Што е она што е бесплатно?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Што е она што е бесплатно и не кошта ништо?
Постои ли такво нешто?

Мајчинската љубов?
Топла прегратка?
Нечија љубов спрема вас?
Добро утро од комшијата?
Убавиот збор?
Среката?

Дали воопшто постои нешто бесплатно?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and emzzy

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Да постојат многу нешта кои се бесплатни во животов. Радувајќи се на нив тој станува поубав.
Бесплатно е после спиење излегувањето на балкон рано наутро и впивањето на првите сончеви зраци.
Бесплатен е и дождот кој со својот занесен пад те тера да се опуштиш и уживаш.
Бесплатна е љубовта од вашиот домашен миленик.
Бесплатна е љубовта која вие ја подарувате на луѓето околу себе.
Бесплатни се насмевките кои вие ги цртате на своето лице.
Бесплатна е љубовта со која ве храни вашата мајка.
Бесплатна е љубовта родена од едно вистинско другарство.
Бесплатна е љубовта која ве тера да се чувствувате како бог/божица на заљубените срца.
Бесплатна е прошетката која сами ќе си ја дозволите во вашата околина.
Бесплатна е вашата омилена песна.
Бесплатен е танцот кој сами сте научиле да го играте.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Абе бишто не е бесплатно во овој живот.
Се се наплаќа. И трева да почниме да јадиме
и таа ќе почнат да ја наплаќаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner and Aaliyah

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Нема ништо бесплатно,баш ништо.Уште ако може ќе направат и воздухот што го дишеме да се наплаќа.
Се од ден за ден се повеќе и повеќе оди во јабана.