си изгубил половина, но ако ја изгубиш надежта си изгубил се ! Без разлика што и да е проблемот немој да ја губиш надежта и таа повторно ќе ја запали онаа свеќа која се изгаснала !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mountian and Caci

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Се можам да купам со пари но пријател и здравје никогаш и никаде нема да најдеш.

Хех за пријател не сум јас толку сигурна зошто денес речиси е се од корист,имаш пари сите се со тебе немаш пари никој не те рецка,ретки се оние вистинските.
На темата што е она што е бесплатно?Родителската љубов е бесплатна ;)
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Зборовите се бесплатни, а ние луѓето знаеме често да ги штедиме убавите зборови, нажалост...бесплатна е и љубовта...а и многу други работи кои ни ги дала природата за да ги уживаме....
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
се што е наброено до сега е бесплатно
за мене најважно е здравјето кое сите ние го добиваме бесплатно
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ете да кажеме дека љубовта е бесплатна, но во многу случаи многу скапо ја плаќаш..
Единствено нешто што е бесплатно е воздухот што го дишеме, се друго си има цена и се плаќа порано или подоцна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Rosana